1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кифли

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 6 септември 2010.

  1. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    20180410_154958.jpg

    Највкусни кифлички по рецептот на Аннатх
     
    На mal.ecka, eliesaab, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    дај рецепт без јајца те молам.. ти си ми проверена за кифли :)
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Тоа дома кога ќе одам, да видам дали имам посни рецепти. Мислам дека имам нешто, ама не ме држи за збор.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Ако. Кога ќе.имаш време пушти :)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz бирај, еве три рецепти, последниот ми е најубав, мислам дека го имам пишано тука, ама еве пак

    Се меси тесто од кг брашно, два филџани шеќер, два здробени квасци, лажиче сол и топла вода по потреба. Се кисне, се прават кифлички, се мачкаат со вода и се печат.
    -------------------------------------------------------------------------------------

    Се замесува помеко тесто од 1500г брашно, два киснати квасци, лажица сол, 3 лажици шеќер, шолја и пол масло и млака вода по потреба. Се прават топчиња, а од нив се прават кифлички кои се мачкаат со вода и се печат.
    ------------------------------------------------------

    500гр. брашно
    1 квасец растопен во млака вода, со малце сол, шеќер и брашно
    1,5 лажичка сол
    3 лажици шеќер
    250-300гр варени и блендирани моркови
    150мл масло
    млака вода по потреба

    Се меси тесто (да не се лепи на раце ама да е меко ко за лепче) од се` погоре наведено, и се дели на 2 дела, па секој дел на уште 4.
    Се отвара мала кора од секое делче, се мачка со маргарин одозгора и така се редат сите 4 едно над друго, со маргарин измеѓу нив.
    Се отвара кора со дебелина од пола сантиметар, се сечат шеснаестинки и се вртат кифличките.
    Истово се повторува и со другата половина.
    Кога се готови, се редат во плех (скоро повеќе од 1 плех ќе фати) и одозгора се мачкаат со сенф помешан со вода, се наросуваат со сусам и се оставаат да надојдат 1 саат точно. Се печат во загреана рерна на 180-200 степени.
     
    На Milaаа991, Thallia и LiliBoz им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    направив скриншот фала ти ептен...
    ќе ви пуштам една пита на рецепти мк ја имаше денес и ја направив лудница е...
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Пак ги правам овој пат со помошничка :)
     
    На Annath и LiliBoz им се допаѓа ова.
  8. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    8.931
    Лиснати кифлички најубаво ми испаѓат, а оние другите никако да ги погодам и по многу рецепти имам пробано и ништо. На меко замесени и пак не е тоа тоа. Не мирисаат на кифли туку како на леб и следниот ден се тврди, а додека се топли се убави и меки.
     
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.636
    Допаѓања:
    152.357
    20180924_172135.jpg

    Meki epten
    Recept bez mleko i bez jajca posni
     
    На hermosa, dunika, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.808
    Пол:
    Женски
    Здраво. Прв пат сакам да правам кифли , де рецепт за некое тесто што ќе ми успее. Не за друго ќе имам публика додека ги правам па да не се посрамотам.
     
  11. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.258
    Пол:
    Машки
    Блазе си му на тој среќник што ќе ужива во овие кифлички!
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    Види го прикачениот фајл 448059
    500 мл потопло млеко
    200 мл масло
    1 јајце
    40 гр квасец
    2 лажички сол
    1 лажиче шеќер
    900гр-1 кг брашно
    За премачкување
    1 јајце
    по потреба сусам
    по потреба путер

    Квасецот се раствора со малку млеко, шеќер и брашно.
    Во сад се ставаат млекото, маслото, солта, јајцето, растворениот квасец и со брашното се замесува тесто да биде мазно.
    Се прават топчина (околу 47-50) и се ставаат на намрсена површина.Се зема од првото топче што сте го направиле и се прави кифла.По желба на средината може да се стави и сирење. Се редат на намрсен плех или на хартија.
    Откако ке се направат сите кифли се уклучува рерната да се загрее на 200 степени, се мачкаат со изматено јајце, се наросуваат со сусам и на секоја кифла се става мали парченца путер.
    Се печат околу 20 мин.

    Неколку пати ги имам правено, никад не ми утнале, а тапа сум за во кујна.. На здравје!
     
    На Aneta92 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    8.931
    Имам пробано многу рецепти и никако да ми испаднат како што сакам. Немаат мирис и вкус на кифла туку на леб. Ставам доволно млеко и масло и ги месам на меко и одозгора путер. Стварно не знам во што е тајната на оние убави домашни кифли. Дај кажете ако знаете.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не ме бива за теста а една упорност имам ух.
    Ај да пробам сеа лиснато, дајте некој рецепт за лиснати кифлички:nod:
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Рецептава ја најдов од интернет. Многу се вкусни. Тестото не треба да стасува.

    2 чашки јогурт
    1 чашка зејтин
    1 белка
    3 пецива
    1 лажичка шеќер
    2 лажички сол
    1 лажичка оцет
    7 чашки брашно

    Јогуртот, зејтинот и белката се мешаат со жица за матење. Се додаваат останатите состојки и се замесува тесто. Се вадат топчиња и од секое топче се расукува кора. Се формираат кифлите. Се печат во претходно загреана рерна.

    Јас користев чашки од јогурт. Така пишуваше во рецептата. Тестото е меко и не се лепи за раце. А и кифлите се меки и со стоење неколку дена.
     
  16. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    33.626
    Пол:
    Женски
    И јас денес ги направив кифлите по рецептот на @Annath , навистина премеки и се топат во уста.(y)
    Имам правено кифли претходно и по други рецепти, но дефинитивно овие најмеки и најубави.
    Точно два плеха ми излегоа.
    Еве и слика:)
    D1047A59-5E92-44B8-B022-F6A2CB757BFC.jpeg
     
    На Pacifist, Dadusicka, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. maaitka

    maaitka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    На Pacifist, LivingGlam и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Ме интересира, од кога ќе ги испечете ќифличките што им правите понатаму т.е. со што ги покривате, како ги ладите, кога ги замрзнувате,
    како да останат меки??
     
  19. maaitka

    maaitka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се испечат ги покривам со крпа додека се оладат да бидат млаки и после тоа ги собирам во кеса и ги замрзнувам. Кога ги одмрзнувам ги оставам на собна температура никогаш не ги одмрзнувам во микро бидејќи така само ги суши и после некој саат стануваат тврди а вака се меки исто како тазе печени
     
    На g8lQQk, Tajnaotrovna и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  20. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    3.494
    Со интегрално брашно ако ги правам кифлите @Annath ќе бидат исти како и обичните?