Не сум ги правела со интегрално брашно, па не знам да ти кажам дали ќе ги бива или не. Сум правела крекери, со мешавините што ги има по маркетите на Данубиус, ама со чисто интегрално брашно не.
Ништо... Ќе направам за домашните, а за мене ќе се снајдам, ќе побарам на нет или ако има некој рецепт да сподели.
Одамна немам правено кифлички, сега замесив тесто ама почна да се рони, што се ставаше за да се соедини?
По рецепт правев, бидејќи количински незнам од око што се вика, ставив брашно, квасец, шеќер, сол, зејтин, малку млеко, почна да се рони кога го замесив и потоа му ставив кисело млеко и пак брашно изгледа до брашното било, еве сега чекам да нарасне па ќе пратам слики кога ќе бидат готови.
Да состојките се ок. Зависи од брашното. Е сега малку млеко...ама штом е по рецепт би требало да се усогласени состојките по количина.
Сега добро прочитав...од око јас не редам...точно количински пресметано за количината на брашно што сакам да ја ставам. Ќе ти пратам после еден испробан рецепт ако сакаш
Малку течност? Ако се соединети тестото како што треба, нема зошто да се рони Имај на ум дека секое брашно не впива иста количина течност
Какво брашно користиш? Јас користев само на Жито Лукс или Сентела. Од сите други не можев убаво да ги замесам кифлите. Ми се лепеше тестото.
Ете и горе се дополнив меѓувремено.. Имај на ум дека секое брашно не впива иста количина на течност.. Треба повеќе на осет на се научиш а не по мерки.. Мерките се ОК се додека гледаш дека и тестото е ок.. Ама подобро е на осет
Јас ги правам со вода. На пола литар вода ставам кило брашно. И нема утка со тие видови брашно. Од Воденичар не сум задоволна. Исто и од едно кумановско.