Јас ставам брашно, квасец, млеко, сол, шеќер и к.млеко или јогурт, многу се меки, не се ронат. И масло, заборавив. @mece23 јас не мерам, секогаш од око правам, и зависи од брашното колку прима, прв пат кога направив од прва ми се погодија, поубави ми се кифлите од лебот хаха. Леб не месам, не јадеме, само за Бадник.
Да од брашното најмногу зависи. И јас Жито Лукс и само тоа го користам. Сигурно се има ронето од малце течност. Не сакам напамет да зборвам ама на едно кило млеко, две кила брашно или јас ги редам течните состојки во сад и после брашното дури не добијам меко тесто што нема да се лепи
И јас така правам. Во садот кај што го растопувам квасецот ги додавам брашното, солта и маслото. Со свеж квасец побрзо ми стасува тестото.
Само уште еден трик. Квасецот никогаш да не дојди во контакт со солта. Го забавува стасувањето на тестото. Јас квасецот го додавам откако ќе ставам малце брашно, па продолжувам со остатокот
Не го мешам со сол. Само со шеќер. Како помлада правев утки со солта и квасецот. И нормално, кифлите едвај ги замесував.
Aко, како што пиша членката не секое брашно прима течност, треба на осет, ако се лепи доставам брашно, инаку квасецот го активирам со шеќер и млака вода и ставам брашно некогаш кога нема да заборавам, и без тоа се активира. Епа исто и јас, на пола кило млеко кило брашно, и додавам/одземам, зависи колку течност прима брашното. Едно никакво што земав од локално дуќанче се кинеше тестото, ама го оправив, и беа вкусни и на изглед убави. Важно не се ронеа, беа меки.
Да се реди шеќер за да се замеси квасецот ама треба да се внимава и кога ќе го додадеш квасецот во садот каде што се сите состојки
Да знаеш само какви кифли сум правела во младоста. Тврди... Заби да скршиш. Друго што сум забележала.. Колку е потазе квасецот, толку подобро.
Мажми е пекар и пица мајстор...ќе споделиме повеќе трикови многу работи научив од него...што да се меша заедно а што не...кога да додадеш и колку пециво како помош ако запнеш негде...ехее се
Ако не ти е проблем... Да споделиш рецепт за лиснати кифли. Практикувам да имам повеќе рецепти. Никако да научам како се користи маргаринот.
На такви посни кифли се ренда маргарин врз кора, па се преклопува, па друга кора, и пак се расукуваат, ретко правам посни, со млеко се помеки.
Во лиснатите за да добиеш баш лиснати ко со воздух внатре мора цел маргарин и да постојат во фрижидер одредено време. А и за посните, и во нив влегува доста маргарин. Јас еднаш годишно правам мала количина посни.