1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кичево

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од LittleDevil, 25 август 2011.

  1. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Описот на градот е во спојлер :)
    Местоположба

    Кичево се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместен во Кичевската Котлина, која преставува јасно обликувана природна целина, опколена од сите страни со високи планини. Припаѓа на горното сливно подрачје на реката Треска, на северната страна допира до превојот Стража, на западната страна се издига планината Бистра, на јужната страна по долината на реката Треска се протега до Илинска планина, а на источната страна допира со северниот дел на Порече. Градот Кичево, како урбан центар, се наоѓа на надморска височина од 625-650 метри. Останатите населени места се наоѓаат на надморска височина од 600 до над 1000 метри.
    Што се однесува до површината, Кичево покрива најмал дел во споредба со другите општини, односно 49 км2, што претставува 5,9% од вкупната површина во кичевската котлина. Според бројот на жители, Кичево е најголема општина, со 52,5% од вкупниот број на жители во регионот.

    Историја на Кичево

    Кичево како населба е првпат споменато под името Ускана во времето на владеењето на Античкиот Македонски владетеле Персеј, градот имал значајна улога во Македонско - Римските војни (170-169 г.п.н.е.). Подоцна во 1018 година градот е споменат под името Кичавис во документите на тогашниот Византиски владетел Василиј II.Во средниот век споменатите територии потпаѓаат под средновековната Српска Држава, што се потврдува со даровницата на Кралот Милутин кој во 1294 го опсипал со подароци манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино. Кичево и Кичевско потпаѓаат под турска власт кон крајот на четиринаесетиот век. По освојувањето, градот бил претворенвоен и а дминистративен центар. Со се' поголемиот прилив на странски капитал кон крајот на деветнаесетиот век, турската империја пројавила интерес за експлатација на рудните богатства во овој регион, особено за бакарот и манганот, а во градот се започнало со градителски и комунален развој. Во подножјето на Кичевското Кале бил подигнат градски часовник, а во центарот на градот била изградена убава чешма и била донесена вода за пиење.Првите никулци на Македонската Револуционерна Организација започнале со револуционерната работа на Ѓаконт Јосиф на манастирот Света Богородица - Пречиста, и на учителите на повеќе Кичевски села.нгличанецот Едминд Спенсер бил капетан и многу патувал, пред се, во разузнавачки цели. Во 1850 година ја посетил и Макеонија. Поминал крај Кичево. Интересно е што во неговиот патепис Спенсер наведува дека Кичево е местото каде порано се наоѓал градот „Скиртијана“. Познато е дека во Кичевската котлина се наоѓал древниот град Ускана (Хискана), чија локација сеуште не е точно утврдена. Изворот за овој податок не е наведен, но е доста интересен. Еве што друго пишува Едмунд Спенсер за Кичево во својот патепис:
    “Напуштајќи ја прекрасната долина на Дреска, поминавме преку планината на пат за Критчово, древната Скиртијана, која денес претставува мало село што нема повеќе од стотина куќи. Се почувствувавме меланхолично гледајќи го прекрасниот и простран басен во кој беше сместено селото, каде што почвата очигледно беше мошне плодоносна, но малку обработена. Неколку напуштени села беа расфрлани во околината покажувајќи дека оваа област мора некогаш да била место каде што се одвивал некој смртоносен судир, а тоа било неодамна. Критчево е сместено во подножјето на еден планински венец, не многу висок, овде-онде покриен со шума, претставувајќи еден освежителен предел во овие области на Македонија, каде студениот гол камен често е главната карактеристика на пределот; иако овие планини некаде испреплетени со бројни плодни површини, мали долини или клисури, каде што течат водите на Зајас, Карасу, Кандрису и на неколку помали реки се влеваат во реката Вардар, сепак се чини дека земјата е добро прилагодлива за земјоделство; сепак единствените жители кои ги сретнавме на нашиот пат беа неколкумина номади со нивните стада.”
    Спенсер го посетил Кичево во еден од најтешките периоди низ кој поминал градот. Имено во годините, непосредно пред да помине тука, Кичево било арена на еден од многуте крвави судири во Османлиската империја, кои се јавиле како последица на ослабнувањето на централната власт во Истанбул, а јакнењето на локалните паши, бегови, кои почнале да се одметнуваат. Во тоа време господар на Кичево бил Абди бег, вееројатно лојален на султанот. Абди бег бил убиен од страна на Хамза паша од Скопје, кој потоа се населил во тврдината на Китино кале, по што почнал страшен терор врз локалното население. Се зборува дека во тврдината го опслужувале дури 400 слуги. Кога Ајредин паша успеал да го порази Хамза паша и да го заземе повторно Кичево, тврдината била запалена и разрушена. Потоа животот почнал да се враќа во нормала. Сево ова се случувало за време на одметнувањето на Али паша – Јанински, во првата половина на 19 век, време кога се случува феудална анархија во Османлиската имерија. Како причина било искористено укинувањето на јаничарскиот ред во 1826 година од страна на султанот Махмуд II, по што голем број на турски феудалци се одметнале и почнале со масовен терор во областите каде владееле. Поради тоа нсаелението се повеќе ги напуштало селата преселувајќи се во градовите. Едмунд Спенсер несомнено бил сведок на периодот после феудалната анархија во Кичево. По направените обиколки и првите контакти со печалбарите по Кичевските села Пере Тошев заедно со Јосиф во 1878 година ја формираат првата вооружена чета на чело со Дуко Тасев, а во чии редови бил и Јордан Пиперката. Тие ќе бидат предводници на познатата Брсјачка буна во 1880 година. Исто така, на 2 Август 1903, започнува востание на чело со Арсо Војвода и Јордан Пиперката, а се држат ослободени територии до 9 Август кога востанието било крваво задушено. Кичево и Кичевско дефинитивно е ослободено од петвековното ропство во 1912 година по завршувањето на првата Балканска Војна. Но дури тогаш страдањата биле уште поголеми особено во Втората балканска Војна кога населението било поделено на две страни па не се знаело на која страна и за чии интереси се гине.Во 1919 година со Версајската Конференција овој регион припаѓа на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците кои водат систематска политика на асимилација на населението. Во невероватно тешки услови, овој регион ја дочекува фашистичката окупација 1941 година, каде поголемиот дел од Македонија ја окупираат Бугарските сили, а Кичевско припаѓа по Италијанска окупација. Но Кичево нема да ги изневери старите револуционерни обичаи и се одзива на повикот на КПМ за револуционерна борба за слобода, а како идеен водач се јавува Кузман Јосифоски Питу. На 15 декември 1941 година била формирана првата партиска организација во село Карбуница. За време на Втората светска војна Кичево бил првиот слободен град и слободна територија заедно со Дебарца во 1942 година. Од градот и околината се исто така произлезени и многу партизани. Со историскиот референдум во 1991 година на 8-ми Септември , Македонија станува независна Држава, со изградба на повеќепартиски систем и пазарно стопанство, а Кичево влегува во системот на транзиција.
    Потекло на името Кичево
    Античкото име за градот е Ускана. Во странските патеписци кој поминувале низ Македонија од XIV I XV век, градот Кичево е споменуван уште како Критчово или Кртчово име кое го добило после населувањето на Словените. Според Марко Цепенков сестрата на Крале Марко, Кита владеела овде на калето (наречено Китино Кале) кое е всушност денешното Кичевско Кале со саат-кулата, и според градот го добил името Кичево. Во отоманскиот период, градот го носел името Крчово (денес употребувано од Албанците), со што се смета дека познатиот македонски просветител Јоаким Крчовски најверојатно водел потекло од Кичево или Кичевско.
    [уреди]Стопанство и економија

    Главно обележје на стопанството во регионот му дава Рударско-Енергетскиот комбинат "Осломеј" кој е со капацитет од 660.000 квч годишна продукција и е прв објект од ваков вид изграден во Република Македонија. Во Кичево е доста развиена трговијата, а најпознати стопанско - индустриски објекти се поранешниот рудник за железо Тајмиште (сега има производство на здрава храна), рудникот за јаглен и термоелектрана Осломеј, фабриката Тане Цалески. Градот Кичево и кичевско се познати и по најдобриот и највкусниот бурек на Балканот, а кичевчани се и најпознатите пекари и фурнаџии во Белград.
    [уреди]Туризам

    На само 3 километри од центарот на градот на падините на Бистра се наоѓа познатото излетничко место Крушино.
    Како, ние кичевчанките да си немаме своја тема на Фемина? Не има многу :)
    Темава нека ни послужи за се ново што се случува во нашето градче, новитети, случувања. Секако, и критики.
    Да го промовираме градот. Кои од феминките биле кај нас? Можеби некоја и води потекло од тука?! Дали го имаат посетено Крушино? Не сме некој посебен град, но.. заслужува тема :)

    Еве да започнам јас. Во Кичево е во тек Кичево Опен Тениски турнир во Крушино. Веќе се играат полуфиналињата.

    И една критика од мене, НЕМАМЕ БАЗЕН како останатите градови во државата :)


    П.С. Ај да си збориме на нашки во темава, а? :D
     
    На Lux, FortuneTeller.xD, irenna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Супер тема!

    За овој турниров прв пат слушам. :lol:
    Имаме базен како не,ама рушен е. :rofl:
     
  3. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Која будала ќе се капе во онај базен... уште змии што не излегле :)
    пренаменет е за друга работа (навечер) :D

    Инаку, во Августов овај е втор турнир тенис. Како тоа не си знаела? :D
     
  4. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Знам,знам дека е пренаменет. :D
    Па не знам,не сум многу во тек со случувањава во градов. :?: :lol:

    Леле си се размуабетувме ќе не искараат. :wasntme:
     
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Немат врска :D зборуваме во контекст на темата ;)
     
  6. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Го имам посетено, ти имам кажано. :D
    Во Крушино многу сакам да одам, а и во град само сум поминувала 2 пати, а би сакала да се шетам. Наредната година тоа би сакала. Значи не сум и толку шетана по градот за да дадам некоја пофалба или критика. Поинтересен ми е народот, обичаите, облеката, посебна пофалба за редот по свадби (да потенцирам дека за албанците зборувам). Ќе пишам пак за некоја година, и ќе ви кажам импресии. :D
     
  7. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски

    Да, да. Ми имаш кажувано. А и ја ти кажав, слободно барај ме за шетање ;)
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    како ти текна да ја отвориш темава хехе јас барам кичевченки ама никако не ми текна да отворам тема :inlove: :inlove: ;)
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Хехе кај не ќе ми текне. Па видов една тема има за Велес, една за Битола. Па си реков ај една и за Кичево. Сите кичевчанки на едно место ;)
     
  10. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Во градов мислам дека не сум била. Може како мала па не се сеќавам, али во брзо време не.
    А иначе би сакала да отидам.
    Башка си го имам муабетот со една Кичевчанка од форумов па може да ме прошета она некој ден таму.
    А може и на поседок да и отидам :P .
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Абе кого не ќе сретнеш по форумов :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Секако дека ќе дојдеш друшке. :) Ако сакаш остани со месеци,мило ќе ми биде. :)
    Да го запознаеш Кичаа малце,да видиш како се живее во помало место. :wasntme:

    :* :* :*
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Ај да си ве праша ја вас, на калефест планирате да ојте?

    ја на кичевски ќе си збора на темава :lol:
     
  14. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    ^Да бе само ке тутепа за утре што не се смени ама сабота :dance: :dance: :dance:
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Што е то сега жити се? :o Ќе се одржува нешто во Калено?
    Леле ко од Марс да сум,а не од градов. :tmi:
     
  16. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Аман бе секоја година се одржува калефест в кале како незнајш Петок и Сабота ќе бидет јака журка!
    We're gonna party!
     
  17. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Прв пат слушам. :tmi:
     
  18. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56
    Пофалби до LittleDevil .. Баш убаво шо ти текна да отвориш ваква тема.. Ама сепак мислам дека ни фалат Кичевчанки... Некако малку сме .. Па не би било лошо да ни се придружат сограѓанки ...
    И да небидам офф топик малку и за градчево да искоментирам Иако е Малечко има многу убави места.. ама има и некои недостатоци... Убаво би било да си имаме некое базенче ( каде шо ке се капат македонци а не цела ѓупш*ана) :@ :@ , некој добар парк ... :?: :?: друго во моментов не ми текнува али сеа за сеа тоа е ...

    Голем поздрав до КИчеВчанкииии :* :*
     
    На Lux, FortuneTeller.xD, Lilly8 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Е браво бе :rofl:
     
  20. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Е сабота, сабота!!! :dance:
    сабота ќе бидет појако жими тебе :lol: