Браво за темава Little Devil .За градчево наше нема што да се коментира толку.Мало градче ама сепак си го сака Ии добро би ни дошол еден базен. Поздрав до сите кичевчанки
Фала ви на пофалбите Па, ни требаше една тема, како што веќе кажав. Полека, но сигурно, се наголемува бројот на кичевчанки- форумџики, па сите на едно место да сме, да си се знајме
Утре ако не се лажам е Калефестот во Кичево ..преговорите кај нас се во тек , ќе видиме како ќе испадни мојве коковчиња ќе ги искубам ако не ми ида .. И да, запознавме едни кичевчани на одмор во Градише , фини деца таман и со нив ќе се видиме , само да се договориме
Како си поминавте на КАЛЕФЕСТ , ( секако ако бевте ) ... ? Иначе да ви се пофалам дека сеа лично ја знам и другава кичевчанка... Колку мало градче имаме... Секој со секого се знаеме цццц...
Која друга? Инаку ја на калефест не појдов вчера, вечер ќе ода. Др. нешто ми излезе, ама за вечерва ЕЕ НЕМАТ ПРОПУШТАЊЕ
Сум поминала низ Кичево и не ми оставило некаков впечаток , а дијалектот мислам дека е еден од најлошите во Македонија- имав колеги од таму, ги слушам како зборуваат и се ежам , иритира некако .
Дијалектот еден од најлошите? Најблиску е нашиот со литературниот само шо ние на секој збор ставаме Т .. Други измени немаме
Верувам градот дека не ти оставил никаков впечаток ама за дијалектов дека иритирал - СТРАШНО Па ние сме најблиску до литературниот јазик.
Ова прв пат слушам дека сте најблиску- нели Велес, Прилеп, Битола се најблиску, или се лажам ? Па сега што да правам, тоа е мое мислење не ме тепајте , имате некој чуден акцент, и баш пред некој ден дискутиравме колку лошо тоа звучи .
Само би додала зборуваат како устата со компири да им е полна , без љутење, можеби вие не приметувате ама така звучите. И немој да се лажете, ама далеку сте вие од литературниот јазик .
Книгите по македонски јазик и литература друго кажуваат Не викам дека имаме некој убав дијалект, ама има и каде каде полоши Не дека јас од Кичево и го бранам градот, ама вистината е таа и да, тегнеме во зборувањето. Можеби тоа е иритирачкото, али тоа е тоа, таков си е дијалектот