ХАХАХАХА еј ние сме многу познати по садење компири по ниви, секое семејство има БАРЕМ по една нива в село што се сади со компири, и со оглед на тоа дека ние сме многу компиројаден град, си збориме ко да си имаме компири в грло. Ти се свиѓат одговоров? Спојлер Инаку компирите ги спремаме на многу разни начини
Без навреда, кога веќе се спомна за дијалектот - и мене ми е чуден... Сите дијалекти се чудни, ама кичевскиот ми е најсмешен. Спојлер Ќе дојда една ден да ми дајш топер да ја врза косава. (знам дека реченицава нема смисла, ама многу сакав да го искористам зборот топер, и една ден. ) И напишано не се доловува, изговорот е тоа што му дава шмек. Е ја многу сака да се руга.
хахахах спојлерот Е ја си вика топерче (демек мало) хахах И да, една ден многу го користат. Ја на пример си збора кичевски, ама си поштува машки, женски и среден род П.С. и ја сака да се руга ХАХА
Аман бе луѓе толку смешно звучиме ко ќе зборуваме ? Иначе стварно многу луѓе наместо еден ден употребуваат една ден.
Еднаш слушав емисија некоја на Кале радио, и нормално водителиве кичевчани, и вистина, кој акцент го имаме... леле си реков... ама ај, убав си е дијалектов
Велешкиот сигурно не П.С. темава не е за натегање кој дијалект е најлитературен... Си имат тема за дијалекти, оваа остајте ни ја нас, и ако сакате да кажете нешто за градов, а не за дијалектот во онаа за дијалекти ќе се расправаме кој е најлитературен.
Еј аман не се нервирајте што си е глуп дијалект за слушање глуп си е да се заслушаме вака на страна многу смешно и иритирачки звучит. А дека е најблиску до литературен јазик е заедно со битола и прилеп што се однесуват на акцентот на зборовите а за Велес - нје би се сложила Дека си додаваме т си додаваме ама вие што сте од Кичево знајте дека не го практикуваат сите од кичевчанин до кичевчанин многу имат разлика и не викаат сите една ден само некој помалку писмени,( верувајте какви таленти имаме во градов и самите не сме свесни посебно од радио кале водителкине кај ги најдоа, абе ми идет да ги задава и ја не можа да ги слуша) мисла тоа не спаѓат во дијалектов како некоја карактеристика Незна зошто ко компир да сме голтнале ти звучи да не си не помешала со некој други од друго место или можит тој што си го слушала така зборуват, ама како и да е далеку посмешни дијалекти имат барем за мене на пример од источна македонија ама најверојатно смешни ми станаа од премногу гледање К15 и Цацко Инаку калефест многу малку посетен годинава own: штета а многу беше убаво организирано
Да, за иритирачки, така звучит. Ко ги слушав ја овие од Кале.. леле си реков. И ја онака звуча (слично, не дотолку) пошо оние не знаат да читаат, па камоли акцент или нешто. А калефестот годинава, уба организација... ова ти е доказ дека претходните години било катастрофа. Лани за никаде беше. А за првата да не пра муабет. Посебно пра муабет за групиве рокерски и металски...и нивната вечер.
П.С. темава не е за натегање кој дијалект е најлитературен... Си имат тема за дијалекти, оваа остајте ни ја нас, и ако сакате да кажете нешто за градов, а не за дијалектот во онаа за дијалекти ќе се расправаме кој е најлитературен.[/quote] Така е... LittleDevil ,,,, Иначе јас сум нова тука... Голем поздрав до Кичевчанки ... Се надевам дека ке се дружиме
Sheena, фала на поддршката. Добредојде на форумов. Па, си се множиме КИЧЕВЧАНКИВЕ полека, но сигуно Поздрав до сите
Никој не ги крева акциите,ние сме поблиску до литератирниот од многу други дијалети од државава, е тоа го кажав.А не најлитературен. Прво убаво прочитај,а после скокај. :geek:
Девојки зошто толку трагично го сфаќате тоа за дијалектот и упорно се трудите да покажете дека е еден од најлитературните во Македонија, како да е тоа толку битно ? Јас само спомнав што мислам и дека ме иритира тој акцент, тоа е мое мислење не мора сега Блаже Конески да го цитираме и да си докажуваме за дијалектите, нели
Никој не докажува ништо,само дискутираме. Само тажно е што постојат многу баба Ванѓи на форумов па предвидуваат некакво си бегање.
Крсте Петков Мисирков зборувал за тоа, и кажал за основа да се земат централните македонски говори. Велес - Прилеп - Битола - Охрид. Кичево е меѓу нив и зборуваат слично со Охрид со тоа што ставаат Т на крајот од глаголите, а некои зборови ги кратат. Битола зборуваат поубаво во врска со тоа. Во Кичево малце се тегнат и затоа не ви звучи убаво. Тоа е тоа. Значи неможат политературно да зборуваат од источна македонија, а во Кичево немаат чудни зборови (чушки, френки) за некои предмети како што имаат во тие делови во државата. И кога зборуваме за дијалекти, Скопје воопшто не е литературен град бидејќи има многу србизми, наместо во - у, наместо излегуваме - искачаме... и сл. Значи на оваа тема ако се отвори уста може да се дискутира на долго и на широко, па не мора за срце да си земате дали зборувате литературно или не.
Убав град. Имам роднини во Кичево. Ретко одам и не сум била две години ама некако ми е прираснат за срце. Знам дека е доста ефтино( мислам на кафичи, кафани ...) Сум била во тоа Унион абе живо џабе. Јадеш, пиеш(4ца) сметка 1000че. Сум била и во таа една дискотека Гравити(мислам дека беше) спроти гимназијата, пица на парче од тоа до гимназијата, во една кафич Стефано ... Куќата на уметноста во Кнежино ме остави без зборови, прекрасно. А најмногу сакам да сум во Кичево за Водици. Преубаво, обичаии, традиција, греана ракија Си има Кичево своја убавина, како и кичевчани Имаат и многу смешни зборови. Како пуми(за патики), Били(џамлии), саклма (склет)...
Offspring, Isabel убаво ти кажа. Извини, АМА не си во право изгледа ти си бегала од часовите од македонски и литература. Andzelika, да.. имаме традиција, многу убава за водици. Имаме многу убави места кои се вредни да ги посетиш. Китино Кале.. Да, Гравити е убаво место за кафе муабет, а и за викенди. Пицикато, тоа кај гимназијата, прават најубави пици.
Кичево е како град убав, да кажеме, чисто место. Многу металски чопори има, тоа поштуем. Инаку, околу дијалектот... нема теорија. Литературниот ни јазик е создаден врз база на дијалектите од Велес и Битола главно. Толку. Шо да праа сеа ја...