Ај добро, ние нашето си го кажавме за дијалектите, па сега вие како сакате колку сакате пишувајте, ама нашиов дијалект е блиску да литературниов, па сеааааа.... Ајде мои кичевчанки, поздрав до вас http://www.youtube.com/watch?v=_XIlDZFg9zY Нејчу каве, пијана су какаоо
Бурекот зошто никој не го спомна? Дефинитивно најдобриот бурек е кичевскиот. Никогаш нема да ја заборавам бурекџилницата Студент, немаше шанси да поминеме низ Кичево а да не застанеме тука.
Што се случува со овој бурек? Навистина кај се наоѓа таа бурекџилница? Имам слушано и на телевизија,а и братучед ми од Скопје многу го испофали бурекот.
За Бурекџилницата Студент прв пат слушам... Зарем има такво нешто ?? Иначе LittleDevil не се даваме Така си е
Кичево имам отидено само еднаш и не знам многу го засакав градов.. мало и ок место луѓето се посебни,насмеани, шират позитивна енергија (јас налетав на такви) запознав пријатели со кои сеуште сум во контакт и едноставно го обожавам нивниот оптимизам
Кичево го немам посетено. Засега не познавам никој од таму (освен вас форумџикиве, вака виртуелно ), и немам слушнато никогаш, како зборувате. Инаку мислам дека логички е најлитературен дијалект да биде оној кој што е во центарот на државата. Каде што не се прифатени многу зборови од некоја соседна земја која е во близина. (се надевам ме разбравте на што мислам) Во Македонија Велес е во центарот, и јас тој дијалект го сметам за најлитературен. Еве и Штип е некаде блиску до Велес (мислам блиску се градовите) ама неможам да кажам дека Штипскиот е литературен. Многу испуштаме букви, извртуваме зборови... Сепак, ова е мое мислење. Не знам дали Кичевскиот е литературен, од причината што ја спомнав (го немам посетено и незнам како зборувате) ама засега во мојата глава е вака. Би сакала да ви дојдам на гости некогаш. Да ве посетам.
Де бе женски. Полека малце. За еден дијалект се запречкавте. Секој со свое мислење и толку. Ете, на Сесилија не и се допаѓа нашиот дијалект, мене не ми се допаѓаат повеќето дијалекти во источна Македонија, на друг не му се допаѓа(ат) друг(и) дијалект(и) и така се' до бескрај. Овде сме да се дружиме, а не да си вадиме очи за вакви работи. Доволно беше со локал-патриотизмот. Секој си го брани градот. И не. Не сум против сограѓанките мои, нити се улизувам на Сесилија, Офспринг и незнам уште кој друг вмешан во дискусијата за дијалектот. Кулирајте малце де. Умни сте вие. Е, бурек ќе ве частам. GarpovaV, те чекаме. Иначе за Кичево, деновиве поопширно ќе си го кажам моето скромно мислење. Ми се спие. А и ептен забегав офф.
Е и мене то ми беше муабетот, секој со свое мислење за дијалективе е. Како прво темава е отворена за КИЧЕВО како град, а не за КИЧЕВСКИОТ дијалект, да се расправаме овде не бил блиску до литературниот (како да не, не бил) Убо некој си го фалат ете бурекот, овде биле онде биле, им се свидело, не. А не се расправаат за дијалектот. Секако секој дека ќе си го бранит својто (својот дијалект) И ја реков дека некој дијалекти не ми се свиѓаат, па еве не напина по теми од други градој дека не ми се свиѓат. ЈА завршив со дискусија за дијалектот, мојто си го кажав Инаку , Лук и Shaila, ја појма нема кај е таа бурекџилница ја си јада од клас, и од онаа што е, Мики се викат кај мостон (бебе кај што е, знајте, и Џим Бим и Мартинс кај што се) е таму женичкана со месо и печурчиња бурек прајт
Не су многу по бурекот ја ... Иначе и ја од клас јада ама само ко ќе су на школо и тоа исклучиво со МЕСО .... Цела училница да знае шо су јадела
Еј не.. ќе се зафркаваме кај мене сите сме бабачковци, па сите си јадеме в клас, то буреци, то сендвичи па се ко ќе се помешат... замисли хахахаха Инаку и кај Славе не прат грд бурек ама таму е за јадење во доцните вечерни часови, ко ќе ти се сојадет дур си излезен, така по штикли, пицнат што би се рекло и ојш и си јадеш ПИРОШКИ и кифли СО КРЕМ хахаха
Абе не се караме, си дискурираме ние, мислење си даваме. Инаку, морам да ве посетам, а ем што викате правите убав бурек, мх, мх. Само да ви дојдам.
Девојки ќе одите сабота во гравити?Суперхикс се 70 ден. влез.Јас одам обавезно http://www.youtube.com/watch?v=mfxy6YQK ... e=youtu.be Поздрав
Нешто во последно го запоставив излегувањето. Се во домашна атмосфера ми се седи,така да не верувам дека ќе одам.
Ја су во план да ода да ви кажа право. Лук, па баш зато дека го запоставив излагањето ќе излеза.. многу се заседов дома, или пак излага ама на кафе некаде.. ееееј сабота на КАФЕ
Кичево мојот град, мало градче скоро секој со секого се знае, цел град да го прошеташ пешки ти требаат скоро помалку од пет саати. И шо да ви кажа друго, ко ќе ве собера ја кичевчанки од форумов, од кичево биле и ќутат, ја цело време мисла само ја су од Кичево, а тие тука да ти бидат, од кичевчани глаа немојш да крениш бе, кај да појш пак на некој кичевчанец ќе налеташ ако мал град сме, тоа ти е Си го сакам Кичаа наше, ЕДИНСТВЕНО што му фали е сега, една СПОРТСКА ПАТЕКА барем, некое поголемо паркче и убав затворен базент . Апелирам до господин градоначалниче папасито на нашево градче да превземе иницијатива што побргу и барем нешто од ова да се направи. Спојлер Уште да прочиташе .
Де бре, чичко ми е татково од градов, ќе му ги пренеса сите наши желби. И ќе почнет со метла да ме бркат, ама не битно
Да му ги пренесиш, да му ги пренесиш, ако те збркат со метла заедно ќе бегаме, нели дека си му ги пренела желбите И да не забегујме многу од темичкава да ги поканиме сите форумџики што не биле кај нас да дојдат, ќе им организираме ако треба и групна посета, тие само нека повелат.
Низ Кичево имам поминато кога одев на одмор. Го заобиколивме. Зградите срамежливо ѕиркаа и не испраќаа. Си помислив дека можеби Лукс ќе ја видам, онака случајно, но случајноста беше многу мала. Пред тоа го имам посетено Крушино. Екскурзија. Не седнаа пред шумата на едни големи терени и нема мрдање. Ама бесни глисти сакаат манастирот да го видат. Упорни деца, ги оставија наставниците да таложат калории. Ранците со храна на грб и заминавме. Тргнавме 10тина од класот по манастирот. Одевме на слепо. Беше тоа долг пат. Од некаде почна да жубори и една река. Беше прекрасна чиста вода. За некои 10мин. го пронајдовме и манастирот. Таму се криеле и неколку наставници со своите класови. Си купив една бројаница од таму која и до ден денес не ја вадам. Се држи на две кончиња од двете страни, но ме потсетува на убав ден, убав период. Ми беше утеха за тоа што ме очекуваше за 2 дена. Интересно место. Мирно, убаво. Идеално за пикник и сл. Би одела повторно ако имам шанса.
Да ве известа дека прва и трета година утре се од 7 сатот, а втора и четврта во 10 Така пиша професоркана Вања по физичко. Па луѓе среќен почеток утре