Ооооо сум била јас во Кичево мнооооооогу пати... секогаш кога одам на релација Охрид-Скопје и обратно Сакаш - не сакаш, мора да поминеш, па ајде кога веќе поминуваш, можеш и до автобуска да скршнеш. Еднаш дури и пауза правевме со шоферот
Што сакаш да кажиш со постов? Си била некојпат во Кичаа наше да кажеш импресии? Те мола ваков пост на темава не и доликуват од почит кон градов . Што си се фатила за буквиве, зборуваме за градов.
Ај сега остајте го дијалектов, глејте си го вашиот. Ако имате нешто за градов, пишете. Доста со дијалектов. Колку сакаме ќе си лапаме и додаваме букви, ќе си тегнеме во зборувањето, ќе си збориме КАКО ШТО САКАМЕ. Наш си е.
И мој е... Потеклото де, ако сум од СК. Го сакам Кичево, мало гратче, сите се знаат, излегуваш, поминуваш и со сите се поздравуваш...нема шанси некој да не познаваш и некој да не знае....новите ликови и те како ги препознаваат...и потоа следи легендарното прашање-дете чие си ти, од која фамилија.... На гости се бабе... оваа (името) ми е братчеда, од Скопје се бабе, не ги знајш... Не сум била малку од поодамна, сигурно добри 5-6 год., сум го заборавила Кичево, не знам дали е изменет, изграден... Се сеќавам дека моите братучетки ме изнашетаа од еден во друг, па во трет, четврт кафиЌ...сите беа различни,а најдобро беше што прилично беше ефтинко...ако добро памтам турско кафе-20/30 ден. Бев и во Крушино и таму ме однесоа...сеќавања матни и бледи...жал ми е за тоа. Ама...месецов се спремам одам натаму, во посета на роднините ми....едвај чекам.
Боже, боже што не ќе прочиташ... сме имале компири во уста кога сме збореле, а ако направиш муабет со источњациве наши македонски, незнам дали можеш од прва да се разбериш... Али како и да е, супер е темава, поздрав до сите кичевчанчиња (со многу Ч)
Не ми текнало да ставам видео од тоа како се славеше во Кичево победата на Македонија против домаќинот http://www.youtube.com/watch?v=-Gw2sOTJgrM Цело Кичево беше на нозе. Славеше заедно со нашите херои.
^Литл стевено беше и во други теми, ама не е на одмет и овде да го има, да се види како Кичево се радуваше на победата. Дури и Јанко што јаде многу бурек го пуштил во емисија. Цело Кичево беше на нозе.
А имаме претставник од посилниот ни пол од градов да се мота по форумов, а не пишува? Ако има нека се каже :geek: Друго за Кичево не знам што би се зборувало, освен дека треба да ни направат базен или онај да го реновираат и успат да прашам(зошто една феминка ме праша) дали во сабота работит правнион факултет? Ако знае некој сигурно нека каже, мисла дека не работит, ама за посигурно.
Прв пат слушам Лукс. Каде тоа? Како? Објасни подетално. И ако има некој нека каже Инаку, има некоја нова од Кичево што е на форумов?
Не знам, и ја не разбрав затоа сум прашала. Изгледа е поврзано со оние што не се вработени за нив некакви бесплатни курсеви биле организирани од фондот за здравство ќе да беше појма нема
Секое одење во Кичево ми се гледа се поубаво и поубаво. Особено овој викенд, најубаво до сега. Не дека е толку убаво, туку јас почнувам да се чувствувам убаво во него. Некогаш мислев дека луѓето се малку тешки, сега веќе не.
Јухуу, кичевчани, не зборувате како да имате уста полна со компири! Симпатично си зборувате, многу сте ми интересни. Баш лафите малку на охридски/прилепски, некоја мешавина сте ми, се разбира, кичевска мешавина. Ова лично се уверив и докажано од закоравен лингвист. Ќе ви дојдам некој ден таму, многу симпатичен град ми стои. Дали оти имам една многу добра колешка од таму, или не знам зошто, ама добар впечаток ми остави гратчево со неговите жители.
Девојки, кај ги има производите од Есенс во Кичево? Мартин? Кампус? Ај нека ми одговори некоја, ако знае.