Јас сум по потекло и од татко и од мајка од Кичево и баш сум си горда на тоа Имавме стан одма на влезот во Кичево, но го продадовме бидејќи многу ретко идевме во станот, имаме куќа во село Брждани и таму поголемиот дел седевме. Сум киснела со дедо ми и баба за распустите кога бев помала. Како фамилијарна слава си го славиме Водици по кичевски обичаи па татко ми се врати деновиве од село и многу убаво си поминале. Немам отидено оддамна, бидејќи со фах секогаш ми е сесија тој период за Водици. Ете лани бевме кумови јас не бев и многу ми е криво Се надевам набрзо ќе го посетам.. Поздрав Кичевчанки
Кичево денес беше исклучително убаво! На најубавото топло чоколадо, во Квадрат. И тоа јадењето во хотел Кичево многу е убаво. Никогаш нема утка, ни кај пастрмката, ни кај баклавата! Некогаш ич не го сакав, а сега едвај чекам да отидам! Што ти прават пријателства!
Епа здраво и од мене И ја су од Кичево.Ех Кичево мое сакано и мило.Си го сакам гратчево бе,колко е толко е,какво е такво е.
За сите љубители на театарот сакам да ве известам дека на : 25.05.2012 со почеток од 20:00 часот во НУЦК"Кочо Рацин"-Кичево ќе гостува Actor's Urban Theatre - (A.U.T) ќе има претстава во три едно чинки. А.П.Чехов-Лебедова песна играат: Фаик Мефаиловски Филип Кипровски А.П.Чехов-Трагичар не по своја волја играат: Филип Кипровски Дарко Богески Х.Пинтер-Карактерот игра: Влатко Толески Влезот е 70 денари
Ја појма си немам, а што викате за отварање на атва ресторан за правење свадби, родендени и други прослави што ќе се отварал кај горнана атва. Сте слушнале?
Баш вчера бев во АТВА горнана,и гледам баш тогаш нешто залемуваа(Вареа) незнам како да се изразам Вистина ќе било ресторан,за свадби.Кај да е тука е за брзо време ќе го отворат.
Имав многу добра другарка од Кичево , се запознавме во Охрид ама тоа беше пред доообри 6-7 години ептен ни одеше муабетот и се имаше една прекрасна виткана коса и ја обожавав
Да не знае некој кај можам да најдам од тие за телефон што се како циркони за лепење(значи не од оние смајличина,срциња...) туку циркони помали поголеми да ги залепам.И по која цена ??
Не сум била оддамна, ама провери во АС да не има(тоа прво на памет ми паѓа), знам таму држат штракатанци и ситнурии такви. Ако не, во некоја продавница за шминки би можело да има, ама не ме држи за збор за второво, најубаво да си провериш прво во АС, па ако нема таму прашај кога ќе им стине или таму прашај ги кај би можело да има на друго место.
^ Јас пред некој месец видов во тоа што е до ИН, бутичето мислам знаеш,каде А види и во ИН можит да имат
Ајде мала помош од Феминки-Кичевчанки..значи вака..Една соседка ми кажа дека и во Кичево отвориле Певекс продавница. Точно или не? Ако е точно, опишете ми каде се наоѓа. Ве поздравувам од комшии