Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кичево

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од LittleDevil, 25 август 2011.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    ^
    Последно кога бев во Предни имаше интересни маички,али сега види во тој бутикот што е Мистик Тренди не му го знам точно името,одма до ИН што е,мислам знаеш каде.
    И види во Кристијан ЈК имаше убави маички,интерени. :lol:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сум била 100 пати во Кичево, иако живеам во Скопје многу го сакам !!!
    По баба ми од страна на мајка ми сум Кичевчанка , иако мајка ми е родена во Скопје. Имам многу роднини таму, братучеди , братучедки .. Сеа пред 2-3 недели бев и многу е убаво :D
     
  3. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова заслушува да биде тука! :rock:

    Вардар падна во Кичево, загуби од Напредок (1-0)
    [​IMG]

    Фудбалерите на Напредок го приредија најголемото изненадување во второто коло од првата македонска лига, успевајќи да го совладаат шампионот Вардар со минимални 1-0. „Вардарци“ во ланскиот шампионат се до крајот на сезоната немаа претрпено пораз, но овојпат ја почувствуваа горчината на неуспехот веќе во второто коло. Слабото второ полувреме против Работнички како да не им беше знак за будење на избраниците на тренерот Милевски, кои што одиграа под своите можности и го напуштија стадионот во Кичево со наведнати глави. Клучен момент на натпреварот беше 70. минута, кога Симјановски го најде патот до мрежата на „вардарци“ и предизвика еуфорија меѓу домашните навивачи.

    Металург има максимален ефект по првите две кола откако актуелниот вицешампион славеше со минимални 1-0 над Пелистер. Мечот беше решен во 35. минута, кога беше досуден пенал за Металург и воедно му беше покажан црвен картон на Драгарски од гостинскиот тим. Миле Крстев беше прецизен реализатор на ударот од белата точка, по што „металурзите“ рутински ја задржаа минималната предност се до самиот крај.

    Максимални шест бода на стартот од сезонава има и Брегалница, која предводена од Ристе Наумов стигна до нов триумф, овојпат на домашен терен над Силекс од 2-0. Токму Наумов беше стрелец на првиот погодок за Брегалница на овој меч, додека конечниот резултат го постави Мандак во самиот финиш.


    Извор : http://www.ekipa.mk


    Можам да кажам само Браво за нашите момци! Честито нека ни е победата :rock: :rock: :rock: :party: :party: :party:
     
    На Lilly8 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Ајде да пишам за нашиот мил ем драг Калефест.
    [​IMG]
    Еве што ќе има,листата на изведувачи.Уствари ко ќе видиш сите Кичевчани,лани мислам дека беше подобра програмата,имаше и претстава дури од Театар 007 во склоп на Калефест.
    А годинава само за Mosquito ми се прави ќеот :rock: :rock: ,а и овие Роботникс не се лоши ги фалат многу де. :lol: :lol:
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ана да не мислиш на Роботникс?
    Лани не бев, за годинава дали ќе одам не знам, не ми се прајт некако ќеот, што знам. :?:
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    ^ На нив мислев. Фала што ме поправи.
    Инаку пред некоја недела што беше тој фестивалот в кале имаше поубава програма отколку овај Калефестов.
    Лани и јас не бев.Ама се од дома си слушав. :lol: :lol:
    А годинава незнам дали ќе одам ќе видам.
     
  7. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Ја не су во план да ода, безвезе некако ми е. Поинтересно беше на самр вејвот.
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
  9. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Ние поминавме сега, ама некако пусто беше. Ептен, ептен пусто.
    И мене некако не ми се прави ќејф. Лани беше повеќе дена, а годинава е само една вечер.
    +, ориганизацијата некако тапа. Требаше да почне крај 4-5 часот, а тоа почна во 8.
    ФНС откажале. И уште некој друг мислам откажал, ама не заслушав добро.
    Си имав во план да се привратам покасно, ама сега, не знам.. :D
    Сега ми е уште повеќе жал што го пропуштив самр уејвот. :(
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски

    Полека но сигурно Калефест не е тоа што беше првите 2 години. Првата година имаше и металски групи, па затоа и имаше и металци, т.е. поќе луѓе. А сега само овие техно што слушаат. Дури и нив ги немат толку :) И затоа е пусто. А на Самр Вејвот имаше за сите по нешто, така да поубо беше каде- каде. Не дека и таму имаше нешто посебно народ, ама верува дека вечерва на Кале немало никој :) И ништо чудно што е само еден ден :) ај да се надеваме дека со Самр Вејвов ќе поживее малку поќе :)
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Јас па не појдов на Калефестов,ама слушам коментари.Лелеле што беше убаво в кале ова она.Многу јака журка имаше.Таа DJ Lea Dobricic слушам коментари,растур напраила.Луѓе си имало,ама повеќе техно музика.Тоа е тоа.Јас го знам оној Калефест,со рок и метал групи.А не вака,дрн дрн јариња напраиле. :lol: :lol: :rofl: :rofl:
     
  12. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Да бе, стварно имало луѓе. Баш брат ми го распрашав, ми вика “имаше бе луѓе, многу имаше“. Ама тој појде таму крај 1 и пол - 2, и дома се врати во 7 и пол. :lol:

    Иначе, јас не се привратив, немав желба некако. И така се слуша се од кај мене на тераса. :D
    Битно, ги фативме Москито ко свиреа. :D
     
  13. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    На Anna-Banana и irenna им се допаѓа ова.
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Откриен и скелет при реконструкцијата на главната улица


    [​IMG]


    Според кажувања на очевидци, при ископувањата за реконструкцијата на главната улица, во близина на црквата е откриен и скелет.

    Откритието не изненадува ако се знае дека околу оваа црква во средновековието постоеле гробишта кои, откако пораснал градот, биле пренесени на друго место. На влезната врата во денешната црква долго време постоеше праг од мермерна плоча која некогаш служела во конструкцијата на некој гроб.

    Во близина на црквата, под калето, се наоѓаат уште постари гробишта кои датираат од предхристијанско време. Се карактеризирале со богати наоди и биле на два ката. Локалните жители сметаат дека еден бил за робот на лицето кое било погребано на тоа место.

    Апел до надлежните да бидат повнимателни при работата бидејќи овој простор во повеќе слоеви содржи предмети кои можат да бидат од големо културно и историско значење како за Кичево, така и за Македонија.

    Во текот на вчерашниот ден објавивме за откривањето на два бунари кои веројатно биле користени во средновековието.


    Извор : kicevo.mk

    Понекогаш се прашувам колку гробишта постоеле во нашиов град.Имало гробишта кај зградине кај Капус кај гимназијана па и кај црквана.
    Е искрено да кажам и понекогаш дури страв ме фаќат.Ко почнаа да е градат сега гимазијава нашле и таму склети... :^) :^)
    Сеа ќе си се посмеам на моја сметка,да го викниме Паско Кузман и гробот од Александар Македонски може да го најде во Кичево.Од толку мистериозно гратче што сме. :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    12.868
    Јас мислев дека е албански град, ама не е така, имате градоначалник Македонец. Симпатично место.
     
  16. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Кичевчанки да не знаете кога е последниот Автобус Од Скопје за Кичево во колку часот? 16:00 или 18:00 ?
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Охридски Галеб е во 18:30.
     
  18. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Кај можам да купам книги освен во Тобако ? :^)
     
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Во книжарница Киже,ама нема некој си голем избор. :?: :^)
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.129
    Допаѓања:
    12.868
    Куќа на уметноста е многу убав хотел. Околината зеленило, дрвата нагоре идентични. Дворот на хотелот украсен со некои споменици, со фигури, внатре слики, убаво. Ретко убав хотел.