1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Класична или модерна свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Ulata, 18 јуни 2011.

  1. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Значи дали сакате класична свадба си сите оние адети шо ги носи таа свадба или модерна во некој кафич со блиски пријатели
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Класична...во ресторан, гости, народна музика, играње, адети и тн и тн :) ...од мала сум сакала таква!!!
     
  3. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно класична.. :)
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Класична се знае, за искачање со блиски пријатели во дискотеки, кафичи можеме кога сакаме, свадбата е еднаш и тој ден сметам дека треба да помине со сите обичаи, зошто да не малку необично да биде, а не како обично излагање. Знам свадба имаше во Колосеум и ич не ми се свиѓа тој начин на славење. Сите по сепариња, дискотека некои на нозе и крш само за помлади а каде се роднините и постарите?! Никој со никого не може да се види треба да помине во темница стотици луѓе за да помине до некој близок, лом на се личи само на свадба не личи. Или ко ќе слушнам рок или метал свадба. Па добро, разбирам музичко определување во еден правец, ама до толку да се облечат младоженците рок или метал и да направат свадба исклучително со таква музика? Па може роднините не сакаат да седат на таква свадба, особено постари и многу е незгодно, а треба да се чувствуваат убаво, да се веселат затоа дошле. Додека на класичната свадба народно и забавно и за постарите и за помладите. Така да, иако ми е далеку, кога ќе се мажам ќе биде класична, со вметнат елемент од модерната свадба, а тоа е забавната музика да разбие монотонија, и потоа пак народно и чочеци. :up:
     
    На orinoco му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Класичната е 10 пати помодерна од модерната :rofl:
    Гласам за класична!!!
     
    На orinoco му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Класична свадба со сите адети, обичаи, народна музика, многу гости и се така по ред. Далеку ми е мажачката што би се рекло, ама сепак не сум за таа „модерна“ свадба. Ќе седнеш во дискотека или кафич 200, 300 луѓе од сите возрасти и која музика ќе се пушта: народна, забавна, рок, метал или каква? Баба ми од 70 и кусур години која денски не седнала на кафе во кафич тој ден зашто сака да биде со внуката или внукот мора да слуша некои за неа неартикулирани звуци?! Е не. Се знае свадба каква е: ресторан со простор за играње, место за секој нормално да седне, светло да може секој со секого да се види, музика за сечиј вкус и сите наши адети исполнети. Се сложувам бендот кој ќе се најми да засвири и забавна музика за помладата генерација гости, да се „поденса“, вовче ова она, но народната да не биде изоставена. Тоа е мое мислење и не мора секој да го прифати, сепак јас се одлучувам за класична свадба!
     
  7. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Модерна!
    На крај краева мој ден ке биде, а дека нешто посебно среќна ке бидам ора да вртам со прабабаму на идниот ми маж не верувам, или да се плашам цело време кој ке се испијани и ке се ака од земја после, или степа со некој.
    Не ми се бендисува некако концептот, можеби некои адети би прифатила, но би сакала малку гости да имам, преубави секакви јаденња пиења и десерти, убава музика можеби џез, онака културно и елегантно, и јас убаво да си поминам. Не знам тоа колку е изводливо кај нас, но јас доколку би бирала така би било. Да бидеме реални, традиционалнмите свадби повеќе се прават за кеф на другите, на домашните, и за да можат да ги поканат сите од работа, и сите роднини до 10то колено да се покажат демек леле еве свадба направивме, и да земам и да се веселам со некои луѓе кои ни ме знат, ни јас ги знам. После имаш година до две гледање на свадбата континуирано со кој и да дојде, и тоа е. Не гледам поента едноставно. Знам дека кога ке дојде време никој нема да ми ја поддржи идејата, али ке си држам до моето.
     
    На Lizbet, macysh, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  8. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Во ресторан со музика,но сепак модерно. Не значи модерна свадба ако направиш во кафич само...

    Нешто поедноставно,но сепак елегантно и забавна музика. :)
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Повеќе би сакала класична, во ресторан со народна музика и многу чочеци, многу играње :lol: , секако да има и забавна музика, за секого по нешто. Сепак не ми се допаѓа идејата за свадба во кафич или дискотека, некако не можам да го разберам тој начин на славење, не ми се допаѓа. И секако би сакала да имам и повеќе гости.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vesna25

    Vesna25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Мојата ке биде за брзо :inlove: Класична свадба со 500 гости,со венчавка во црква и со сите адети македонски :*
     
  11. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Ако биде во кафич тоа нема да биде свадба :lol: :lol: Во кафич може излегување со другарки, колешки, пријателки ама свадба НЕ, а повозрасните роднини неможам да ги замислам во кафич :x ќе фали уште само рок да им пуштам :D
    Значи јас си сакам класична свадба во ресторан, со најблиските роднини и пријатели (без сурија од 500 луѓе). Ги сакам и некои обичаи кои не потсетуваат на нашите корени (ама само некои :lol: )
    Гласам за класична свадба (со промени по мој вкус :wasntme: )
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  12. S-i-m-o-n-a

    S-i-m-o-n-a Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    135
    Дефинитивно класична.. :) :) :)
     
  13. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Класична,да се изнаиграме на нашите прекрасни ора,а не со чашките шампањ и да дремеме и да наздравуваме само а од играње ни И.
     
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Модерна! Несакам ора, несакам 500 луѓе на свадба...ма ни 100! Ојлевци-дојлевци што еднаш во живот сум ги видела...
    Зашто свадба не би била свадба ако имам најмногу 100 луѓе од двете страни, прославиме со добра музика (да напоменам, музика за свадба и за забавување не е само фолклорната), пиење и јадење (а може и само мезе)?

    Моја замисла е дискотека, исклучиво забавна музика, поп, рок, ретро...што и да е само да не е народна. Веќе збогтисано ми е од класични свадби....сите личат ко јајце на јајце! Кога ме канат на свадба, однапред знам каква ќе биде, кои песни и ора ќе се играат па дури и како ќе си поминам :( ....средње жалосно.
    Па и немора вечера да има...зашто сите само да седат по маси и да гнетат. Нека има една огромна шведска маса, па ко воли нек изволи :) Досаден е едниот ист шаблон: предјадење, главно јадење, па десерт. А да не го спомнувам составот на менито |(

    Па тие кичерајските декорации за сали, со тие прекривачите за столици...ајме мени! :D
    Да не продужувам да се ситничарам, све на све ми треба нешто ново, поразлично и неконвенционално. Па да има по што да се сеќаваат бре! :D
     
    На macysh, booba, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  15. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    од двете по малку :)....
     
  16. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Јас не ја сакам класичната свадба со сите адети и обичаи и ора и чучеци :lol:
    Убаво би било да е модерна ама не значи кафич туку ресторан со помалку гости и помодерна музика,валцер :D
    Мене ми е сон свадбата да биде дома,сама да си спремам што ми треба со малку гости :) Знам тоа не е изводливо и затоа не ни очекувам :D
    П.С.Може да се стави анкета на оваа тема за да се развие поголема дискусија :!:
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Не сакам земање од дома, не сакам позерски наместени фотки, не сакам кадросување со гостите, не сакам покани со она ја почитуваме вашата желба, но пожелно е подарок во плик :^) |( , не сакам поздравување на кумот, кумата, деверот, ајде сва-а- -а- -а- -а- аќе, не сакам шабански песМи, не сакам бидермаер од црвени ружи, не сакам бели торти, мразам стандардно мени....
    уф, се уморив...

    а не сакам ниту дискотека за свадба.
    И што е тоа - баба ми и дедо ми на кое сепаре да ги треснам?

    Ако успеам да го избегнам погоренаведеното, би била среќна со убава, интересна локација, максимум 150 гости, фина музика, опуштено и лагано...
    Гледам чоколадните фонати се ептен во мода, нејќум, би сакала онака чешмиче со боза, ко у Апче, одиш и си точиш во кристална чашка... ама исто такво, малечко само, со имитација на тие плочките...

    и Здравко Чолиќ или Горан Бреговиќ да ми дојдат, да ми испеат нешто балканско, за душа.
    Тоа ќе биде нАли шабанскиот дел.
    :)
     
    На booba, JuLleE, macysh и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    ^^ :D
    Па баба ти и дедо ти тресни ги на било кое сепаре...можеш и на чело, таман поубав поглед да имаат :) Сумњам дека не би им било весело кај внука на свадба па макар и под диско светла :P
     
  19. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    сепак класична ... но не со сите адети и апла автомеханичарски песни :shake: |(
    сакам нешто поинтимна свадба со 100 души најмногу од двете страни без идење по невестата туку да се чекаме пред црква па во матично и после една веселба :party: :dance: и на крај барем на 2-3 дена со мажулето далеку од дома :inlove:
     
  20. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Не сум за класична,па досадни се веќе едно исто па едно исто,сакам тој ден да ми биде посебен.Така да имам доста време за размислување,ехеее години и години дур стигнам до 30че ако не и поише :$