1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Класична или модерна свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Ulata, 18 јуни 2011.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Радо би избегнала секој детаљ од тоа што инаку се прави на свадба. Ќе се сликнам у невестинско Вустанче, само со мама и тате и господинот ми младожења, колку да не останат покуси, пошто тоа е една од работите за кои што живеат демек ....и би заминала некаде џаст д’ ту оф ас....
    Јас и кој и да биде тој покрај кого ќе се будам и заспивам.
    Уствари, поима си немам. Кога ќе го сретнам оној покрај кого ќе сакам да се будам и заспивам, веројатно тогаш ќе знам.
    Ама класична, традиционална... не е тоа за мене! Родбињево мое си знае бар тоа дека нема да доживее од мене. Али никад се не зна :D можда ќе се сменам, ќе ме промени мојот принчипе на бело магаренце.
     
    На mecence.moe, Kristinna92, Cacy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    Класичана ама не со сите адети и со гости кои јас ќе ги изберам не некои роднини од стотто колено кои прв пат ги гледам туку повеќето другари па се знае кој ја прави забавата. За венчавка не сум многу ама ако се запни ’зетот’ тогаш ќе попуштам. На почетокот класичниот валцер и потоа народна музика и сите ора дефинитвно ќе се изнаиграм а и дечко ми го учам сега по некое орце добро му оди дотогаш ќе се усоврши. :)
     
    На mecence.moe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blondini

    blondini Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    10
    Модерна (сакав и уште сакам,ама нема)
    Аааааааххх.......драги мои феминки.....читам и ми се плаче!а,и причината што сум будна во ова време е што спремам свадба и се нервирам,мислам шекер ќе добијам!И јас не сакав класична свадба....ма не....јас НЕ САКАВ свадба!Ама ајде бидна што бидна,као-нема да чекаме гости цела година по дома да ни идат на честитање,ќе ги собереме во една вечер,сите ни викаа како сакате ке биде,ваша е свадбата...ама како што се наближува денот сите се претворија во вампири,мислам(освен моите,уф колку ќе ми фалат)! :angel:
    И уште се нервирам од муабетот што го слушнав денес(од свекрвата :devil: )-епа,вие кога ќе правите свадба за вашите деца,како сакате правете ја,а сега ние ви правиме свадба!Леле,леле....уште се нервирам!А,цело време мислев дека свекрвата е душичка....ама сега гледам дека ги вади роговите!Значи муабетот ми беше,колку и да сакаме нешто да измениме,од тие традиции да избегаме,нема шанса,додека нашите ни планираат,ни организираат....нели тие ја прават свадбата,за нивните роднини и пријатели....а,да и по некое наше другарче!
    Леле,дури сега сфаќам зошто сите кажуваат дека пред свадба по дома борби се воделе!
    Ќе бидете благовремено известени за исходот,ама по се ми изгледа дека нема шанса да биде по наше,а јас и тој(будучи сопруг) си сакавме едноставно свадбиче,без обичаи,со убава музика,народна,па малку забавна,значи ништо фенси,туку само да се избегнат тие обичаите,ама ете свекривата ми го плесна муабетот денес и неможам да се смирам.....Уф,си викам,колку ни беше убаво(пред да закажеме свадба),зошто ни требаше оваа работа,на моменти ми доага да избегам од се....незнам дали има некоја која поминала низ слична ситуација како мојата?Се чудам како ќе го презивеам тој ден....
    Правам свадба со сила....Каква што не сакам....
    Се извинувам на рефератов,ама мораше од душа да си извадам,и кога читам што пишувате,оф душички мои......ќе си фантазирате така,се додека свекрвата не ги извади роговите,само ми е мака за моите кои сакаат да биде по мое,се согласуваат со мене,ама сепак не можеле да се караат со сватовите.....
    Срека ви посакувам на сите,која каква свадба си замислува,таква да си доживее,а не како мене... ;( ;( ;(
    :tmi:
     
    На mecence.moe и Sun.shine им се допаѓа ова.
  4. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Ах Блондини, те разбирам комплетно, и јас спремам свадба за во Септември... иста слатка мака имаме :D Мојава свеки не е многу наметлива, не остава сами да си организираме иако искрено јас ја консултирам скоро за се (ресторан, музика, мени, фустан...). Ја прашав дали има посебна желба за некој адет и она си кажа само кршење погача, така што не планираме да правиме никакви адети од типот буткање врата, полнење кондури со пари и слично ама сепак нејзината желба ќе ја испочитуваме. Знаеш како, мора да постои разумен компромис од двете страни инаку... ;)
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.333
    Edinstvena pretstava sto porano ja imav za svadba, bese onaa za klasicna zasto ne bev svesna deka nekoja druga moze da postoi :D
    Koga mojot '' golem den'' dojde, pred tocno 2 god. bese se ona sto ne mozev da zamislam. bev sama vo stranska drzava, stapuvav vo brak so stranski drzavjanin i poradi spontanosta na okolnostite odlucivme cinot da se odrzi vo treta drzava, kombinirano so nekolku nedelno svadeno patuvanje niz skandinavskite drzavi. Bez najbliskite na zalost, bez ora, adeti isl.. megutoa so ljubovta na mojot zivot pokraj mene i celosno opustena bez organizaciski ili bilo kakov stres uzivav vo sekoj moment. Ubaviot moment go spodeliv so najbliskiot , soprugot :rofl: a posle toa telefonski na site drugi.
    Najmalku e vazno kakva ke bide svadbata, klasicna ili moderna, se dodeka e po vkusot na mladencite, i tie se srekni i zadovolni. Ovoj nastan e prven nivni, a potoa na roditeli, rodnini, prijateli.
     
  6. teey-97

    teey-97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    спрема мене најубаво е класична свадба :D
     
  7. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Класична свадба со некои од адетите, гости најмногу 200 души (100 од кај мене, 100 од кај мажулето), нешто народно, нешто забавно, но без шабански песни од типот на милионерче, мешај мала и тако даље, може некој евергрин балкански и тоа е тоа народе, и после барем викенд некаде со мажулето да киднеме и да се одмориме ;)
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.997
    Пол:
    Женски

    Е па ќе и кажиш дека не се мажи таа, туку синот нејзин се жени и како ќе сакате вие, така ќе биде. Тука мислам дека треба твојот иден сопруг да пресече и да каже дека не сакате други да ви се мешаат. Може малку потешко да биде ако родителите плаќаат (а обично тие плаќаат), па да мислат дека имаат право да решаваат што и како ќе биде. А тој ден треба да биде само ваш и само вие да одлучите каков сакате да биде. Разговарај со свршеникот, па заеднички разговарајте со мајка му - мора да и' ставите на знаење дека не може се' да контролира... оти и после ќе ви се меша.
     
  9. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Модерна и тоа не свадба туку забава да се сподели среќата со луѓето кои ти значат и знаеш дека им е мило, а не 200 будали кои те оговараат и ти дошле да пукаат сеир
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.352
    Пол:
    Женски
    Порано сакав класична свадба ама со тек на времето работите се сменија ... здравје коа ке правам свадба ке биде во најтесен круг на роднини и пријатели .... Со по некој адет нели..
    Не сакам она поминување на невестата со бончиња за јадење а воедно и оставање пари во корпата или што и да е ... :envy:
    Зошто да канам 500 души .. од непознати роднини 3, 4 коленоо и ред ред
    :)
     
  11. crnobelisvet

    crnobelisvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Јас би направила и модерна и класична.ке има народна музика и сите обичаи,но и забавна музика,и нешто повеќе за младите гости.
     
  12. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    До скоро сакав модерна,т.е.на некое место -фино ресторантче на отворено,рибник у таков стил,да ги соберам најблиските роднини,на некој свечен ручек,а потоа да направам да речеме некое журче само за младите...без обичаи ,адети и сл....
    Но како ми се ближи времево за мажачка :lol: се повеќе сакам класика...И јас порано мислев дека класичната свадба повеќе се прави за ќеф на другите,но сепак колку и да велиме дека не сакаме класична свадба верувајте на крај баш таква ќе посакаме :lol:
    Скоро бев кај пријателка на свадба,само со млади,она си беше во класичен долг невестински фустан ,со шведска маса,и некако ми беше пусто |( не е како што сме си навикнати-кумот со прасето, :lol: па фрлање на бидермаерот и подвезицата :lol: ....не велам само орца да се вртат да има и забавни песни...ама пак без оро не бива бе,македонче си е македонче :rock: на свадбата на пријателката,свиреше рок група,ама баш рок песни од кои 70посто не ги знаев,ама скокаш,играш свадба ли е или што :lol: Немаше ниту оро,ништо........
    И така Маца си одлучи-класика ^_^
     
    На lolyta777 и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  13. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Јас сум за модерна мала свадба со фино музиче опуштено без трубачи и песните од типот мома се од мајка делеше ко никогаш божем нема да се видат
     
    На Hipster и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  14. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    33.626
    Пол:
    Женски
    И јас сум за модерна свадба, во некое ресторанче со најблиските гости...таква и си планираме.
    Мразам традиционални мк свадби со 400 и кусур гости ( од кои половина не ги познаваш ), доаѓање по невеста со зурли, тапани едноставно не е по мој вкус.
    Мојата свадба ќе биде наједноставна што може да биде...малку се двоумиме околу живата музика за во ресторанот, која група да биде и каква музика да се свири, бидејќи невестата и момчето воопшто не се по играњето на ора :D ако има некој предлог околу групиве, секој совет е добредојден.
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Нешто измеѓу, ниту нешто апла традиционално, со ора, адети-обичаи и триста ми ти чуда, ниту нешто па многу модерно, некоја хип-хоп, транс журка...
    Јас ќе си ангажирам некој бенд што свири и тоа и тоа. Нормално ќе има и орце и некој чочек :lol:, па и мене ми е ќејф да бидам коловоџа во бело, или на некоја маса или стол да се растресам :rofl: .
    А потоа благ премин кон нешто позабавно, може и некои Екс Ју евергрини, актуелни хитчиња за џускање, некое караоке и сл.
    Односно првата половина да биде традиционална, со ора и сл. а втората да биде како журка...
    Ем бабите ќе растресат мишките, ем ние младите газовите и сите ќе си бидеме среќни и задоволни.

    Во однос на оние адети, кршење врати, кокошки, моментот „цреша се од корен корнеше“ ноу тенк ју :shake: , ќе си одам јас пред свадба кај мајка ми, ќе дојде Петко по мене, ќе завртиме по некое орце и правец ресторан.
    А и бидејки живеам кај него уште сега, нема потреба ни да доаѓа по мене, може ние во ресторан па гостите да си дојдат таму. Ама мајка ми е некако сумлива по ова прашање, ќе сака таа зет и, Петко нејзин најсакан :inlove: , да и дојде дома, музика да и завсири во двор, и нема да ми дозволи да правам без свадба тоа...

    Така да онаа првата солуција, а за во ресторанот си кажав, така да јас би комбинирала вака, и сите ќе бидат задоволни, а јас и Петко среќни и заљубени до крајот на животот ;) :rofl: .

    И да се разбереме максимум 200 гости, 100тина мои, 100 негови...Внимателно одбрани, Митко, Станко, Ратко, на комшијата баба му, не дедо војничкиот, на баба другарките дома нека си седат, не ми требаат.

    А и ми светна идеја после свадбата, за откако ќе завршат сите церемонии друштвото за рака и на некоја журка, кај нас дома или во некоја дискотека...Па што :?: ???
     
  16. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до мене сакам да е модерна и интимна! нашите најблиски се оние кои најмногу се радуваат за нас,нема потреба од 107675678856738 души! би сакала да е на лето или пролет на отворено,со добро музиче..скромно! ;)
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    :clap: Гилти оф ол чарџес сењор хуес :worried:
    До пред повеќе од една недела и јас бев од луѓето... јас ако некогаш правам свадба, ма каква класика, какви бакрачи. Најблиски пријатели, рок музика дрн-дрн... И за се е крива братучетка ми пошто решила се она сама да си прави за нејзината свадба. Од бонбончиња, бовчи, украси, чуда и врагови.. во што жапкава мораше да помогне. :worried: Само после второто бонбонче ме фати еуфорија, ко малишан на Нова Година.. коа преминавме на бовчите, па тоа венецот, па украсувањето на дворот.. веќе си ја видов мојата... свадба и ја во бела вустаница, мама моја лепотица со очи пуни сузица. Тате, намрштен ко увек мрчи за нешто, што не се погодило.. месото многу му било жилаво, а он специјално тоа им рекол на тие, ма све суртучина собрана....
    Уште младожењата да го видев добро ќе беше :D
    Шала на страна, ама дефинитивно дури и мене, после ова последново свадбарулијага искуство ми се чини дека, кога веќе би свадба, нека биде балканска класика, баш поради тоа што сите роднини, сите пријатели, буквално сите и старо и младо, вклучително и ти уживаат во тој хаос. Балканци сме бре човече. Не французи или гипсирани германци, англичанци ко што ги вика внук ми.
    Баш прасето на кумот :D ората, во кои те влечат лево-десно пошто стварно не те бива за ора, па баба ти: „доџи черко да те целива бабе твоја, ах! јој!“... па сите тетки и вујковци, чичковци како цмиздрат, како да повеќе никогаш нема да те видат (алхохол токинг).. иначе модерна свадба, што знам. Кои роднини, чиви роднини би уживале. Моите весељаци, цугачи, зурлачи и зелко-мезачи, секако нема :wasntme:
    Така да, да бидам искрена бар пред себе, поима си немам што би решила кога ќе дојде денот. На жутоклунецот на шала му имав речено, ако тој некогаш прави свадба, да биде во лето и да биде во двор, за да можам да се качам на најблиската бандера/дрво за да го набљудувам со дурбин, пошто ко што никако да си земам очила, не знам колку и двогледот би ми помогнал. Го киднапирам секако. Свадба он нека направи, овај испланира за... ама :wasntme: он ќе е runaway младожења :rofl:
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DeadMary

    DeadMary Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    53
    Па добро е да биде модерна но кој како можи да си дозволи... :)
     
  19. Eli-sweety

    Eli-sweety Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15
    „Модерна свадба“ ма тоа го измислиле Американците затоа шо си немат традиција, и ајде сите други копират, да не видат нешто. Претпочитам традиционална македонска свадба (до душа со мали измени) ама сепак наше си е наше!
     
    На Sun.shine му/ѝ се допаѓа ова.
  20. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    сакам модерна свадба ...на отворено,со фина музика,околу 150 најмногу 200 луѓе значи ептен најблиските ,нешто така скромно....интимно и да....да не трае 5 дена како традиционалните свадби зашто не сакам после тоа две недели да не можам од кревет да станам