Класична или модерна свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Ulata, 18 јуни 2011.

  1. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    708
    мојата беше и класична и модерна,да се задоволат сите вкусови ;)
     
  2. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Мојата свадба беше класична.
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Како анти свадби тип би рекла модерна. Т.е јас не сум ни некој тип што одвај чека да се мажи, незнам мн ми се чудат, ама не ме исполнува тоа ако имам потпис на хартија. Ако ме сака и јас го сакам и имаме потребно рабирање, подршка, незнам зашто сите избрзуваат да се мажат/женат. Особено не ги разбирам свадбите на 22-23-24 години. Незнам која е разликата од тоа дали сме заедно или сме во брак.
    Но да не бидам офф топик, дефинитно сум за модерна. Под модерна подразбирам нешто како коктел забава со малку гости, максимум до 100тина,бидејќи реално некој не може да има повеќе од 60тина личности со кои е преблизок и секој ден се слуша гледа. Нека има и забавна и народна ама МАКЕДОНСКА НАРОДНА. Ако некој ми ја пушти цеца ќе му го напикам звучникот во уво. Сакам нешто скромно интимно, во некоја градина, сите да бидам поопуштени не во некои балски футани, нешто покомотно. Се разбира фустани за женските, а за мажите не сакам фракови како на антартикот со пингвините :rofl:
    Како и да е сум мн против тие церемонии ко што кажа некој погоре како да никад нема дома да си дојдам, особено делот со песната ''черешна се од корен коренеше.....''итн како мајка ми да нема да ме види во живот |(
    Исто ме нервира делот со комшијата на кумот на дедо ми и гостите од таков тип, што ни сум ги видела ни ќе ги видам. Зашто да фрлам 1000 евра(како што сум чула за просечна свадба од по 100тина гости требало накај 2000-3000 евра :| ) кога тие пари можам мн покорисно да ги искористам. Немој да ми кажете дека ќе ми се врати од поклноите, скоро пола се повторуваат или се нешто безвезе.
    Сакам свадба од типот на кокетел журка со музика од класика до народна. со опуштен фустан, едноставен во кој прво ќе можам да дишам и да играм. Да, можеби е американски стил ќе речете ама таков човек сум. 8)
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Јас би рекла свадба по вкус на младенците. По мое мислење некој микс од класична и модерна. Сакам убава долга бела венчаница, цвеќиња, деверушичиња преслатки со исто толку слатки фустанчиња, убаво и елегантно, но би прескокнала некои делови од македонската традиција како чочеци и милион ора. Убави се како традиција и ги почитувам, но не ги сакам на мојата свадба. А исто така и максимално ги почитувам оние кои што си одат во матично и тап - си се венчаваат, без свадби. Ако не ми е мерак, што да трошам на свадба кога можам со истите пари да си купам нешто за идниот дом, за идниот живот?
     
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    И сега дојде тој момент.Бегање нема.Не сакав и сеуште несакам класична свадба.Ама немам сили да се расправам зошто е посилно од мене.Само спомнав ама сите беа :o .Си преќутеа,ама фаците им кажуваа се.Значи сакав само најблиските,најдрагите да си направиме убава веселба.Матичното и црква ги закажавме друг ден.Што фајде што ќе ми се соберат комшии и роднини што прв пат ги гледам.Сигурно нема да им биде мило да ја прослават нашата љубов,колку што ќе им биде мило на најблиските мои.Тоа и ми е поентата,дека свадбата ја правиме за народ,а не за нас.Место да си се прославиме од срце ,ќе гледам таму некои фаци.....Не дека нема да си прославам,ама штознам,не ја сакам идејата ич.
    А пак свеки,леле па како таа да не прави гооолема свадба,па нејзе сите ја канеле,а таа да не им возврати :o No way!
    И така си решив класика.Вереникот не ми противречи,ми рече ако сакаш интимна свадба ќе им кажам и крај ако треба ние ќе си ја платиме.Ама несакам дополнителни тензии.
    А и,нека имаат луѓето после за што да зборуваат.Нека ја озборуваат најубавата невеста и најубавиот младоженец што некогаш ги виделе :party: :lol: Зошто тоа и ќе бидеме 8) :geek:
     
  6. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Ако некогаш се омажам, сакам свадбата да биде нешто за кое би одлучиле јас и младоженецот и кое нам ќе ни се допаѓа. Сакам да не е строго класична,да има и нешто модерно, но не сакам да биде, пак, и нешто за кое што ќе се чудиме што е. Сакам да содржи адети кои се карактеристични за свадба во мојот крај, кои како што гледам по свадбиве, ги практикуваат. Нормално, не сакам да биде строго адет до адет (зашто, знаеме, половината од нив се бабини-деветини), туку сакам оние главните да се застапени, како земање на невестата од дома, туркање на вратата кај што е невестата, облекување на чевлите, фрлање на букетот, кумот да ја заигра невестата и др.
    Музиката сакам да биде македонска, не сакам ништо српско или пак песни од типот на „Милионерче“ . Главно би била народна, со песни и ора, но би имало и забавен дел, а пак на почетокот, кога ќе доаѓаат гостите, многу ми се допаѓа да се свири само музиката од некои странски и македонски забавни песни.
    За местото, многу сакам да биде некој ресторан во природа, особено покрај езеро, зашто обожавам природа. Ем поубави слики би се направиле (нема да е класиката-сликање покрај некоја градба која врска нема со нас), ем нема да е секојдневие.
    Кога сме кај бројот на гости, не сакам гигантска свадба со милијарда души, туку веселба со најблиските луѓе кои знам дека ме сакаат и секако би се радувале на мојата среќа, а не некои кои што никогаш не сум ги видела во животов и кои што не ни знам дека постојат, а и тие за мене.
     
  7. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Мислам дека мојата свадба ке биде комбинација од двете. Класично модерна :)
     
  8. Cello-PlaYer

    Cello-PlaYer Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    23
    Јас сум за класична свадба.
     
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Не би сакала мојата свадба да биде традиционална. Не сакам ора и таква свирка. И тие адети ме нервираат.
    Мала, пристојна свадба со фина музика, убав декор и невестински фустан од соништата.! И баш би сакала да биде на отворено со некоја добра група, кои ќе свират рок балади и песни за танцување.
     
  10. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Класична со модерни атрибути...ќе си средам јас се само нека ми даде некој доволно пари :wasntme:
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Најдобро би било - комбинација од традиционална македонска свадба со извесни елементи на свадба во западен стил.
    Идеално за мене,барем ;)
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    :D каква е класична а каква е модерна свадба. Секој си прави како му одговара, а ако се слушаат многу многу муабети од страна е тогаш сте нае.але :)
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    класична македонска свадба, најубава е зошто ние македонците за веселба и македонско оро сме први :D :D :D :D :D
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MadameButterfly

    MadameButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Дефинитивно сум за класична свадба, со сите адети... па секако македонци сме и треба да си ја почитуваме нашата традиција, а за модерна свадба со друштвото во кафич.. па тоа може да се прави и секој ден... не е свадба ако не тропне тапанот :D :D :D :D
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  15. PinkPanterka

    PinkPanterka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    155
    Сакам класична свадба со сите адети и обичаи ама би ја правела со ограничен број на луѓе.Несакам да викам роднини што не ме виделе уште од кога сум била бебе да ми дојдат на свадба и да ми речат:леле ти се мажиш па не сум те видела од бебе,ама нема везе сме дошле важно ќе се изнаиграме. :envy: Тоа ми се многу излишени муабети.
     
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Јас правев нешто измеѓу... во секој случај, треба да е онака како што двајцата млади си сакаат...

    Ние не сакавме црква.... живееме веќе заедно, па не сакавме невеста земање...

    Си бевме двајцата на фризер сабајлето, си ја накитивме колата (сами си се возевме), бевме на шминкање (јас), па се сликавме, па отидовме во ресторан. Таму дојде матичарот, пред приемот се заврши процедуралноста... после тоа прием, свадба....

    И двајцата не сакаме многу народно (башка денес има многу бендови што нашите прекрасни традиционални песни ги свират катастрофално)... па затоа многу внимателно го биравме бендот... сакавме она што е во народниот дел (а треба да го имаш - родители, тетки, вујковци... ) да е квалитетно... земавме и забавен бенд - затоа што ние двајцата мислевме дека на забавното повеќе ќе се радуваме...

    Најчудно од се беше што ние двајцата прекрасно си поминавме - иако тоа не го очекувавме - да не речам дека и гостите си поминаа прекрасно - забавниот бенд свиреше само 40 мин. - додека народниот распали до максимум.... тапани и се по ред... и сите гости беа превесели... пак ќе речам - најважно од се - ние бевме превесели.... :)
     
    На GordanaL и Lizbet им се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    би требало да се дефинира што подразбирате по класична а што под модерна?

    јас би правела класично - модерна, тоа значи сите традиции и адети,ора...ама ќе биде после доста забавна музика,аранжирано,декорации интересни,некои уникатни детали(огномети,изненадување)
     
  18. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    мојата ке е со класичноотварање јас и мојот сврешеник одевме на балет и хип хоп 10 години и затоа наставничка по балетни спреми класичен валцер со шпага и се друго на класична музика
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    Тебе нели свадбата те чинеше веќе 6000 илјади евра :D :D
     
    На MacenceEna и antonina им се допаѓа ова.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.644
    Пол:
    Женски
    Срефанијо мори стефанијооооооооооо опрај се веке детеееее :tmi: