1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Класична или модерна свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Ulata, 18 јуни 2011.

  1. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Модерна.
     
  2. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Ќе дојде и времето кога ќе треба да одлучувам , сега за сега и двете ги сакам :wasntme:
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Класична. Многу ги поштувам обичаите, а и македонските песни и ора кои се свират. Модерна е досадно според мене. Секако после вечерата во ресторантот не се свират ора, туку забавни песни кои ја прават свадбата класично-модерна. :)
     
  4. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Нешто измеѓу, ке најдам јас златна средина :)
     
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Да дувнам прашинка од темава.
    Досега со другаркиве правевме муабети околу ова, си најдовме која што ќе сме си, се изнасмеавме, сега уште хероите да се најдат и спремни сме за свадбен поход. :lol:

    Не, рано е сега, сега всушност и не знам дали би сакала свадба, ама (ако) кога ќе дојде до тоа, за волја на најмилите спремна сум за компромис.
    Во некој мој филм, сакам атмосфера нешто ко во November Rain, секако, без погребот :D , а друго не знам што би сакала, ама затоа знам што не сакам.
    1. Земање од дома - посебно не ако претходно сме живееле заедно. Нема смисла. Плус ме нервира она натегање, чек ние ќе се полеваме, снајкава ќе ја дрви в соба, па после ајдеее, вади зете парите.
    Абе? Кравата на Маринчета сум, па ќе ја пазариме. Држ се - не дај се. Јок! :!:
    2. Гости до 350то колено - Де? Лице не им знам, не се јавиле да видат која сум и како сум т.е. не ни знаеле дека постојам, а сега опа бато, ќе рипаме на снашката, пардон, свадбата. Преферирам двоцифрен број најблиски, максимум стотка, нели, со плус-минус некој.
    Не ми е мене да лечам мои или родителски комплекси како тоа јас сум била најубава снајка со најубава и најбогата свадба за која ќе се збори надолго и нашироко за да пукну душмани и да се мерат ташаци, туку да прославам со оние што од срце ќе се радуваат.
    3. Најглупото за мене нешто - изнајмување локален сликар за да ме направи као демек јас пепељуга застаната у пизду матер таму на крај на дворот, а лепи пред камера клекнат со просјачки став ко демек ќе правиме оптичка варка дека ме држи во раце, додека горе, иза облака, ми пловат лебеди со розови машни на кои стои датумот. Крај. :D
    Сакам бре да се долови права емоција во рандом момент, не да ме мести 5 саати, па дури ги местат сите детали, мене насмевката да ми се спљува ко зеље во каца со расол.
    4. Неќам венчаница во горенаведениот пепељуга стил која ќе ме чини стотици, па и илјадници евра, дури и мислам дека радо би изнајмила отколку да купувам. У склоп на венчаницата, неќам ни сарма фриз со шљокици, плус мојава коса колкава е, ќе изгледам ко паун да носам на глава.
    5. Поканите да ми се со “Поклон во плик“ - Мислим, ако носат, у реду, ако не, здравје. А ако сум ги поканила за да им гледам во раце кој што донел и да се муртам види цела фамилија ми се трупнала со ефтин сервис, поарно нема ни да ги канам штом ми било за донесеното, а не за честа што ми ја направиле да дојдат без разлика на финансиската состојба. Нит пак сакам да одам од маса на маса да збирам милостиња. Ако не па ај нека си ја платат сами порцијата. |(
    6. Неќам да се корнам од корен! И остали рум-дум-дум. Нека има на почеток некое орце за адет на постарите, да се растресат цицки, мандала и ташаци, да се изљубат сочно сите коловоџи по 3 пати, ама откако ќе се изморат, може наше изворно, а подоцна кога веќе ќе се папсани, обавезно некој прифатлив рок за сите. И ќе пеам ако треба, барем тоа ме бива, да се пофалам. :$ :lol:
    Отварање исто со некоја рок балада. Крај! Без рок не ни зборам за свадба!
    Ја би искрено да ечи олд скул рок и метал, а јас да бидам снајка во конверс или мартинки, ама постарите како ќе шизат е прашање?
    За мене тоа, па ќе разгледаме и предлози од страната на будучиот супруг и така ќе склопиме нешто што ќе одговара на сите. Здравје Каљопо, сега врати се во реалноста.

    Е, така, си ја испланирав јас цела свадба, а од зет ни трага.
    Барем си запишав, да видам дали за некоја година ќе ми се смени мислењево. :lol:
     
    На Usagisan29, elanor, GordanaL и 2 други им се допаѓа ова.
  6. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    Класична свадба повеќе би сакала :)
     
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Реално, тие што плаќаат ако се малку по ачик, тие ја бираат свадбата, односно бираат на кој правец ќе оди. Од причина што ние сами си ја плаќаме, кога видовме дека и мои и негови излагаат некои чудни адети и редови, и милијарда гости, рековме стоп. :!: Не ни требаат пари да ни ја платите, ама нема и да ни се мешате. Нас единствена желба ни беше се да биде едноставно, да има музика за сите освен за турбо фолкери, жалам, да го имаме најдобриот фотограф, и се да биде од живо цвеќе. И секако, максимумот беше 120 гости, од кои што 80 се наши пријаели и колеги, а останатото нека си го делат старите. Адети, ич. Дефинитивно микс од класика, со модерна елеганција. Ама не и цела свадба со музика за мрдање газови, нити пак само чочеци. Златна средина! :)
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    ни кај нас нема да има чочеци и турбо фолк песни, ништо од тоа. Адети колку да се рече дека е свадба и толку! секако класична со македонски и песни и ора - читај правото (невестата само тоа го знае, и така на долг фустан не се познава шо играш :lol: :lol: :lol: ) и забавниот дел ју рок и македонски песни...модерна свадба со минимални примеси од класичната :rock:
     
  9. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Мојата свадба здравје ке биде комбинирина без многу адети и сл. Никој не направил таква свадба каква што сакам ја. На денот не сакам сватови дома само сакам де4ко ми да ме земе со лимузина и потоа да си врвиме да правиме фото сесиии низ градот потоа во црква или обратно и потоа матичното да ме 4ека во ресторан ке биде супер може и претерано ама еднаш се мажам и сакам да биде совршено се што ке дознаам сакам да имам а парите не се проблем ама и4. Мојата најдобра другарка ке се мажи и и помагам за свадбата затоа што знам што е најдобро и заедно бираме се. Само коа ке се доближи месецот малку ке ги контактираме сите што сме ги одбрале. а Мојот ден одваи 4екам да дојде :$ :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Моите родители и баба ми беа вчера на свадба. И вечерта ги собирам јас со кола и прво прашање нели како беше свадбата и баба ми како од пушка "м ич не убава" :lol: Викам како бре така, зошто така зборуваш. Вика е што свадба ли е тоа секој сам по сам игра, не е свадба без ора :rofl: И мајка ми после обајснува вика абе се си беше по сите редови и адети, само поголем дел од вечерта свиреа забавно, отколку народено (затоа немало ора и секој сам по сам играл :rofl: ) и вика повеќе беа млади кој си се изнаиграа. Ама на сите неможе да им се погоди, затоа терајте си го својот филм.
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.106
    Пол:
    Женски
    Јас правев класична свадба, ама без одење по невеста и другите адети. На свадбата имаше само народна музика. Забавна музика немаше бидејќи бевме малку млади.
     
  12. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    повеќе класична ама и со мал дел на модерна свадба :P
     
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Сакам некоја мешавина :D Сепак ние имаме доста адети, не би сакала сите да ги поминувам :)
     
  14. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    Кај нас ке биде и класично и модерно секако и адети ке имаме како одење по невеста и оние адети дома што се прават
     
  15. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Женски
    Модерна. Од обичаите ќе имаме само венчавање во капела (нема црква таму каде што ќе бидеме). Долго се мислевме помеѓу тоа или да викнеме матичар таму каде што ќе биде забавата. Сепак, сакавме да се земеме во црква. Таму каде ќе се мажам црковните лица играат улога и на матичар, така да не е потребно одење и во општина. Малку гости, модерна музика со мал блок македонска музика. Не може без малку чочек :D
    Забавата после црква ќе биде на отворено, во зеленило со многу цвеќе и фенери со свеќи кога ќе се стемни. Знам само дека со тортата ќе ги измачам слаткарите тука, затоа што ќе сакам нешто наше - реформ, гријаж или слично. А овде има само некои пандишпани со тенок, најтенок на планета фил помеѓу двата слоја, а главната фора се декорациите од фондан. Ама мислам дека најдов една разбрана жена, па ќе видиме :lol:
     
  16. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Нашата свадба беше нешто помеѓу :lol:
    Иако живеевме заедно 3 и пол години, татко ми имаше желба да ме изнесе од домот во кој сум израсната во венчаница. И секако дека не му ја ускратив желбата. Значи дојдоа по невеста, ,,буткаа,, врата деверот ми ги облече чевлите и родителите скршија погача која ја донесе свекрва ми. Матичното ни беше завршено месец дена пред свадбата и ако не истураше дожд имавме закажано фото сесија во стара чаршија, арно ама врнеше корнеше и затоа си отидовме во студиото на фотографот па таму направи неколку фотографии :rofl: :rofl: :rofl: После тоа си отидовме во ресторан каде ги пречекавме гостите и забавата започна. Влезот ни беше со песната You never can tell, Chuck Barry, па следеше нашата песна (Edith Piaf & Andrea Bocelli, La vie en rose) потоа уште две три забавни, па неверојатен прелаз напрвото оро што го води невестата, па зетот и толку. Имаше народна музика околу 1 час, па свирка со репертоар ретро музиче ;) Вечера, па повторно две три ора и потоа до крај бендот со модерна забавна музика :emo: Интересно беше што немаше класично фрлање на бидермаерот, туку старосватицата ми ги врза очите со сатенска лента. Сите девојки кои сакаа да го имаат бидермаерот беа во круг околу мене и се врте, а јас во средината играм на италијанска фолк песна Che la luna и кога заврши песната го предадов бидермаерот на девојката која беше најблиску до мене ;)
    Извинете за долгиот пост, но сакав да споделам искуство, а можеби некому и ќе му помогнам за добивање идеја :clap:
     
  17. jojo9

    jojo9 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Ми се допаѓа идејата со бидермаерот :D И ние сакаме нешто измеѓу, така некако ми е најубаво. И ќе им ја исполнам на моите желбата за потрадиционално нешто, и ќе си имам забава по мерак. Ние скоро бевме на една свадба која си имаше од се по нешто, а во ресторанот имашет прво вртење ора, чочеци, па дел нешто рок-твист, па пак орце, чочече, и на крај веќе кога само најиздржливите останаа имаше музиче така за млади баш што ми беше совршено ;)
     
  18. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Дефинитивно микс од двете. Сакам и дел со народни македонски песни и дел со забавни песни. За сите луѓе по нешто едноставно, затоа што претпоставувам дека нема само стари луѓе на свадби.

    Црква, оро пред куќа, зграда обавезно. За мене свет чин е венчањето во црква и мислам дека кога ќе видам жена во црква со невестински фустан нема нешто поубаво, помило и повоздигнато од тој момент. Сите невести се убави тој ден, зрачат со енергија, радост, среќа. Сакам убава, нормална, културна свадба со весели луѓе, забава, играње, а не паѓање во трансови на ора, пијанчење и глупирање.
     
  19. Stefiks

    Stefiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Jaс гласам за класична свадба, поубава ми е од модерната. Да си заиграш орце некое :D адетите да се направат, да си повикаш повеќе гости, да се направи убава и голема веселба ;)
     
  20. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178