Во последниве две години само и тоа слушам, класична и опера. Денес се дружам со Инеса Галанте и “Турандот“. Прекрасно!!!! <3<3
На ЦД-то што го слушаш и каде ја има аријата...„Tuche di gel sei cinta..." од „Турандот“, ја има и мојата омилена од „Mаdame Butterfly“, "Un bel dì, vedremo..." Не знам подобра верзија (за мене) од онаа на Калас. Сега ќе ја слушам целата опера, во позадина, додека работам. Фала!
Сексуализација на изведувачите на класична музика за зголемување на публиката секогаш ми изгледало претенциозно, евтино, на ниво на богохулие, но, во случај на Јакуб Орлински е оправдано, типот изгледа како „Давид“ на Микеланџело ... Уживање!