Секогаш кога го слушам Бах се потсетувам на Емил Сиоран : „Музиката на Бах е единствен аргумент дека создавањето на универзумот не е целосно промашување. Без Бах Бог би бил второстепена фигура.“ (Првата верзија е на Артемиев од „Соларис“, втората, сцената од филмот на Тарковски, третата верзија, оргули и виолончело, последната, верзија за харфискорд.)
Inessa е фантастична... накратко кажано. Премногу ,премногу емотивно, нејзиниот глас ме прогонува долго откако ќе ја слушнам. Можно е да ја имам постирано, но премногу ми се допаѓа целосната композиција од почеток до крај. Многу е полетна, жива. Никогаш довршена опера од Моцарт, меѓутоа полна е со оние својства што го обележуваат неговото творештво... Гениј. Со оваа отеков, си ја слушам секогаш кога ми треба поткревање на духот и волјата. Мојата омилена изведба од “Кралица на ноќта“ . https://youtu.be/8QT7ITv9Ecs Whimsical! https://youtu.be/KpOtuoHL45Y Old love. https://youtu.be/6awzmkHTtrs https://youtu.be/yDQgSUjgmDI Моќно! Инаку дали сте забележале дека текстовите во оперските дела се прејаки? Во буквална смисла...драма, љубомора, страст, одмазда, смрт, љубов... Јас обавезно си ги читам и текстовите па си ги преведувам.
Затоа што е пролет, затоа што Стравински е одличен, затоа што „Посветување на пролетта“ е ремекдело, затоа што путинизмот не може да биде изговор за негирање на светското културно наследство...
Либретата на оперите се „предимензионирање“ на основните човечки чувства, издигање на секојдневието на метафизичко ниво, ритуализирање на човечките ситуации, човечки pathos кој секогаш одново се „одигрува“... Затоа се „моќни“. И згора на тоа, операта е комплетно дело, комбинација на сценографија, костимографија, музика, театар. Потсети се само на „Валкирите“ на Вагнер што требало да траат неколку дена и сосема да го „заменат“ светот. Но, тоа е „модернизмот“ на комплетните дела. Сега знаеме дека стварноста е незаменлина и уметноста не може да ја замени. Но, можеме да уживаме во неа, сепак.
Не знам зашто класичната музика се смета за сериозна музика, јас од 7 годишна возраст слушам класична музика уште кога почнав да одам во основно музичко се вљубив во овој жанр.
Нема лош ден или период што Јохан Себастијан не може да ми ги поправи, барем за малку... Фала ти маестро.