Треба да ја преслушам темава, многу ретко сум расположен за класична. Но кога сум сакам да е малку мрачна.
Изборот е одличен... само не сфатив чија верзија на „Палеас и Мелисанда“ е оваа твојава... Јас ги сакам најмногу тие на Форе, Шенберг, секако, операта на Дебиси, веројатно по која е најпозната адаптацијата на делото на Метерлинк... Лакримоза отсекогаш ми се допаѓала. Мрачните „расположенија“ во класичната музика ми одговараат...
Најдобрата верзија на Стабар Матер од Пергозели што јас сум ја слушнал.Споредбено со ова, за мене, верзијата на Jeroussky, звучи како пискање. Chapeau bas. Штета, квалитетот на видеото не е висок.
Ремек-дело, соодвествува на времето...Отсекогаш реквиемот на Моцарт, повеќе ми се допаѓал од оној на Верди ; иако тој е музички попрефинет...Моцарт е поп-музичар на своето време, а овде е вистински goth.