https://operabalet.mk/event/валкира-рихард-вагнер-софиска-опе/ Ако сѐ уште не знаете оваа година ќе се постави „Валкира“ од Вагнер на Мајски оперски вечери. Нема да биде како во Метрополитен операта, како погорното видео, но, верувам дека ќе е солидно. Вагнер и онака ретко се поставува, затоа што изискува разновидна сценографија, многу солисти и учесници на сцена. Не се сеќавам кога била последен пат поставена во Скопје. Ако некој знае би сакал да ми каже. Во секој случај, е убава прилика да гледаме дел од Прстенот на Нибелунзите. И земете си нешто за на пауза, зашто трае 5 часа!
Еден реквием, особено оној на Моцарт (покрај тој на Вивалди) е супер аналогија за крајот на една недела, како симбол на крајот на еден живот. Од утре почнуваме одново. Безвременско ремек дело!
Генијалниот прв албум на Орлински, како продолжување на Виенскиот концерт пладнево. Премногу уживање, ми се синхронизираат хемисферите.
Маестрално, колку и а не ми се допаѓа оваа претенциозна сексапилност... Постојано се враќам на видеото, не можам да го заборавам гласот.
Здраво, видов на интернет дека во Скопје во филхармонија на 24.02 ќе настапуваат The Symphonians со композиции од Ludovico Einaudi, но настанот е објавен и картите се продаваат само на страната somewhere.show која до сега не сум ја слушнала. Баш би сакала да одам на настанот, но малку сум скептична да ги купам картите директно од таму. Дали можеби некој од вас има купувано од таа страна или има воопшто нешто разбрано за самиот настан?
Ти одговорив во порака во однос на квалитетот на музичарите, но, ти си мислела конкретно на легалноста на сервисот што ги продава билетите. На никоја од вообичаените македонски страници на кои се купуваат билети за вакви настани не го наоѓам настанот, што е необично. Барем јас не најдов. Ниту пак концертот е во репертоарот на Филхармонијата, колку што јас гледам. Сајтот, според мало истражување се чини дека е легален. Но, ова онлајн ништо премногу не значи. Инаку, никогаш не сум купил билет од нив. Ако си толку заинтересирана тогаш јави им се во Филхармонијата и прашај ги нив. Нивна е салата, тие сигурно знаат.
Фала ти Им се јавив во филхармонија, недела дена веќе ме префрлаат од еден колега на друг и никој не ми дава конкретна информација. Имало договори за закупување на салата но уште ништо не можеле да ми кажат точно, а на самата страна има веќе продадено неколку билети и се ми беше некако чудно затоа и пишав овде.