Поише guilty се осеќам за класична музика пошто имам трауми од детство ме заебаваа како можело дете да слуша класична музика
За мене нема посоодветна музика за дождливо време. Солистот, брилијантен иако малку „преагресивен“ за мој вкус. И повторно да го „изрекламирам“ каналов.
Пролетта отсекогаш ме потсетувала на Дебиси. Веројатно е сосема соодветно да се преведе со „Мечтаење“ композицијата. Каква суптилност, како чувство пренесено со музика!