Ај Ве молам..правам проект за музиката на Бетовен..И барам ко луда ама нишо нема..само биографија има :/ ..Ве молам дајте ми нешто за музиката на БЕТОВЕН! Фала Ви однапред!
Па има бе, еве во статијата од Википедија, под биографијата има за музиката. Што поточно ти треба? Ова е копи пејст од таму: Црковна музика Бетовеновата карактеристично лична верба во Христијанството, верба која ги негира конвенционалните обичаи јавните изложувања, беше раздразливо тестирана низ годините на оглувувањето, но двете Миси произлегоа токму во овој период. Првата, Мисата во C-dur, е добро парче Бетовеновска музика. Втората, Missa Solemnis, е парче од најдобрата музика на деветнаесеттиот век. Веќе кон јуни 1819 година Бетовен му напиша на неговиот ученик, надвојводата Рудолф, кој беше назначен за Надбискуп на Олмуц наредната година: „Денот кога Големата Миса компонирана од мене ќе биде изведена за време на церемониите осветени од Вашето Империјално Височество ќе биде најголемиот ден во мојот живот.“ Многу наскоро тој започна да работи на својата D-dur Миса, Missa Solemnis, но оваа моќна, нескршлива творба, не беше завршена до 1823 година. Не постои друго парче религиозна музика воопшто напишана, кое би можело да се спореди со Missa Solemnis, како дело во кое излегува на површина борбата на творецот да достигне го внатрешениот мир, со неверојатни динамички контрасти и пасажи кои поставуваат енормни барања од оркестарот, а особено солистите. Можеби највпечатливата секција е Benedictus, масивна, Готска концепција која кулминира во десет-минутно виолинско соло со екстремна убавина која што води, како некоја голема папска процесија, кон Agnus Dei, секција што во себе инкорпорира остра, скоро војничка декламација. Поларната спротивставеност на голем број Миси, е огледана во дезориентираната откриеност на делото, некојпат смирена, некојпат напета, но секојпат длабоко спиритуална. [уреди] Симфонии Со деветте симфонии, Бетовен го револуционаризираше оркестарот и ги испреврте сите поранешни приоди кон симфониската форма. Првите две, комплетирани во 1800 и 1802 последователно, се отворено базирани на Моцартовата и Хајдновата музика. Но третата, Eroica, навести тотално нов концепт на мерила. Од петтата до деветтата напето се ослободуваат од притисокот и структурата на класичарските стеги и подвижно продолжуваат кон се повеќе романтичарскиот, субјективен приод кој превагнуваше во средината на деветнаесеттиот век во Европа. Бетовен ја заврши својата Деветта симфонија ви 1824; само шест години подоцна, Ектор Берлиоз ја напиша својата Фантастична Симфонија. Првиот пат целокупниот циклус поставен на снимка се случи во 1930-те од Feilx Weingartner. Од тогаш, над педесет диригенти ги имаат снимано овие неверојатни дела, иако, искрено кажано, некои кои што не требало воопшто да се мачат. Има неколку, сепак, чиј приод ја доловува атмосферата на автентичната волја на големиот автор. Четврта симфонија, B-dur, Op. 60 Период на компонирање: летото 1806. Издадена 1808 од Kunst und industrie Comptior. Посветена на грофот Франц фон Оперсдорф. Прва изведба: Март 1807 После компонирањето на „Ероика“, Бетовен започна да работи на петтата симфонија, но ја остави на страна кога доби побарување за симфониско дело од страна на грофот на Шлезија, Оперсдорф. Не е познато зошто скиците за петтата симфонија ги оставил настрана, но се претпоставува дека дело од таков тип не би му било по вкус на грофот, но исто така веројатно Бетовен има заклучено дека бурата на петтата симфонија би направила помал впечаток врз слушателите кои беа опчинети од величината и блескавоста на третата, па затоа е потребна композиција со поконтрастна содржина. Грофот бил ревносен љубител на музиката и инсистирал секој кој е во негова служба, да мора да свири на инструмент. Па така оформениот оркестар ја извел симфонијата во дворецот на грофот во 1806 година. Исто така, грофот ја задржал симфонијата 6 месеци додека не му ја отстапил на Бетовен за да ја објави. Првпат за пошироката публика симфонијата е изведена во март 1807 и според Шнидлер, таа добила фаворизирачки реакции од целата поблика: „Нејзиниот допир со публиката остави поголем впечаток отколку било кое негово дело досега…дури повеќе и од симфонијата во Ц-дур“. Виенската критика исто така позитивно ја воспеала новата симфонија. Бетовеновата четврта симфонија постојано е посочувана (заедно со другите симфонии на парни броеви) – како една од „посветлите“ и непомрачени дела. Оваа карактеризација не е соодветна мерка за нејзината вредност. Самата почнува во, за Бетовен мистериозниот Бе-дур, кој ги дели најдлабоките Бетовенови дела: Триото за пијано „Надвојводата“, сонатата за пијано No.29 и Гудачкиот Квартет No.13. Оваа отфрлувана симфонија е духовита, но сепак, вознемирувачка креација, со првиот став кој потсетува на титанската сила на првиот став од Ероика. Расположението на Adagio-то исто така наликува на погребниот марш од Ероика. Позната е изјавата на Роберт Шуман за симфонијата, дека ова дело личи на „витка Грчка девојка меѓу два Нордиски џинови“, која сепак, не и донесе некоја поголема слава, ниту пак верно до крај ја оцени по нејзината содржина.
Profesorkata po muzicko ni ja pustase sekoj cas klasicna muzika i pocna da mi stanuva ubava i epten sum opustena koga ja slusam
Овие ми се омилени : http://www.youtube.com/watch?v=it7DPV9SJyY http://www.youtube.com/watch?v=_4IRMYuE1hI http://www.youtube.com/watch?v=4tDYMayp6Dk http://www.youtube.com/watch?v=pI-IOh3DxUU
Слушам класична музика, се релаксирам на истата. Бентовен и Моцарт се на листата на најомилени изведувачи, а и Болеро ми е омилена песничка.
Ја сакам класичната музика затоа што ме опушта, смирува, ми ги разбиструва мислите, расположува, инспирира.... Омилени ми се композициите на Чајковски, особено музиката од балетот Лебедово езеро, просто те тера да посакаш да станеш балерина. Еве ви неколку извадоци, се надевам ќе уживате http://www.youtube.com/watch?v=ph3h2IJA ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=1ea90L91eZk
<object width="425" height="344"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/c1iZXyWLnXg?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/c1iZXyWLnXg?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="425" height="344"></embed></object>
http://www.youtube.com/watch?v=WYeDsa4T ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=G_U4k_lc ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=juLRqSV45vo http://www.youtube.com/watch?v=WahcTznCRm4 Обожавам класична музика и често си слушам
Попримив од мајка ми љубов кон оваа музика. Најмногу ме релаксира, такво опуштање ретко да доживеам. Со еден збор љубов. Не сум љубител на музика, но класичната ме внесува во свој посебен свеет каде лебдам безгрижно, кротко, смирено. http://www.youtube.com/watch?v=awtWSj_qTkE
Слушам уште од мнооогу мала, од околу 2-3 години. И секогаш се релаксирам кога слушам. Толку е едноставна а сепак моќна, толку те растреперува а сепак чувствуваш мир...
Е како си ми погодила Hipica една од моите омилени хорски композиции,толку е мокна.Ја имам пеано иначе и чувството е неверојатно,дури некако возвишено http://www.youtube.com/watch?v=_1fLYWj9wME
Мислам дека ке ти го зголемам уживањето.Една од моите омилени арии и оваа е изведбата која најмногу ми се допаѓа.Девојки се надевам нема да ви пречи ако ве опсипам со моите омилени класични дела,зашко класика ОБОЖАВАМ. http://www.youtube.com/watch?v=r7O34hHo6tw Од истоимената опера Кармен http://www.youtube.com/watch?v=lsejrhPj ... re=related Два од моите омилени валцери http://www.youtube.com/watch?v=mmCnQDUSO4I http://www.youtube.com/watch?v=60dMjc9M ... 15E1B830F3 Чајковски-Патетична симфонија број 6 http://www.youtube.com/watch?v=yhhsTBQz ... E417DD8C57
Имам слушнато дека таа музика помага за смирување па понекогаш кога сум нервозна знам да пуштам некое дело од Бетовен или моцард, но искрено па и нема некој голем смирувачки ефект. Тоа е.
^ Може да те смири ако го исклучиш мозокот и воопшто не се замараш да ја слушаш, а искрено мене не ми е логично тоа што повеќето го велат - дека класичната музика ги смирува, не е компонирана за да смири некого, туку за да пренесе чувство, време, настан, поента. Не може да те смири нешто толку комплицирано, кога слушам некое дело се обидувам да го препознаам секој инструмент, да слушнам како звучат заедно, внимавам на деловите на композицијата, се обидувам да си претставам какво чувство сакал да пренесе композиторот, се обидувам да дефинирам какво чувство предизвикува кај мене - би рекла дека ме активира, а воопшто не ме одмара.
Бидејќи многу слушам класична музика и уште од многу мала, не ми се допаѓа кога луѓето строго шаблонизираат дека класичната музика по дифолт смирува.... Пред се, има многу автори, многу правци, многу доби со најразлични елементи, инспирирани од најразлични движења, периоди, настани... и така натаму. Има композитори кои душата си ја имаат "истурено" во делата - болка, тага, гнев, среќа, мечтаење... што е далеку од смирувачко.... Од сите правци, највеќе го сакам романтизмот... Шопен ми е еден и единствен. Понајмалку смирува. Неговите дела се преполни со емоции. Слушајќи го (особено познавајќи го неговиот живот), преживувам милион емоции... ме полни со инспирација... со некои емоции што се едноставно бијонд зборови. http://www.youtube.com/watch?v=fBA-38mzabs Го сакам и Бах. Затоа што со неговата метрика и многугласија ти ги држи емоциите во рамки, што допринесува да вријат се повеќе и повеќе.... http://www.youtube.com/watch?v=JcFHuUJE0mU Рахмањинов... просто феноменален во неговите акорди и прелази... зборови немам да опишам што чувствувам кога го слушам... http://www.youtube.com/watch?v=wXQCPAR0EHo Маестро....