Класична музика по дефиниција ми е нешто што би можела да го отсвирам сама. Oвие три ми се меѓу омилените, а „Фонтаната на Дијана“ ми е ептен при срце - во видеото почнува од 00:58. All time favourite ми е музиката на Чајковски, посебно овој валцер, мелодија на детството ми е и татко ми не пропушта прилика, а да не заигра со мене додека го слушаме. Во спротивно, ме тормози да му свирам цело време.
Секој ден, секој ден, постојано слушам, така пораснав еве ви поздрав од мене, од мојот денешен репертоар:
50 минути вредно потрошено време. Давид Ојстрах ми е омилениот виолинист. Има некоја строгост и почит кон виолината, вистинско уживање ми е да го слушам. Јаша Хајфиц, на пример, има повеќе емоција, поетика и љубов, ама Ојстрах ми е ненадминлив.