Уживам во класичната музика, иако не ја слушам толку често. Треба повеќе да ја вклучувам во секојдневната музичка листа. Пред некој месец се заразив со една песничка, одеше во позадина на некоја реклама, ама толку беше заразна, се уште си ја свиркам. А, никако да ја најдам, поим немам ни што ни како. Неколку од омилените:
Слушам понекогаш, зависи од расположение. Многу ја ценам класичната музика, ми дава некое посебно чувство и како да ме враќа во минатото, ме носи во некое друго време.
Учам средно музичко и верувале или не, на прсти се бројат тие што ја сакаат класичната музика и ја слушаат во слободно време, без разлика на тоа што ја свират. Денеска на пример, имавме концерт, камерна музика кларинет и клавир. Ај што едвај успеаја да не качат у сала горе, после пола саат сите заминаа, а останавме горе максимум 15 души, а музичко учиме, класика, замисли. Малку забегав од темата, oк. Мене класичната музика ми е на прво место, и и нема замена. Обично слушам музика од 20 век, омилен композитор Rachmaninoff..опседната сум со него. Има многу добри дела,а и познат е по неговиот 3 концерт во Д мол. Еве линкчиња од неколку омилени композиции негови: (оваа моментално ја свирам)
Мислам дека човек добива поинаква перцепција за класичната музика кога ќе треба да ја свири. Вака пуштена на јутјуб, цеде или плочи, сè делува така лесно и глатко, како природно сè да си доаѓа на своe место. Ама кога ќе треба да отсвирите нешто - не е толку забавно Шала на страна, вежбањето може да биде многу напорно, ама кога ќе се синхронизира еден оркестар, сфаќате дека ништо не било залудно. Јас уште си ги чувам нотите, често ми доаѓаат при рака кога средувам и чистам. И можам да приметам дека сè уште ми стојат во меморија после толку години. Од поновите композитори најчесто го слушам Ludovico Einaudi. Секогаш имам некои измешани чувства кога го слушам.
Обожавам класична музика, многу често ја слушам за релаксација, иако немам допирни точки со музичко образование. Оревокршачка од Чајковски ми е посебно омилена овој предпразничен период.
Класичната музика е убедливо најкомплицираната музика некогаш создадена. Темел за сета музика денес што ја слушаме. Многу луѓе ја доживуваат во смисла “ убава ми е кога читам, се релаксирам“. Класичната музика е многу повеќе од релаксирање. Научниците утврдиле дека со класична музика ненормално се развива мозокот и се создаваат ненормални позитивни и смирувачки вибрации. Плус, да не набројувам дека еден обичен класичен музичар вложува години и години ненормален труд за да постигне некое скромно ниво на изведба.
Обожавам класична музика, најрелаксирачка ми делува. Од постарите слушам која како, а од поновиве омилен ми е Лудовико Ејнауди, стварно му се добри
Само Andre Rieu го слушам и ги гледам настапите интересни ми се..http://andrerieusnowglobe.com/ecard-serve/card/snowglobe.php