Класичната музика ја засакав благодарение на татко ми. Човекот е љубител на класична музика, а истовремено и на техника, па во периодот кога се роди брат ми (рани 90ти) имаше купено музички систем со ЦД! WOW! Кое достигнување за тоа време. Постојано купуваше ЦД-иња со класична музика, Vanessa Mae и Vangelis. Омилени ми беа и до денес ми се годишните времиња на Vivaldi, O Fortuna од Кармина Бурана и Nessun Dorma од Turandot. Се уште памтам, брат ми како бебе имаше епизоди кога плачеше без престан од ништо и само Зимата од Вивалди го смируваше.
Македонско девојче https://www.youtube.com/watch?v=-tTciCMzKvw https://www.youtube.com/watch?v=cK_0eLUBc9M&feature=share <3
Обожавам класична музика... од модерниве пијанисти омилен ми е Ludovico Einaudi, гледам дека многу го имаат објавено во темава и баш ми е драго... Ги обожавам и концертите на македонска филхармонија, кога мм свиреше таму одев редовно...сеа малку поретко, но сепак одвојувам време барем 1 во 2 месеци да ги слушнам. Еве нешто и од мене: https://www.youtube.com/watch?v=lEWSHqlw_bQ