1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Клемпави ушиња на бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од Ana-lib, 19 април 2020.

  1. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    2.000
    Пол:
    Женски
    Toa ti e genetika !
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Повеќе ми изгледа дека мајката има поголем проблем со клемпавите ушињата отколку самото дете. :?:

    Инаку психолошки гледано големите уши не' асоцираат на глуп, несмасен човек, шо медијата го има вметнато во кинографијата векови наназад за појасна да им е сликата на гледачите, дека сепак сите знаеме порано филмовите биле без тон. Е сега тоа влегува во потсвеста на луѓето и затоа сега луѓето можеме послесно да ги “етикираме“ како глупи, смешни, злобни, паметни. Во повеќето случаи и сите сме сведоци дека ни е паметен секој шо носи наочари, ни е глуп секој со клемпави уши.

    За совет, да не му набива комплекси на детето за клемпавите уши кој шо му се генетски наследени, туку кога ќе порасне да го научи да си се сака себе си какво шо е. Никој не може против природата. Каков шо те дала таков ќе си.
     
    На mariz, Kaetana, Mari* и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Арни им се ушињата на бебињата, предрасудите на мајките се проблем.
     
    На Bubish26, mariz, ku4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Нормални дека децата, а посебно бебињата немаат проблем со клемпавите уши сега, но ќе имаат кога ќе бидат тинејџери, кога мамичка веќе нема е цел свет за нив и да ги убеди дека се нјубавите деца на светот. Па тогаш ќе трчаат да прават операции за да се задоволни со себе.
    Да не се лажеме дека сите ние сме задоволни со својот изглед и немаме комплекси. Шо би рекол мојот маж жените ќе родат по едно дете и ќе се направат 80 кг и потоа ќе се прават дека така си се сакаат, така им стои. Не, туку ги мрзи да се доведат во ред и да внимаваат на својот изглед.
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Што ги малтретирате бебињата? Тоа си е генетика, се наследува. Ако сакате цел живот стегајте го со ластици, каков му е генот,такви ќе му бидат и уши и нос и уста и цело тело. Мене ме нервираат мајкиве кога им ги стегаат ушите со ластик на бебиња, не може да слуша на раат детето и цело време стегнато во главата. Подобро ставајте им од оние јастучиња за да ја држат правилно главата, да не лежат цело време на една страна или на грб, бидејќи коската на черепот им е мека.
     
    На Sexybaby86 и mariz им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Со ханзаплас му ги лепиш? Пробај залепи си види како е само пет минути.
     
    На Bubish26 и mariz им се допаѓа ова.
  7. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Јас сум жив пример дека на детулето му сметаат клемпавите ушиња. Правев пластика поради нив, и секако на нас мајкичките нашите деца ни се когаш најубави како ние на нашите мајки, но кога заради таа навидум мала несовршеност ке станете предмет за нечиј потсмев итекако не е мала работа
     
    На LadyC, RAK91 и Ana-lib им се допаѓа ова.
  8. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Знаеш колку многу луѓе има што се нафаќаат на ваков зафат. Барем јас познавам доволно. А ако може да се спречи на време би било многу по безболно. Нити бебето ќе памети нешто, нити комплекс ќе има.
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    https://apteka.framar.bg/30052562/отостик-бебе-коректор-за-уши
    Еве види што постои и на кој начин може да му помогнеш на бебето со клемпави ушиња. Не е секогаш генетика во прашање.
     
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.286
    Пол:
    Женски
    Ги нашле таквите ко вас, наивни, за да прават пари.
    Ако ти си била искомплексирана и ти сметале сопствените уши, не му го наметнувај твојот комплекс на детето. И јас имам клемпави уши, па стално ја носам фатена косата од дете, никој досега не ме навредил поради тоа.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    За вреѓање вреѓаат децата и набиваат комплекси зависи со кои учи.

    Али дека со ханзапласт на седум месеци ќе ги корегира е нешто ново, некое научно откритие кое она го знае.

    Јас знам до шест недели за некаква корекција од позицијата во кое седело во матката да се корегира ( кај моето немало место за нозете и кога се роди му беа искривени и со масажи секој ден се регулираа, масажи покажани во болница од специјалист ортопед и физиотерапевт работеше со мене заедно додека не научам како да го правам тоа).

    За потоа има само операција и баш сега видов дека дури и се препорачува пред пет години кога рскавицата била помека. Ако сакаш да ги корегираш ќе мораш да се одлучиш на операција лепенкиве нема да ти помогнат.
     
    На mariz, ku4ence и Annath им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Маж ти прво нека роди па тогаш нека збори за жените кои родиле и се направиле 80 кг.

    Ортопед не препорачува никакви јастучиња. Не препорачува ни бебе да лежи на страна.
    Коската на черепот не е мека, мек е само еден дел кој се затвора до 2 месеци.
     
    На 0ли, Sofi.ja, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Умрев готово:rofl:
     
    На ku4ence, Kaetana и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Лесно е кога не доиш да кажеш ај ослабни.
    Маж и не знае која гордост ми се стриите на стомак. И 20 кг плус.
     
    На tara111, mariz, Sofi.ja и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
  17. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Дојам и јас па успевам и да вежбам и сама детето да го чувам и да ослабам и да изгледам супер.
    Се плашев и јас за млекото ама напротив млекото ми надојде бидејќи почнав да се хранам здраво и да пијам многу вода.
    Еве иако ти и некои други погоре на дрзок начин одговарате, јас сепак ќе останам неиспровоцирана.
     
  18. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Епа ете си имала среќа да бидеш опкружена со луѓе што не се како тебе да навредуваат и да се праат многу памтни.
     
  19. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Баш за тој ластик стегач прочитав неколку коментаро во други групи, успеале да им помогнат да ги доведат ушите колку толку во нормала.
     
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.602
    Пол:
    Женски
    Ако сите ние земеме само пола од енергијата што ја посветуваме за барање начин да коригираме "недостаток" кај нас и нашите деца, и ја вложиме во тоа да ги воспитаме дека сите сме различни, и дека сето тоа е ок, со цел од нив да створиме деца кои ќе немаат никаква потреба да зафркаваат други деца на основ на тоа што се поразлични од нас, светов ќе е многу подобро место.

    Знам колку се гадни зафрканциите како деца за деца кои биле со клемпави уши, или дебели (како мене)… или со наочари со диоптер... Ама еве ќерка ми ја учам дека сите сме различни и дека баш би било досадно да сме сите исти. Дека светот е шарен и убав, и дека сите во него сме свои на свој начин. И дека некој ќе има поголем нос, некој помал, некој ќе е подебел, некој послаб.. и дека сето тоа е нормално, и природно.

    Сметам психолошки дека многу е подобро да се делува на билдање на самодовербата кај децата, па дури и да има некоја зафрканција, да не падне детето на тој момент. А тоа се прави пред сѐ со прифаќање на такво какво што е.

    А еве јас како дебело дете а и жена (генетика, тоа е), можам да го поздравам сопругот твој и сите истомисленици дека со тоа што ме научиле моите родители да не придавам значение на комплекси и да не дозволам физички карактеристики да ме дефинираат која сум јас, слободно можам да кажам дека да, се сакам себе си, и стварно ми е убаво во мојата кожа. И не е дека ме мрзи. Сум била послаба, сум била подебела, ама секогаш сум си се сакала, затоа што јас сум јас.
    И сум секогаш "во ред".

    П.С. потврдено од ОРЛ, можам да ти кажам дека ниту една трака, ниту едно помагало не е ефективно за наведената "проблематика". Само со естетска корекција.
     
    На Marge, Sexybaby86, mariz и 7 други им се допаѓа ова.