Баш за тоа да не лежи на страна служат и тие јастучиња. Едно време син ми ја вртеше главата само на десна страна, а со лежење само на една страна "се сплескува" тој дел, не знам како да објаснам. Јастучето го користев малку подоцна, помогна за да го спречи да ја врти главата само на десна страна. И не е точно дека коските на черепот не се меки. Не се меки како фонтанелите, но не се споени и баш во тој период на затворање на фонтанелите и развивање на мозокот доаѓа до нивно цврсто спојување. Некои педијатри даваат различни мерки баш да не дојде до сериозна асиметрија на черепот на пример неделно менување на страната на спиење кај детето, пример ако една недела спие во позиција север-југ, наредната недела да се сврти обратно, исто и подолго време држење на бебето во вертикална положба додека е будно, лежење на стомак итн... @Ana-lib јас не верувам дека стегачот помогнал во врска со ушите. Тие самите си се развиваат и не знам како може да докажат дека стегачот направил чудо. Мислам дека стегање на ушите а со тоа и главата не е нормално особено во првата година. Ќе се согласам со @Kaetana дека тоа време и енергија од опседнување со наводните недостатоци на бебињата да го насочиме кон нивно идно воспитување, да ги почитуваат различностите и дека никој не е совршен.
Никаде не те навредив, само ти укажав на тоа дека џабе го мачиш детето и одиш против генетиката. А стојам на ставот дека прават наводни помагала за ушите, затоа што има наивни луѓе како тебе, и ќе платат, без оглед на цената. Ако те навредува тоа што ти велам дека си наивна, нека биде.
А читаш ли ревјуа за производите или не? Некој што ги користел и дали му помогнале или е маркетиншки трик да ти ги земат парите. Еве на гугл кога ќе пишеш за овој производ искачаат многу форуми на кои се зборело пример овој: https://www.netmums.com/coffeehouse...ce-192/725329-ear-buddies-ears-stick-out.html И ќе видиш дека е лага. Значи девојче те лаже кој и да ти вели дека ќе му ги корегира без операција. Не го лути бебето и онака седми месец е најтежок со скокот. Или купи се и сликај пред и потоа. Ете така направи и види сама дали имало ефект. И опушти се многу си се фокусирала на физичка лепота. Вложи во друга надградба на детето оти и да е убаво ако е глупо не му брка работа во животот.
Зошто толку остри реакции и критики? Нели секоја мајка си знае најдобро за своето дете? Може некоја сака на време да го спречи, отколку понатака да го лечи, што би се рекло!? Некогаш и нема врска со генетика. На другарка малиот уште како бебе почна да му се витка долниот дел на увото, и тоа му се виткаше од облеката. Во фамилија сите им беа со нормални уши, еден немаше со големи или клемпави. Она си нарача лепенчиња за уво и колку толку го исправи увото. Сега дури и не му се познаваат. Подобро тогаш што реагираше отколку понатака да си има комплекси. Колку и да го учиш да се сака самиот себе таков каков што е, секогаш ќе се најде некој кој ќе му ја руши самодовербата. Малку треба на дете да си има комплекс. Утре самиот тој ќе ти рече мамо зошто ништо не превзеде. Мое мислење, како и да е...
И син ми има омилена страна за спиење, па еве главата му е симетрична и не му е сплескана на таа страна. Менување на положбата на спиење (глава кај нозе и обратно) е добро решение, ама за првите месец два, потоа почнуваат сами да се местат како им одговара.
Џабе и стегачи и лепенки, ушите ако се генетски клемпави како детето расте така тој рскавец таму се врти, па џабе вие горе ке ги лепите пак ке си се исклемпават, против тоа не можете. Може на детето ако понатака толку му сметаат, да се одлучи за хируршки зафат. Јас имам клемпави, има и маж ми помалку, имаат и децата ама баш сме си убави, мене комплекс не ми биле.. и стегачи врзувам гајле немам Едното детенце 5г е машко со кратка коса скроз, а ни на девојчето не му набивам комплекси и и правам и плетенки, кики, скроз ушињата да се гледаат
Сум имала и ја малце клемпави ушиња како мала. Цело време мама ми ставала траки (стегачи) и сега нормални ми се. Ама не ми биле премногу, може затоа и ми се исправиле.
Чисто ме интересира од кај е генетика клемпави уши? Оти ни ние у моја, ни у на маж ми фамилијата немаат клемпави, па моево има едно увце поклемпаво. Ако е генетика треба ваљда бар еден клемав у фамилија да има ,м?
Золва ми на слики како мала е многу клемпава, сега не е ич, скроз залепени и се. Како расте детето така менува, така да може и не е од стегачите. Јас на првото ставав од раѓање, никаков ефект. А и свекор ми е клемпав како мал на сликите, а сега не е воопшто
Немаме . Буквално нема. Ни далечни ни блиски еве конкретно кај нас у фамилија. И јас ако изрази желба а не му се среди ќе го носам да го коригираат. Ич немам за тоа проблем инаку. Живееме у свет кај што ако немаш оригинал патики ти се потсмеваат, не за уши. Еве ја конкретно го памтам Вељо клемпавиот од основно од одделение.
Рецесивни гени се и од подалечни предци кои може и да не ги познавате затоа што не се веќе живи. Муабетот ми беше - ако сите си ги воспитаме децата дека физичките особини не треба да се предмет на никаков потсмев, тогаш ќе нема ни кој да се потсмева... Мислам сериозно, мене тоа ми е толку глупаво... Ко да се зафркава некој дека имам кафеава коса, а не плава.. Глупости. Нечии уши ќе се секогаш поголеми од моите, а нечии помали. Некој ќе има бемка на лицето, некој на ногата... Мислам стварно е бесмислено тоа зафркавање и комплексирање. И верувам дека не е финтата да се претопиме во глупостите кои знаеме дека не се во ред во светов, туку напротив, да ги научиме нашите потомци поинаку а со тоа да влијаеме да го смениме.
@Kaetana Можеби тебе ти е и на неколку членки ви е глупаво и смешно и не осудувате, ама многу често се случува да се сретнеме со личности во живо , не на форум, кај што ќе ти објаснуваат некоја какви заби имала криви, каков нос имала голем, уши... Немој мила... Ние сме у крв таков народ кој се труди да осуди. Се осудува нечиј изглед, гардероба, на форумов побогу се извртуваат мислења и се осудува се живо и диво, немало да осудат и да заеб*ваат некој со клемпави уши. За се' се наоѓа причина... А да не збориме дека и самодоверба може да бутне поготово кај машко...
На педијатар од позната приватна клиника во Скопје му го спомнав ова и го прашав и рече да ако е генетика секако ќе му бидат такви, но ако цело време спие со свиткани ушиња и да не е генски наследено ќе му станат такви. Јас навечер кога ќе станам или кога преспива му го креваам главчето малку и му ги исправувам да олеснам последици колку толку. И да ќе го учам дека не треба да се подсмева на никој, но тоа нема да ме спречи да направам нешто за да нема такви уши бидејќи во животот обавезно ќе се најде некој "паметен" кој на зафрканција или озбилно ќе се подсмева на тој недостаток и може да му набие комплекс. Ако му останат клемпави сигурно ќе се решам на операција. Знаејќи го нашиов менталитет може да сонуваме дека децата нема да се зафркаваат за клемпави уши...
Моево бебе се роди со нормални уши и сега кога гледам слики последните месеци приметувам дека му забегуваат повеќе. На почетокот не се приметуваше ништо. Е сега и јас го имам истиот проблем со него, многу ми се врти во спиење и стално ги свиткува ушињата. Најверојатно сум требала на спиење да му ставам капче за да неможе толку лесно да ги витка. Ако е помало твоето гледај превземи нешто со време. Инаку нема што да им замеруваш на негативните коментари секој има право да коментира. За каков потсмев станува збор, зарем ова не е потсмевање на моја сметка од нивна страна??? Ме направија ненормална и глупава и секаква затоа што си барам решение на проблемот. Као демек јас немам самодоверба бидејќи сакам моето дете да има нормални уши. Не им замерувам и не им одговарам повеќе на ниту еден негативен коментар. Пред да ги воспитаат децата правилни можеби треба да се запрашаат дали тие самите се добро воспитани со вакво осудување, потсмевање и дрскост.
Јас на поголемиот му ставав од оние стегачите за глава. Како тенисерите што носат. Лошо спиеше, па ушињата почнаа да му стануваат малку клемпави. Стегачот му помогна. Ама упорна бев.
И ти со овој пост осудуваш! Која си па ти да кажеш дека и децата што имаат клемпави уши немаат нормални уши? И тие уши се нормални уши, сфаќаш? @LadyC не му се толку, ке се средат и сами кога ке порасне И пишете на нет да видите што се многу клемпави уши, не си правете комплекси.