За малолетници одлучува родител/старател. Обично корекција на уши препорачуваат после 6тата година. Таман пред да тргне во школо.
Таа операција сигурно е стресна за децата бидејќи е пропратена со голема главоболка и самите уши болат после операцијата. Првита недела несмее да спие на страна, лицето отекува и помодрува. Незнам баш како би делувала оваа слика на дете од 6-7-8 години. Подоцна е веќе нешто друго кога е повозрасно и има поинакво размислување и сваќање.
Ниту осудувам ниту сум дрска. Сакав само да посочам дека сите ние како мајки треба многу да работиме на тоа децата да не ги гледаат физичките разлики како предмет за исмејување, и со тоа да го истребиме или намалиме бројот на "зафркавачи". А на огромна жалост, ситуацијата е таква да дури и да нема никаква физичка маана, детето може да биде исмејувано за многу други глупости. Пример имало бемка до носот, или кажало некој збор погрешно, или нешто сосема неважно. И затоа мора да го научиме да не подлегнува на такви зајадувања. Да му влееме самодоверба. Затоа сметам дека со трудење да ги коригираме сите наши "недостатоци" ние веќе ги правиме жртви нашите деца на потенцијални туѓи предрасуди. Вие мислите дека сте го средиле "проблемот" со ушите, па детето ќе дојде и ќе рече дека му се смееле какви му биле прстите на нозете, или каков нос имало.. или ред други работи. За девојче пак и други моменти како усни тенки, мали гради, и диети на 6-7 години. Со ова поддржуваме дека постои одредена норма за тоа како треба човек да изгледа. А не прифаќаме дека сме сите различни и свои. Особено кога се работи за нешто што не го засега здравјето. Нејсе. Мислам дека предлабоко размислувам на темава па уште и бивам погрешно сфатена. Затоа тука ќе ве поздравам.
Лелеее маж ми какви клемпави уши имал кога бил мал А денес му се совршени . И син ми од кога се родил едното увце му е доста поклемпаво, така беше од раѓање но знам дека ќе му се среди со тек на време
Се е до генот. И од мое искуство кај две познанички оперирани од клемпави уши со тек на време им се вратија во првобитна положба,уши и нос растат цел живот . Не ги изложувајте на операции,болни се. Не би го успала со анестезија ако сака и како на дамбо нека му бидат. Син ми нема совршено залпени уши,едното малце 'рскавицата му е свиткана но тоа е он. Неможам да го замислам поинаков. А доколку сам одлучи дека му смета тоа на самодовербата и да е малолетен ке потпишам,но дете мало,бебе да малтретирам никогаш.
По грешка си се пронашла во мојот коментар, најмалку се однесуваше на тебе. Прочитав што си напишала, ми се допаѓа мислењето и твоето размислување. Прифаќам и дека е генетика како што многумина напишаа на фин и културен начин. Прифаќам и дека можеби јас грешам или сум во заблуда па сакам да исправам нешто што не се исправа. Но не прифаќам омаловажувања, потсмевања и коментари кои што не доликуваат на една МАЈКА ( значи најмалку мислам на тебе ) Не е финтата тука да се расправаме и караме и да докажеме кој е по невоспитан. Тоа што го мислиме може на многу по културен начин да се каже и објасни. А не :Која си па ти...? Џабе убав изглед ако детето ти е глупаво... Значи треба да се стави прст на чело пред нешто да се искоментира, без разлика што форумов е анонимен.
Здраво Како си? Одамна те немам читано Дали ќе можеш да ја прашаш другарка ти какви лепенки користела за ушињата?
Хелоу Со две деца немам време веќе да дремам на форум. Ти како си? Јас му лепев на малиот лепенки, ефикасни се, ама треба упорност. А и скапички се доста. Бројче во порака ќе ти пишам ако сакаш
Бидејќи немате одговор од членката, еве јас ќе ви пишам во мк не најдов од аптеките лепенки па порачав од Бугарија, 8 лепенки 1600 денари, Ото стик се викаат. Јас лепам или сами ќе се одлепат или оно чепкајки си ги ушињата ќе одлепи, па ставам нови.
A da prasam, moze glupavo prasanjevo. No me interesira dali uste na exo pregledite se vidlivi klempavi usinja kaj bebce?
Здраво. И имаше ефект од тие лепенки? Јас мислам можно е да се види формата колку толку, ама дали се ептен отклонети, тоа којзнае... И јас баш се прашувам истото. Леле аман за тие ушиња и јас сум на штрек. Уште сега мислам на некакви методи за да превенирам ако треба.
Да мила, но кај нас не беа ептен клемпави, рскавците на ушињата му беа помеки и на спиење му се виткаат затоа и ги купив од пусти страв да не останат клемпави, иако педијатар од Систина ми рече штом вие родителите не сте со клемпави уши бебето ако му се дур да порасне нема да му бидат. Но да знаеш до 3 месец ги лепев, после одкако ги активира прстињата нема шанси да трпи одма ги корне. Така да ако имате сличен проблем од одма лепи или ставај траки (ако е девојче де).
Ако генетски треба да има клемпави, никако не можеш да превенираш. Ако не треба, нема да има дури и да спие со свиткани.