хахаха се пресмеав, јас имам другарка и нонстоп пуштена и е косата, исто еден комшија направи операција.
Ми викаат дека немам клемпави уши, ама ајде јас и тој мој комплекс .. Порано не ја носев косата фатена, ептен некогаш кога ке ја фатев и со трака некоја врз нив, а сега ја фаќам ама ушите ги прикривам со косата
Мене не ми се клемпави, ама и да ми беа па што, женско сум- че ја пуптев косата, ќе ставев венче и толку! Како што не е среќа да имаш правилни уши, така и не е жалосно да имаш клампави уши. Што да правиме сега, некој има клемпави уши, ама па затоа преубав нос, заби, усни ...било што или па обратно!!
Мене не ми се клемпави ушите за срека. Кога сум била бебе мајка ми ми ги лепела со ханзаплас да не ги превиткувам кога спијам . И изгледа успеало тоа
Абе едноставно можеш да ја собереш косата и да ставиш некоја марама,барем сега се модерни,и така ќе ги прибереш Иначе моите се премали,ме заебаваат дека за малку без уши ќе сум останела
Јас немам уши...хаха јас имам ушишта.... судбина моја....и секогаш си се смеам на моја сметка....ама косата со се ушлаците надвор врзана никако... строго под уши или пак лентичка...да си ги стегнам ушлаците..хахахах.,..ке си направам операција...кога тогаш...а сите ми викаат дека не ми се големи многу,....уствари мене ми се на врвовите малу испрчени...што викам јас...она повечатливи....ама то е..сум имала срејкичка..хахаха а и плус најдобрите две другарки имаат огромни уши и се смееме на наша сметка...како од една до друга можеме да летаме а не да одиме...хахаха
Леле истото ми се случува,потполно истата приказна... Обавезно лентичка,а косата во коњско опавче - неостварена желба Мада моиве се малечки,ама кривки.. И јас сакам операција..Ама што велиш судбина..
Значи многу,ептен сме слични.. И јас,сакаш верувај сакаш не..експерт сум бе,туторујал нема што не го знам,поубаво од на фризер си се пеглам.. хаха Кој е како нас
Клемпави ми се ушите, но не се оптеретувам со тоа. Си се тешам дека ми се од носењето очила цел живот
МИ ТРЕБА ПОМОШ САКАМ ДА ПРАВАМ ОПЕРАЦИЈА НА УШЕНЦАТА , НО КАЈ МЕНЕ СЕ МАЛЦЕМ НАКЛАПУСЕНИ НО ДОСТА ГОЛЕМИ САКАМ ДА ЗНАМ ДАЛИ МОЖИ ДА СЕ НАМАЛА ?? МНОГУ КЕ МИ БИДЕ БИТЕН ВАШИОТ СОВЕТ БЛАГОДАРАМ . НЕ МИ Е БИТНА ЦЕНАТА ВАКА НЕ СЕ ИЗДРЖУВА
Јас прв пат слушам дека ги лепат со секундарен лепак дури и смешно ми падна, нема ли да се оштети кожата после тоа? Јас знам една девојче правеше операција на ушите и мислам дека не е многу страшно како што се другиве пластични операции како на гради, задник и сл. Бидејќи не сум многу информирана за операцијата на девојчето, претпоставувам дека засекуваат дел позади ушето и кожата ја затегнуваат и шијат после.. Така барем си замислувам јас. Инаку фала богу јас немам проблем со ушињата, инаку многу се оптоварувам со такви работи..
Во фамилија имав случај каде детето имаше клемпави уши. Му беше направена пластична операција, многу едноставна и брза, за ден-два дома го пратија, а за недела дена конци извадија. Денес не се познава никаква трага од тоа. Сметам дека е многу мал и едноставен зафат кој не вреди да се избагнува, а на сметка на тоа личноста да си ствара комплекси и одбивност спрема делови од телото. Јас сум за секаква мала хируршка интервенција (дали е на нос, уво, уста) се со цел човек да се осеќа удобно.