Јас сум секогаш за тоа да се прифати човек како што е, и најчесто луѓето во текот на животот се навикнуваат да не размислуваат за недостатоците. Сите си имаме мани кога ќе се погледнеме во огледало, побитно е да се фокусираме на предностите. Јас лично имам голем нос, и иако може не си го сакам, не ми е некој комплекс. Ама мислам дека причината за тоа е што носот ми ја смени формата кога ми почна пубертетот, и во исто време ми се развија и градите, па секоја шала на моја сметка беше насочена таму отколку на носот. Па некако добро пројдов. Научив да се гордеам на тоа што го имам и не дозволив тугите зборови да допрат до мене. Од друга страна пак, брат ми има големи уши. Не му се клемпави, ама му се големи. И ден денес, на негови 22 години сеуште многу се навредува ако и на зафрканција некој му рече Дамбо... Никогаш не носел долга коса за да ги скрие на пример, ама ете... Оперативниот зафат за корекција на клемпави уши е толку мала работа, а може да има толку голем психолошки ефект, поготово во детството. Децата се сурови и зборуваат сешто. Затоа знам дека доколку моето дете би имало клемпави уши и тоа му смета, веднаш би му овозможила тоа да се корегира. Без разлика колку пари чини процедурата, знам дека самодовербата што ќе ја даде на личноста не се мери со ништо.
I had. Но поради моите комплекси, направив операција. И тоа многу успешна. И сум презадоволна и косата ми е повеќето време фатена
кај женските е полесно да речам оваа мана да се прекрие али кај машките и не баш еден другар со клемпави уши пушти коса али не му стоеше, ипак си пичеше така барем не му се гледаа али еден ден кога дојде од војска ишишан абе чиниш само што не полетал. може е греота и не е за смеење на ваквите али таа слика никад не ја заборавам кога би имал клемпави уши сигурно би одел на операција
Оф леле и јас исто Ич ама ич не си ги бендисувам и секогаш ја носам косата пуштена, па дури и на физичко. Наставникот ми се дери да си ја врзувам, ама не бе, да ме отепаш не ја врзувам
Лелее баш сега видов на фб едно многу симаптично момче,значи преубаво лице има..ама ушите за жал клемпави многу му штрчеа,цела убавина во пропаст заради едни ушикај девојчината пак може некако да се прикријат ама кај машките е катастрофа.. Спојлер Среќа јас немам клемпави уши
http://images.enstarz.com/data/images/full/13477/emma-watson.jpg па мене ушите ми се вакви може да се кажи, како на Ема, од неа најдов слика, па незнам дали спаѓам во тие со големи, клемпави уши или да не берам галје?
Јас имам клапави уши ама далеку од тоа дека ќе полетам со нив .Ја носам косата врзана само кога морам, кога ми е мрсна, а немам време да се мијам.Кога ја врзувам носам траки за на глава и ми стојат убаво иначе освен операција има друго чаре за клапави уши? Спојлер Или да ги лепам со секундарен?(мала шега де)
Да, операција, но според мене, најдобро е да се прифатиш онаква каква што си, да не правиш операции А инаку, со секундарно брачеда и на една моја другарка со лепило си ги имала назад залепено ушите, но неа и биле претерано клемпави, а згора на тоа и големи... Па така и се навикнале и долго време така ги носела, а денес незнам во каква состојба и се
Едно девојче од маалото, имаше κаκо многу мала κлемпави уши и уште од тогаш постојано до пρед година дена носеше тρаκа за κосата што истовρемено и беа сплеснати и ушите под таа тρаκа, и сега и се пρеубави, немат ни допиρна точκа со оние κаκо мала.,
Ист проблем тукаа Сакав да носам реп за да го откријам лицето но помислата на големите, непосакани уши мее плашеше.. И ден-денес истиот проблем и несигурност и не знамм веќе што да правам
Дали знае некој каде може да се најдат кај нас отостикови за собирање на уши. Дали има воопшто кај нас такви?
Левото уво ми е клемпаво малку.Природно имам големи уши.Како мала имав комплекси, и тоа другите ме зезаа.Не знам Дамбо, слон ушларка ваму таму.Денес ич гајле не ми е.Никој не е совршен ама баш никој.Ако самите сте си задоволни со својот изглед и го почитувате и другите ќе го прават истото.
Мене ми се клемпави,ама не многу.Порано ми сметаа поради коментарите на некои "паметни",ама сега мака си немам си ја носам косата врзана без никаков проблем-Пунџа,висок реп,низок реп плетенка.Не знам зошто би ги криела?.Поради некои стандарди за убавина?Абе ајде.На кој не му се допаѓаат ушите мои нека не ме гледа. А доколку на некој му пречат и не може да се справи со комплексот,тогаш операцијата е добар избор.Секоја пара и мака вреди за поубав и посамоуверен живот.
Гледам слики од дечко ми кога бил мал, многу му биле клемпави ушите, и дека слаб бил тогаш, многу му се познавале ушите дека му биле големи како на зајак. Сега се мислам, ако некогаш имаме бебе, бебето клемпави уши ли ќе ми има исто како него?