1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Клеопатра

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од KatyErnshow, 9 февруари 2011.

  1. KatyErnshow

    KatyErnshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Драги Феминки,
    Откако ја прочитав книгата Клеопатра од Карен Есекс,оваа неверојатна жена ме опи со својата појава и станав зависна од тоа да дознаам што повеќе за неа.Па така го изглчедав и филмот со Елизабет Тејлор од 1963,немилосрдно копам по Google за да најдам што повеќе податоци за неа,и се повеќе и повеќе ме заинтригирува.Еве во кратки црти што дознав за неа.
    Клеопатра е кралица од последната македонска династија на Птоломеидите,и во крвно сродство со Александар Македонски.До 3 години не прозборела ниту еден збор,а кога наполнила 4 почнала да зборува дури 7 различни јазици.Со слугите разговарала на Египетски,на дворот грчки и македонски,течно зборувала латински,сиријски,арабски и еврејски.Мајка и умрела додека Клеопатра била 3 години,па нејзината најстара полусестра Клеопатра Трифена го завела нивниот татко во мигот кога мајка и умирала.Береника,другата сестра на Клеопатра застанала целосно на страната на новата кралица,и многу пати има посегнато по животот на Клеопатра и кралот Птоломеј и ги убила кралицата Трифена за да дојде на власт.Но Клеопатра која тогаш имала 16 години нашла начин заедно со татка си да ја симне Береника од престолот.Клеопатра не била најубава девојка во периодот на детство и пубертетот.Еден ден кога Марко Антонио дошол на престолот таа се заљубила во него.Си го мразела својот нос,и не се сметала ни најмалку привлечна.Меѓутоа кога навршила 18 години,татко и починал и таа го наследила престолот.Прераснала во вистинска убавица која ги завела најмоќните луѓе во тоа време,непобедливиот Цезар и женкарот Марко Антонио.Толку се заљубиле во неа што и двајцата го дале својот живот за неа.На Цезар му родила 1 син,кој подоцна бил погубен од Октавијан Август,а на М.Антонио му родила 3 деца.Откако Октавијан Август пристигнал во Александрија,Марко Антонио се самоубил мислејќи дека Клеопатра го напуштила,но таа била таму во дворецот,и премногу љубејќи го М.Антонио си го одзела животот.Некои велат дека ја каснало змија,а други тврдат дека сам си приготвила отров што нема да и го наруши изгледот и кога ќе биде мртва,затоа што е општо познато дека Клеопатра многу улагала во својот изглед.
    Како и да е, се работи за извонредна жена и принцеза,шпион,дипломат,научник и авантурист.

    Ве молам ако некој друг ја дели истата страст за Клеопатра со мене,нека раскаже што тој знае и мисли за неа.

    Од една Феминка заљубена во Клеопатра! :) :*
     
    На eta и Justinna им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.188
    Пол:
    Женски
    Точни се информациите кои ги постира за животот на Клеопатра,која била македонска,а воедно и египетска кралица.Во глобала тоа е нејзиниот живот, без ралика од која историска книга е, само можеби различни верзии има.Имав прочитано дневник на Клеопатра од наш македонски автор,во моментов неможам да се сетам на неговото име,меѓутоа од одамна го имам прочитано дневникот.Додека за Клеопатра, можам да кажам дека карактерно слична,а и наликувала на Александар Македонски, со иста стратегија на владеење.Секако покрај книги,има и филм за неа,иако повеќе преферирам да прочитам од наши автори и античките извори,бидејки се веродостојни, отколку од сега поновите странски автори.
     
  3. All-that

    All-that Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    67
    Ова го прашувам чисто добронамерно и од љубопитност Гордана, како дојде до заклучокот дека изворите од кои црпат нашите автори се поверодостојни? :)

    Инаку од секогаш за Клеопатра сум добивала трага од интрига, и исто и јас ги имам прочитано горенаведените информации :)
     
  4. KatyErnshow

    KatyErnshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    И модерните странски писатели сигурно извлекле информации од античките дела.Во секој случај се работи за извонредна жена.Таква каква што верувам секоја жена потајно посакува да биде.. :) Уште нешто?Некој да не ја има сретнато книгата "Фараон" исто така од Карен Есекс.Во неа пак е опишан животот на Клеопатра од мигот кога стана единствен владетел на Египет до нејзината смрт.Се отепав од барање, но не ја најдов. :(
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.188
    Пол:
    Женски
    Сметам дека се веродостојни делата од нашите автори,затоа што сепак се држат до старите антички автори - извори, нормално поради тоа што се македонци, но и поради тоа што истражуваат за своите корени,а се знае за кои зборам - почетоците на македонската династија, нејзиниот понатамошен развој со македонските династии како Птоломеидите,Селевкидите итн.Додека за разлика од странски автори, кои не велам дека нивните дела не се базираат на некакви истражувања, меѓутоа немаат конкретно точни податоци :)
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Каде точно можам да ја најдам книгава, и да прашам дали е на македонски? :)
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.188
    Пол:
    Женски
    Сефора, јас имав прочитано книга за Клеопатра од една наша професорка по филозофија Ангелина Маркус, потоа ја дадов на братучед ми и ми остана книгата кај него, како што веќе кажав претходно го имав прочитано дневникот на Клеопатра од друг наш автор и никако да се сетам кој беше :D од одамна го имав прочитано дневникот.Додека за оваа книга што ја спомна членката, незнам кај ја има, веројатно во книжарите :)
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Наидов денес на книга Ќерката на Клеопатра. Тоа е нешто кое треба да се прочита дефинитивно. :)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Јас неодамна читав една книга за Клеопатра - во која се тврди и има докази дека Клеопатра има македонско потекло , книгата мислам дека се викаше Клеопатра- Македонската Кралица :)
     
  10. nikolika

    nikolika Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    Бре оваа Клеопатра од прилика како мене била значи 8) ...Ха, се шалам (донекаде). Да и јас имам читано многу за неа, и филмови имам гледано и двата, тој со Лиз Тејлор и тој од 99-та во два дела што е со Леонор Варела. Инаку од постов дознав за книгава фала :) и уште утре ќе почнам да ја барам зашто многу ме интересираат историски теми. Порано и немав некое нај-нај мислење за неа, но откако научив повеќе за неа, за нејзиното образование и таленти се премислив. Штета е тоа што денес светската историографија ја третира пред се како "љубовницата на Цезар" па некои вљубеници во историјата добиваат погрешен впечаток.Сепак мене ме фасцинира фактот што успевала да контролира и да манипулира со такви моќни мажи како Цезар и Антониј без притоа да им ја повреди машкоста, и нормално најмногу од се тоа што била Македонка. Една од ретките жени во историјата што навистина е за восхит :clap:
     
  11. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Знаете ли нешто за Клеопатра, мене многу ме интересира. Мислам дека е полусестра на Александар трети Македонски. Инаку љубовница на Цезар. Се смета за најубавата жена во целиот свет. Инаку единствена жена владетелка на Египет. Толку знам за неа... А навистина би сакала да знам многу повеќе :bug:
     

    Прикачени фајлови:

    • cleopatra.jpg
      cleopatra.jpg
      Големина на фајлот:
      46,1 KB
      Прегледи:
      479
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Клеопатра VII Филопатор (старомакедонски [грчко писмо]: Κλεοπάτρα Φιλοπάτωρ; крајот на 69 п.н.е.[1] – 12 август, 30 п.н.е.) била македонски владетел на Египет кој владеел како Египетски фараон – после нејзината смрт, Египет станал римска покраина.

    Клеопатра била припадничка на Птоломејската династија која владеела со Стариот Египет, т.е. наследничка на еден од генералите на Александар Македонски кој ја презел контролата врз Египет после неговата смрт.

    Клеопатра на почетокот владеела заедно со нејзиниот татко Птоломеј XII Аулет а подоцна заедно со нејзините браќа, Птоломеј XIII и Птоломеј XIV, со кого и се омажила согласно со Египетските обичаи.
    Прочуената египетска кралица од династијата Птоломеј е родена во 69. г.пр.н.е., а умрела во 30.г.пр.н.е. Владеела од 51.г.пр.н.е., најнапред како совладетел на својот брат и маж Птоломеј XIII кој наскоро завладеал сам, но мошне кратко. Имено, Јулиј Цезар го победува и ја враќа Клеопатра на престолот. Потоа таа се омажила за својот втор брат Птоломеј XIV, кому му го препуштила владеењето зашто во меѓувреме му станала љубовница на Цезар, кој ја повел во Рим (од 46.г.пр.н.е. до 44.г.пр.н.е.).

    Враќајќи се во Египет, наредила да го убијат Птомолеј XIV за да го земе за совладетел својот син Цезарион, кому татко му бил, како што тврдела, Цезар.

    Потоа му била љубовница на Марко Антониј, кому му родила три деца- близнаците Клеопатра Селена II и Александар Хелиос, како и синот Птомолеј.

    Во војната помеѓу Октавијан и Антониј Клеопатра на страната на Антониј со египетска флота во битката кај Акциј (31.г.пр.н.е.), римска колонија на јонскиот брег на Грција. Пред да одлучи да го напушти боиштето и да избега во Александрија, не успевајќи да го придобие Октавијан, а кој и го убил Цезарион, како и од страв тој да не ја поведе како заробеничка во триумфот во Рим, заедно со Антониј си го одзема животот со труење, според преданието со каснување на змија отровница. По смртта за децата се грижела жената на Марко Антониј, инаку сестра на Октавијан.

    По Клеопатра изумрела династијата Птоломеј, а Египет станал римска провинција.

    Клеопатра и нејзиниот живот се честа тема во ликовните уметности и литературата. Во европската книжевност влегла преку Плутарх, Хорациј, Проперциј и Вергилиј. Од ренесансната и барокната драма, која Клеопатра ја довела на сцената (Шекспировата „Клеопатра и Антониј"), нејзиниот лик се до денес во литературата е прототип на демонска жена која за мажите станува фатум („Ноќта на Клеопатра" од Т. Готје, „Цезар и Клеопатра" од Џ. Б. Шо, „Клеопатра" од В. Алфиери и др.). Музички таа тема ја обработиле, меѓу другите, Д. Кимарос и Ж. Масне во опери, како и Х. Берлиоз во ораториум, а сликарите (претежно драматскиот момент на смртта на Клеопатра) преку мајсторите од Ј. ван Скорел и Тицијан, Гверцино, Рение, Рубенс, Лорен и Тиепол, до Делакроа и Макарт. Сепак, најпознат е филмот од 1963. година, во кој Клеопатра и Антониј ги играат Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.
    Постојат непотврдени сознанија дека Клеопатра VII Филопатор, како што и било официјалното име, била роднина на Александар Велики, најголемиот војсководач во историјата на светот. Сигурно се знае дека нејзин далечен предок бил Птомолеј I, генерал на Александар и, како што веруваат многумина, полубрат по татко му Филип Македонски
    Името за кое викаат дека е Хеленско, мора да го прифатиме со резерва, бидејќи Хелените ги преведувале на нивен јазик топонимите..па и личните имиња(пр. Египет кој се викал КМТ..Кеопс кој се викал КУФУ и живеел пред Хелените да дојдат во Европа..)..веројатно коренот на името и доаѓа од античко Македонскиот збор АТА кој значи Татко...но иако името е извртено на Хеленски со додатоците оС и иС..сепак се препознава коренот АТА..Така, на пример, францускиот историчар Ламартин во своето дело " Vie d'Alexander le Grand" (Париз, 1859, стр. 54), во врска со ова ќе запише:

    "Грците ги испревертувале дури и имињата на владетелите и војсководците со кои војувале. Tиe на ce давале хеленски изглед, дури и во Индија и Персија..."..па веројатно цел свет не бил Хелени пред Хелените и да стапнат во Европа...

    Таа била втората ќерка на Птоломеј XII Аулет. На смртта на татко и 51 п.н.е. на само 18 години таа станала ковладетел со нејзиниот брат Птоломеј XIII кој подоцна и станал маж. До август 51 п.н.е. таа го испуштала неговото име од официјалните документи што се носело со дотогашните египетски традиции. Понатаму на монетите се појавувало лицето на Клеопатра.

    Можеби поради овој напад на независност, Потиниус ја тргнал од власта и откако таа неуспешно кренала востание отпловила со нејзината помала сестра. Есента 48 п.н.е. Птоломеј ја зацврстил својата власт мешајќи се во работите на Рим. Кога Помпеј го победил Цезар и пристигнал во Александрија барајќи прибежиште, Птоломеј наредил да го убијат за да се обедини тој со Цезар. Но, Цезар бил толку многу згрозен од ваквото предавство што го конфискувал целиот египетски капитал и станал арбитер меѓу Птоломеј и Клеопатра (треба да се спомене дека Помпеј бил маж на Ќерката на Цезар, која умрела раѓајќи го синот). По кратка војна Птоломеј XIII бил убиен и Цезар ја вратил Клеопатра на тронот со нејзиниот помлад брат Птоломеј XIV како ковладетел. Цезар престојувал во Египет во зимата 48-47 п.н.е. и Клеопатра ги зацврстила своите позиции станувајки му љубовница. Египет останал независен, но биле оставени три римски легии да го штитат. Врската меѓу овие двајца резултирала со син кој бил наречен Птоломеј Цезар (Цезариус) но самиот Цезар одбил да го назначи за наследник, и за таков го ставил внук му Октавијан. Клеопатра и син и го посетиле Рим помеѓу 46 и 44 п.н.е. и биле присутни кога Цезар бил убиен. Пред или по враќањето во Египет, Птоломеј XIV умрел мистериозно (можно е да бил отруен од Клеопатра) по што синот на Клеопатра станал ковладетел и наследник.

    Во 42 п.н.е. Марко Антониј еден од триумвирите кои владееле со Рим по смртта на Цезар ја замолил Клеопатра да се сретнат во Тарсус за да ја потврди лојалноста, Клеопатра пристигнала доста привлечно и Антониј решил да ја помине зимата 42-41п.н.е. со неа во Александрија. За време на зимата таа останала бремена со близнаците Клеопатра Селен и Александар Хелиос. 4 години подоцна во 37п.н.е. Антониј ја посетил Александрија додека се подготвувал за војна со Партијаните. Ја обновил врската со Клеопатра и од тогаш па натаму Александрија станала негов дом. Можно е да се оженил за Клеопатра иако во тоа време бил венчан со сестрата на Октавијан. Тој и Клеопатра имале уште едно дете Птоломеј Филаделфус. По освојувањата на Антониј секое од овие деца добило територија со која владеело: Клеопатра и Цезарион - Египет и Кипар, Александар Хелиос - Армениа, Медија и Партија, Клеопатра Селен - Тунис и Либија и Птоломеј Филаделфус - Феникија, Сирија и Сицилија. Клеопатра го зела прекарот “кралица на кралевите”. Има многу приказни за Клеопатра како на пример таа дека на една вечера со Антониј се обложила со него дека може да потроши 10 милиони сестерци за да организира вечера. Утредента таа нарачала чаша со оцет и во неа ставила еден од своите бисери и ја испила смесата. Однесувањето на Антониј не било прифатливо за Римјаните па Октавијан го убедил Сенатот да кренат војна против него. Во 31 п.н.е. силите на Антониј се соочиле со Римјаните во поморска битка на брегот на Актиум. Клеопатра била пристуна со сопствената флота. Легендата вели дека кога таа ги видела сиромашно опремените бродови на Антониј како губат се повлекла, а тоа го направил и Антониј, но нема дополнителни докази за тоа. По оваа битка Октавијан го заседнал Египет. Како што се доближувал до Александрија, војниците на Антониј дезертирале. Клеопатра и Антониј се самоубиле таа го направила тоа користејќи отров од змија и се отровила на 12 Август, 30 п.н.е.. Синот на Клеопатра со Цезар бил погубен, а другите 3 деца со Антониј биле одведени кај жената на Антониј, Октавија. Често се вели дека Клеопатра користела асп за нејзиното самоубиство. Тоа се однесува на отров од различни змии, но првенствено од египетска кобра. Постои и друга теорија која вели дека Клеопатра не се самоубила туку била убиена од Октавијан, но ова не било толку веродостојно.

    Смртта на Клеопатра го означила крајот на Египетската монархија. Римските владетели дошле во Египет да владеат со него. Птоломеидите биле Македонци во суштина, но тие владееле како Египјани, фараони. Клеопатра била последниот фараон на Египет. Нејзината посветеност на државата била огромна,Плутарх запишал дека мајчин јазик на Клеопатра бил "македонскиот јазик"!..Плутарх пишува: "Беше вистинско задоволство да се слуша звукот на нејзиниот глас со кој, како инструмент со многу жици, таа преоѓаше од еден јазик во друг, така што имаше само неколку барбарски народи со кои разговараше преку преведувач, додека со поголемиот број од нив таа директно разговараше. Такви беа: Етиопјаните, Троглодите, Евреите, Арапите, Сиријците, Медите, Партијците и многу други, чии јазици таа ги научи. Тоа беше повеќе изненадувачки затоа што повеќето од нејзините предци кралеви едвај се мачеа да го научат египетскиот јазик, а некои од нив прилично го запоставија и македонскиот јазик".(на англиски "Macedonian", a во оригиналот на грчки: Μακεδονιζειν) (Antony by Plutarch, Translated by John Dryden) ,но исто така зборувала течно 9 јазици но не и латинскиот, била одлична во матекатика и особено го ценела Цезар како многу паметен човек, за разлика од него Антониј бил помалку интелегентен.
    Се верува дека една од најпознатите двојки на светот, Марко Антониј и Клеопатра, не биле ниту приближно толку убави колку што се прикажуваат на холивудското платно.

    Имено, на паричката од 32-та година пред новата ера, Клеопатра не изгледа воопшто убаво - остар нос, тенки усни и шилеста брада. Ниту малку не наликувала на познатата глумица во филмот Клеопатра од 1963 година, Елизабет Тејлор. Марко Антониј, пак, чиј лик го играл познатиот глумец Ричард Бартон, имал сплескан нос и премногу дебел врат.

    Во секој случај нивниот изглед не бил многу далеку од оној кој го опишал Шекспир во 1608 година.

    "Римските писатели ја опишувале Клеопатра како многу интелигентна и харизматична жена со заводлив глас, но никаде не се споменува нејзината убавина", вели Линдсеј Алисон- Џонс , директорка на археолошкиот музеј.

    Стручњаците велат дека сребрената пара што е изложена во Универзитетот во Њукасл не е премногу вредна, но е многу интересна за колекционерите.

    Извор: Википедија
     
  13. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Дознав дека до три годинки таа не зборувала, додека веќе на 4 години зборувала 7 јазика. Женава е за восхит!
     
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Гугл му е мајката за повеќе информации :D.
    Мене најискрено не ми е нешто многу многу мистериозна и ,,примамлива'' за собирање на информации околу нејзиното постоење, чисто информативно ги знам истите факти за неа, како и тебе, повеќе и не барам. Покрај тоа што била убава, нели важи за една од најубавите владетелки во тогашен Египет, била и премногу мудра. Токму со својата заводливост и мудрост си обезбедила место на престолот - во улога на владетелка. Друго интересно што може да се спомне е нејзината нападна црна шминка околу очите, која е се'уште актуелна, се разбира само не на толку театрален начин.

    .. покрај тоа, и ден денеска се' уште е инспирација и еден вид на муза во повеќе области.

    [​IMG]
     
  15. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Клеопатра не е првата која започнала да носи црно околу очите. Тоа си останало така затоа што покрај Тутанкамон е најпозната владетелка. Додуша ништо од владеењето, повеќе од други работи.
    Носењето на eyeliner датира од пред 10000 години, во Египет и Месопотамија.

    Јас од женава скоро и да не сум фасцинирана.
    Многу ме имаат заинтересирано податоци кои изглегоа на интернет дека таа всушност не била воопшто убава. Кога ќе споредите со сликата ќе разберете дека врска си нема со Elizabeth Taylor. :D
    [​IMG]
    Би прочитала книга или некоја статија поврзана со неа, само за да дојдам до некоја новост за Египет во тоа време.
    Tим Hatshepsut over here.

    Во статија за топ 6 најтрагични љубовни приказни, наидов на ова:
    It's a love story so epic that Shakespeare saw it fit to be the subject of one of his tragedies. They met in 41 B.C. at the height of turmoil in the Roman Republic; she, an Egyptian queen, seduced him, a powerful (and already married) general, into a romantic and tenuous political alliance between their territories.

    The alliance would prove sour when future emperor Octavian convinced the Roman senate that Marc Antony was power-hungry and bewitched by Cleopatra, declaring war on his former partner in 31 B.C. Both Antony and Cleopatra committed suicide during the war rather than be captured.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Во нашата историја пишува дека Клеопатра е ќерка на Филип II и тој умрел на денот на нејзината свадба.
    Горе прочитав дека Птоломеј и бил татко а кај нас во историјата пишува дека Филип и бил :?:
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.188
    Пол:
    Женски
    Птоломеј бил татко на Клеопатра, а бил од македонската династија Птоломеиди.Има наши автори, кои имаат книги за ваква тематика, некои од нив професори, Ангелина Маркус, Ристо Поповски чинам беше и др., за сега на тие ми текнува, а има и други автори, кои животот го посветиле на обработка на ваквата тематика, покрај останатите.Инаку, некои работи во таа историја за која велиш, сосем се погрешни, бидејки други книги сосем спротивното го говорат, а се доста темелно проверени :)
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Малку офтопик, ама кога го прочитав насловот на темава прво што ми падна на памет балканската пророчица Клеопатра :D викам и ваква ли тема сега се отворила :D ама не, не се работело за таа Клеопатра :D

    Како и да е, оваа Клеопатра си се бањала во млеко, мххх убавини!
     
  20. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468

    Ќерката на Филип и сестрата на Александар е друга Клеопатра. Оваа Клеопатра живеела 300 години после нив, логика малку.
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.