Клетници (Виктор Иго)

Дискусија во 'Книги' започната од BeYourself, 26 јули 2011.

  1. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    513
    Девојки ми треба вовед за писмена од делото Клетници. Ве молам ако сака некој да ми напише две три реченици колку да започнам. :$
     
  2. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Извонредно дело кое што НЕ СМЕЕ да не го прочитате. Омилена книга од средно ќе ми остане сто посто. Содржина што никогаш нема да ја заборавам. Виктор Иго ... сите дела му се прекрасни и те оставаат без зборови. Книга што иако е со околу 500 стр.
    ( зависи кое издание ќе го земете)
    се чита во еден здив, книга што ја препорачувам да се прочита :)
     
  3. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    И јас го мислам истото преубава книга... :)
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    Има ли некој кратка содржина на книгава..ми треба за есеј а немам време да ја читам ;(
     
  5. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Најубава книга, ќе се каеш што не си ја прочитала....
    Околу кратка содржина еве што најдов на нет....

    Главниот лик е Жан Валжан, поранешен затвореник, обвинет за кражба на леб. Тој излегува од затвор и сака да започне од нула и со чесност и морал стане човек со материјална сигурност и достоен за почит. Со него се поврзуваат и животите на други ликови. Неверојатно е како Иго ги поврзува еден со друг ликовите кои имаат тотално различни приказни. Други ликови се Фантина и нејзината ќерка Козета. Девојки кои немале среќа во животот, но тој се менува на подобро благодарение на Жан Валжан. Омилен лик ми е Жавер. Тој е полициски инспректор кој постојано го следи Жан Валжан и затоа предизвикува одбивност или омраза кај читателите кои навиваат за главниот јунак. Но тој всушност е фанатик, кој е верен на својата професија. За него светот е црно-бел, на затвореник не може да му се верува. Според него луѓето не се менуваат и законот е тој којшто никогаш не греши. Својата заблуда ќе ја открие кога во една ситуација сфаќа дека законот понекогаш е неморален и неправеден. Разочарувањето од слепата верба и рушењето на неговата животна филозофија ќе прочитате до каде ќе го однесе. Еден негов цитат: "Лесно е да си добар, тешко е да си праведен." На Вас оставам да си изберете Ваш омилен лик од наведениве или остантите чиишто животни патишта Иго ги преставил одлично, така што едноставно се соживувате со нив.

    http://en.wikipedia.org/wiki/Les_Mis%C3%A9rables и ова е на англиски. Се надевам дека го разбираш ако не оди тука за да го преведиш, макар преводот не е ни најмалку добар http://translate.google.mk/?hl=mk&tab=wT#en|mk|
     
  6. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Прочитав скратена верзија од книгава, на англиски јазик. Сакам да ја прочитам цела, бидејќи е навистина едноо неверојатно дело, кое сите треба да го прочитаат. Немам зборови.
     
  7. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Денес ја завршив книгата, скратената верзија од 500 и нешто страници и сум превоодушевена. Сеуште сум целата потресена, буквално толку се внесов ко таму да бев и да ги гледав случувањата. Ја прочитав за 5-6 дена, зависна бев од неа.
    Немам зборови, прво дело од Иго што го читам е, и стварно нешто феноменално. Таков човек како Жан Валжан незнам дали постои..херој, незнам..немам зборови во моментов и незнам како да се искажам :)
    Прерасен човек, прав ангел!
    Па и ја како што сум емотивка, ептен се потресов на крајот, последните 10 страници се утепав од плачење, со палома до мене, една по една вадам, дувам нос.. :D да ме видеше некој ќе си речеше којзнае што ми се случило..
    Не сакав да заврши книгава.
    Здравје штом викате 5те тома биле подобри, би ги читала и нив, али незнам што би било пишувано во тие 2000 страници што го нема во тие 500..се надевам не се само некои описи или незнам..некои небитни работи.

    Препорачувам секој да ја прочита книгата, се чита во еден здив :)

    спојлер!
    Крајот некако не ми беше по волја, не сакав да умре Жан Валжан, зашто умреееее!!?? Сакав баш така, да си останат заедно сите да живеат среќни, живи и здрави, зашто ги напушти Жанн :(
     
  8. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    прекрасна книга полна со емоции немам зборови можеби најубавата книга што сум ја прочитала :)
     
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    не сум ја читала скратената верзија, за да ти кажам што има и што нема.
    Но во тие 2000 страници има се, освен безначајни описи и работи.
    Доколку ти дојде при рака и имаш време би ти препорачала да ги прочиташ 5-те тома ;) :)
     
  10. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Првата најголема книга што сум ја прочитала.. :tmi: :fubar: и не се каам :)
    Преубава книга што мора секој да ја прочита... КОга бевме прва година проф ни раскажа по нешто за ликовите и си реков морам да ја прочитам така и беше..

    Со читањето на Клетници ме потикна за земање слободни книги од библиотека и исто така читањето на Чичко Горио, Злосторство и казна кои мораат да бидат прочитани :)
     
  11. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Не ми се верува како бараат теми за писмени, па дури и за оваа книга. :fubar:
    Ова е чисто совршенство, толку прекрасно дело што не се остава од раце.
    А, кога веќе еднаш ќе ја прочитате, верувајте ќе имате многу што да напишете за неа.
    Овој коментар го упатувам до сите средношколци кои во иднина, испаничени, неколку саати пред писмена ќе се губат во длабоките води сурфајќи со цел да пронајдат барем неколку исклиширани реченички кои ќе им донесат двојче на писмена.
    Во таквата потрага ако налетате на овој коментар, најдобронамерно ве советувам да седнете и да ја прочитате книгата, бидејќи некои книги во животот не смеат да се прескокнат. Ако не ги прочитате останувате половина човек, сфаќате?
    „Клетници“ е една од тие книги.
    Сега трк до библиотека, а за благодарам, не се чувствувајте приморани да ми кажете. :lol:
     
    На poi, Someonespecial, Neytiri и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    ауу не е истиот роман KOZETA I GAVROш и јас така мислев ама ова е само извадок од целата книга KLETNCI ако имаш прилика обавезно да ја прочиташ целосната верзија
     
  13. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Навистина прекрасен роман, вреди да се прочита. Топло го препорачувам на сите којшто го немаат прочитано. Ова дело ретко кого би оставило рамнодушен, за љубителите на добра книга, ова е вистинскиот избор. :)
     
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Jaс пред некое време ја дочитав книгава, за лектира ми е ама јас ја земав целосната верзија и воопшто не се каам. Прекрасен роман, навистина вреди да се прочита. Лесно и брзо се чита, дејството е многу интересно, напишана е на преубав начин, изобилува со емоции... едноставно - ремек дело.
    Мене ми стана омилена од сите лектири што досега сум ги читала. :inlove:

    И би им препорачала на моите врсници (сега како професорка ќе звучам ама ај) барем за оваа книга да ги остават кратките содржини и да се откажат од молбите по сајтови и форуми некој да им напише состав, туку да ја земат и да си ја прочитаат. Бидејќи навистина е штета да ја немате прочитано. :)
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Книгава почнав да ја читам во саботата, а синоќа ја дочитав. Несакав да ја оставам и да одам на спиење. :lol:
    Едноставно немам зборови... прекрасна е.
    И жалам што не дознав порано дека има и поголема верзија сигурно ќе се потрудев да ја пронајдам и прочитам...
    Омилен лик ми е Козета тоа девојче беше како под некоја среќна ѕвезда родено.. иако животот и започна со маки и тешкотии сепак се спаси од сите неправди кои и беа нанесувани :)
    И ќе им препорачам на сите средношколци да ја прочитаат, ако ништо друго барем ова скратената верзија бидејќи ова е дело кое ВРЕДИ да се прочита :)
     
  16. beauty13

    beauty13 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Јас ја прочитав пред неколку недели , ми беше за обработка. Некои моменти во книгата ми ги насолзуваа очите додека на други му се воодушевував на добрината и чесноста на Жан Валжан. Прексасен роман кој одсега го сметам за еден од најомилените книги во средно.Овие денови имаме есеј за Клетници и за белезите на ликовите - Фантина и Жан Валжан. Имам премногу да кажам но не ми е јасно како да критикувам,односно да имам свој став. Ако може некој пример да ми напише 1,2 реченици немора за оваа тема .. Фала однапред :*
     
  17. Indown

    Indown Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ќе може ли некој да ја скенира клетници и да ја прикачи на некој од ''online free storage'' сајтовите па на кој му треба да си ја превземе.
     
  18. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.466
    Допаѓања:
    33.804
    Пол:
    Женски
    Јас вчера ја зедов книгата,а денес почнав со читање...книгата веднаш ме освои,ја зедов скратената верзија со по 400 и нешто страни мислам дека е,но сепак интересна е,море преубава е!Читнав околу 30тина страни,но не велам дека се доста за денес!Уште ќе читам од оваа книга денеска.Ја зедов Клетници да ја читам онака од љубопитност бидејќи многу ја фалеа книгава.А не ми е лектира,но сепак зедов да читам.Иако не завршив со читањето на книгата,ја препорачувам на другите да ја прочитаат,бидејќи уште на првите страници мене книгата ме освои и многу ама ептен многу ми се допадна...;)
     
  19. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    61.605
    Можеби ова е првиот роман што сум го прочитала пред отприлика 35 години. Се сеќавам дека бев воодушевена!!! Во петто оделение ја обработувавме лектирата Козета и Гаврош и многу ми се допадна. Летото помеѓу петто и шесто одделение во библиотеката ми кажаа дека тоа е краток дел од романот Клетници и ми препорачаа да го прочитам!!! И сега би сум го прочитала повторно!!! :)
     
  20. itasevska12

    itasevska12 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Девојки, имам тема за писмена "Главните ликови во делото Клетници од Виктор Иго"... Вовед веќе имам ама ми треба по нешто за секој лик онака како за писмена ;( дали можеби некој има???