Па бидејќи пребарав и не најдов ваква тема или слична,сакам да ве прашам тие што користат клима уред каква марка клима уред,со која јачина и со каков систем имате,дали сте задоволни или не,од која сте најзадоволни,дали ви греат доволно,дали ладат,ете се што имате да кажете,еден опис. Јас ќе кажам еве дека татко ми има клима Beko стандарден сплит климатизер и не е баш задоволен,никако не му грее како што треба.Демек појака,3.5 kw,но испадна иста како старата,која беше послаба.Затоа прашувам,да знаеме кои се подобри,а кои не.
Ние сеуште немаме клима дома - старомодни сме. Требаше оваа зима да земеме за во детската соба, ама сите идеа до -5, а оно уште во ноември по -7 беше, па си остана на планирање само. Ја незнам ни да препорачам, ни нишо. Колку да пишам тука.
Па и јас баш се чудев како така до -5 Ама изгледа греат и под толку,иначе џабе ги прават. Е добро ако,па и ние додуша дома немаме,ама на работа ете треба,пошто е многу ладно,а голема просторија не се загрева со друго некако... Хахахaха ако ако,барем има некаков одговор,се надевам ќе има и повеќе
Ние имаме модел на Самсунг, а ја користиме стриктно во лето, бидејќи се грееме со парно, ама во зима работи до -5 мислам (или -10), не ме држете за збор. Ја користиме кога имаме потреба, а не по 20 часа дневно во лето душа да и вадиме, и за овие години само еднаш викнавме мајстори за чистење некое внатре. Задоволни сме пред се од Самсунг, и други елементи од бела техника ни се од оваа фирма и ја препорачувам. Цената и е околу 19-21 000.
Ние имаме Quadro и на зима не ја пуштаме... А и лето колку толку, слушнав дека седењето со клима цел ден е штетно и се пренесуваат бактерии од воздухот.. од КафеПауза, де..
Бидна и тоа, испазаривме и клима.Инвертер LG. Си кажувам искрено се контрав на почеток, искрено скапо ми се гледаше, е ама јас ништо не разбирам инвертер била Јас читам работна температура од -10 до 48 (мене тоа само ме интересира). Тоа валда грее до минус десет, а после -10 што правиме! Како и да е и друг извор на топлина ќе ми треба. Кој знае да ми направи разлика помеѓу обична клима и инвертер клима
Ние имаме Беко и многу сме задоволни, би ја препорачала оваа марка. Летово малку покасно ја купивме ама сепак бидна. За греење, ретко ја пуштаме ама грее некако.
Ние си купивме, кога ќе ја монтираме и дали овде кај свекрва ми ќе видиме здравје. Ама важно си купивме со 5 години гаранциja> Neo, со тошиба мотор INVERTER КАПАЦИТЕТ НА ЛАДЕЊЕ 3.5KW КАПАЦИТЕТ НА ГРЕЕЊЕ 3.7KW ПОТРОШУВАЧКА НА ЛАДЕЊЕ 1.092KW ПОТРОШУВАЧКА НА ГРЕЕЊЕ 1,024 KW FREON R410A ЕНЕРГЕТСКА КЛАСА А ТЕМПЕРАТУРА -15С ДО 43С
Со здравје да си ја користите Сноу Се надевам да е добра и да се пофалиш Таа на татко ми топли колку толку,ама да не се ептен ниски температурите,иначе се за нигде :/
Имаме од Fuego земена е одамна и незнам кои перформанси ги има но во зима грее само колку да замлачи а да е топло не па и така не ја пуштаме. Во лето ја пуштаме максимално кога е многу жешко а исто и во есен кога заладува а дома е баш топло. Макс температура е 32 степени.
@Valerin Водата што истекува од надвор во што j а собирате? Ako e во шише или слично може да ти е преполнето, па се врака водата и тече внатре. Испразни го шишето само. Се надевам убаво обjаснив
@Valerin тогаш не би знаела да ти помогнам. Мене ми се случува да прокапе внатре ако сме го преполниле шишето надвор.
Сакам да праша климата кога ми е вклучена надвор вентилаторот некогаш дува а некогаш не. Дали цело време треба да дува и кој би можел да е проблемот?
Јас мислам дури за 35 квадрати не ти ни треба инвертер,јас баш разгледував клими инвертер,во горење ти е 29 000 за до -15,и vivax ,LG,ima po 22 000,вакви клими имаат мои блиски пријатели и се презадоволни
Купивме клима,Gree, малку појака 5,5kw, и сме задоволни, малце поскапо ја земавме,, 45000 ден, ама се надевам дека ке се исплати за зимскава сезона.За греење ке не греее, ама ке видиме како ке се одрази на сметките за струја.
Не е лошо за почеток за се информирате за климатизерите како работат и на што треба да се внимава. А за препорака можам да го препорачам следниот модел на климатизер