@forumce @Anita Nikoloska А средивме климата А проблемот за млако што дувала е фалел Фреон нивна грешка при монтажа Климата е супер , на 25° e пуштена одма затопли дома идеално .
Се мислиме за Даикин ил Gree инвертер, некоја добра 5.5? Јас Gree ја имам дома и ми загрева супер, но имам и многу јака изолација. Ова ми треба за кај мајка ми, она е бо стан, стара зграда и изолацијата не е ништо посебно. Некој совет, препорака за клима?
ПВЦ прозори, а за надворешната изолација допрва треба да одлучиме, освен онаа со стиропор не доага во предвид. Маж ми сака и внатрешна и надворешна да става па ќе видиме, само да стигнеме до тој дел, здравје.
може и со една 5.5ка само ризикујте да не ве топле доволно коа ке дојде -15 -20 степени Затоа 2 клими 3.5 и ке бидите згреани
искуства со разладувач Dynamic дали е добар за летно време да не купувам клима само за ладење за во спална?
Дечки, два дена веќе како имаме инвертер Hisense 18-ка. Одличен е, веднаш лади, супер е воздухот, ама чудно ми е дека кога ќе постигне температура не се гаси автоматски. Сме користеле обични сплит климатизери, откако ќе постигнат одредена температура автоматски перките се гасат, па кога пр. ќе падне, или качи температурата, се вклучува пак, меѓутоа со ова не е така. Не дува толку силно откако ќе постигне, ама не се гаси. Нормално е, или?
Ако се работи за куќа јас би ти препроачала да си ставите ваков тип на греење/ ладење http://energija.com.mk/клима-уреди/haier/парапетни Искрено јас и во стан би си ставила ама ми е страв да не им бучи доле на комшиите. Инаку јас имам Инвентор марка клими, купени 2009 година. До ден денес не се расипале, прекрасна марка, како да се денес купени. Секако годишно ги сервисирам, чистење, антибактериско, проверка на фреон и слично.
Нема зошто да им бучи на комшиите доле, и парапетните се поставуваат на ѕид, само ниско. И екстремно се тивки, ги забораваш дека се вклучени. Од мене секоја препорака, и за греење и за ладење, многу е попријатен амбиентот со нив, во однос на класичните инвертери.