@Mononoke1 daikin нема шанси за 40.000ден да најдеш што ќе згрее соба од 40квадрати, ние толку ја плативме за соба од 16квадрати. За квалитет одлични се и доста економични
@forumce те гледам поактивна во темата и дека имаш поголемо знаење од мене на тема клими. Добра клима за ладење и греење? Површина 30 квадрати
Не се разбирам баш, вака од искуство зборам. Ние имаме аукс 5.5 инвертер и на сите го препорачувам. Греееме и ладеме спална и дневна, вкупна површина околу 50кв а мош и повеќе без проблем. Некогаш по потреба отвореме врата и во кујна и купатило и постигнува климата. Летно време сметката за струја ни е повисока за околу 500 денари, а зимото за околу 1500-2000 денари со тоа што од сабајле не грееме оти сме на работа прва смена, ама затоа па ноќеска си грее по потреба. Зимото не ја исклучуваме воопшто, само температурата ја подесуваме. Јас сум задоволна, ама па и нова е климата, година и пол. Околу 32000 мислам ја купивме
Ние имаме Мидеа до -15°, и да ти кажам за греење не сум многу задоволна како поминавме зимото. Кога надвор беше температурата -5 јас не можев да се згреам внатре и кога климата работи со саати, а сега летоска за ладење беше екстра. Зимото мислам дека на сметката околу 1000 денари плус беше, а сега летово не сум приметила.
Здраво Дали можам да најдам добра клима за греење на простор од околу 40м2 за 30000ден? Разгледувам по страниве али не се разбирам
види на грее барај го моделот лцлх сега е со некое ново име 12ка барај ако имав пвц прозори изолација ке се стоплиш ако не зимај 5.5ка со 3.5ката ке биде кнап ако немаш изолација
Што мислите дали брендот игра улога во квалитетот на климата, кој се подобри самсунг или хисенсе. Или поважни се перформансите.
Ние грееме ист простор со грее клима. Климата е 3.5ка, мислам дека беше 29000ден. Топло си е цела зима.
не е само битно да згрее,туку и сметките да се ниски. затоа тошиба или даикин ќе си земете. кај сите кинески едно е на хартија, а друго во реалноста
Не е точно. Повеќе од 2000ден сметка за климата не сме платиле, а работела 24часа на топло или ладно. Оваа 2000ден. споредено со месец каде климата не била пуштена воопшто.
За дневна од околу 65 квадрати, каква клима/клими се најдобри, една тешко дека ќе стопли кога е ладно. Додуша не се ни разбирам ич, оваа во станот самсунг ни е супер ама стан е и пола од тоа е просторот. Какви се тие клими во новите станови што ги ставаат, една централна и во секоја соба клима преку една се сите.