Мултисплит систем, повеќе внатрешни единици поврзани со една надворешна единица. Практични се бидејќи имаш повеќе клими дома, а само еден надворешен уред ти фаќа место на тераса. За просторија од 65м2 ставете два 3,5 инвертери, доколку имате можност нека бидат мултисплит. Поефикасна варијанта за поголеми простори се две помали клими, отколку една поголема (5 или 7).
Мислење за климава? Имам отворен простор 35 квадрати, без изолација, алуминиум прозори. Или предложете ми некоја од која сте задоволни а да не е прескапа.
Искрено би ти ја препорачала грее амбер. Иако е поскапо 3,5ка 50 000 илјади иди вреди за секоја пара презадоволни сме, Ниска сметката за струја ни иди а стоплени сме. Имаме пријатели што зедоа некоја друга марка 5,5ка за 30 000 мислам ја скапаја фалење а еве велат сега измрзнати сме ни не затоплува ни ништо и сметката им иди по 7000, а нас највисоката сметка ни дошла во најладното 4300 во најладното башка уклучувам соларно секој ден да не замрзни и готвам на електрично и за 2 спрата сметката толку. Така да колку повеќе вложиш на старт толку полесно мислам после ќе ти биди. Разликава во пари на старт е голема ама после со сметките пак ти иди израмнето. Сепак спрема можностите ти си знаеш https://klimi.mk/product/249
Да прашам дали вие што се греете на ккима еднаш годишно правете чистење на климата професионално не на филтрите. Вчера имаше кај комшиите дојдено луѓе да му ја исчистат климата вие не знаете каква нечистотија истече од внатрешната единица. Јас не сакав бидејки климата ми е под гаранција а кога дојдоја лани дечките џа продолжување на гаранцијата баш ги прашав за вакво чистење ми рекоја дека нема потреба а можат барем тоа да го направат со тоа што плакам 800 денари за продолжување на гаранцијата.
Идат кај нас секоја година за продолжување на гаранцијата плаќаме исто 800 денари чистат ја проверуваат во каква состојба си е дали е се исправно, ако треба дополнуваат фреон, а инаку редовно ние си ги чистиме филтрите одприлика на 3-4 недели. Сами кај нас си почнуваат со процедурата прскаат со некое средство и внатре и надвор. Прашај си во салонот кај што си ја купила мислам за тоа плаќаш 800 денари за одржување инаку што бараат да идат дома ќе одиш во салонот да ги даваш тие 800 денари
исто и ја имам грее еве 5та година секој октомври идат прскаат средство ја чистат проверуват и плаќам 800 ден и имаш плус 1 година гаранција мене нешто слабо ми дува сеа ке им речам и фреон да проверат нема толку голем проток на воздухот,не фуче како порано
Имам прашање, монтиравме инвертер и имаме многу прашања. Пево дали ако е наместема климата на 22 степени, тоа значи дека во собата ттеба да биде 22 И друго во текот на денот 4-5 пати исклучува и после пола час се вклучува, дали кога ја постигнува температурата се случува така
Инвертер обично не исклучува кога ке постигне тем. Зависи која клима ја имаш ако наместиш 22 степени она ке се стреми да ја постигне таа тем од 22 степени па после на најслабо ке работи колку да одржава Сензорот за тем е горе на внатрешната единица и ако ја наместиш на 22 степени горе ке биде 22 а на нозете 20 сигурно Некои клими имаат опција ајфил При таа опција сензорот е на даљинското и даљинското стави го под масичка на ниско и наместии пр 22 степени па коа на нозете ке биде 22 тогаш ке намале со дување
А зошто тогаш исклучува во текот на денот, се случи вечерва дури еден час беше исклучена и надворешната и внатрешната единица, па моравме да ја исклучиме и вклучиме одново.
Pisi sto klima koristis. Kiga ke postavis na 22stepeni na dalinskoto oklucuvas ifeel opcija zavisi od klima moze i fallow me da bide so koja opcija senzorot na dalinskoto isprajka signal do klimata sekoi 3 4 minuti za toa kolku e sobnata temp i klimata si raboti dodeka ne ja postigne zadadenata temperatura, potoa namaluva so rabotta no ne se gasi. No dokolku samo zadades 22 stepeni a ne go oklucus senzorot na dalinakoto klimata samo ke praa pali gasi.
Имам едно прашање. Овој месец ни дојде многу висока сметка за струја. Дали е можно сметката да е толку висока затоа што инвертерот го исклучуваме навачер а преку ден го уклучуваме?? Дали така троши повеќе, тоа ми е прашањето??
Климата не треба да ја исклучуваш,преку ноќ пак најмалце тогаш е евтина струја, помалку струја троши кога одржува температура. Кај мене стои цело време на 26 и дење и ноќе.
На крај година порамнуваат сметки.... Ама може да е и од климата, со тоа што го гасите навечер не штедите туку баш напротив, повеќе трошите. Мој совет е да се пушта во октомври и да се гаси во март, со тоа што кога не сте дома да се намали температурата 2-3 степени помалку, исто и навечер. Можеви се прашуваш зошто повеќе троши кога ја гасите, кога ја гасите ѕидовите се ладат, предметите во домот се ладат и кога ја пуштате наутро таа работи со полн капацитет за да ја постигне тт која сте ја задале, а кога е уклучена цело време климата си ја одржува тт и си догрева по потреба. Мислам дека убаво објаснив и ќе сфатиш што е поентата на инвертер климите
Повеќе ти троши така, Ние ја оставаме на одржување на 20 степени после си ја работам 23-24 зависи како е надвор.Кога излегувам исто така си ја оставам дома на одржување воопшто не ја гаснам и не ни иди воопшто висока сметка за струја со оглед на тоа дека се грееме со клима и готвам на електрично цело време. Сепак зависи и каква и е потрошувачката на климата
Во период на грејна сезона препорачливо е климата да не се исклучува. На ниски температури брзо се лади просторот и троши повеќе при повторно затоплување. Користам инвертер од Gree, 3.5. Од октомври до март работи на 24С без да променувам температура. Покрај климата, редовно се вклучени бојлер и проточно бојлерче и не плаќам високи сметки. Сите клими немаат иста потрошувачка.
Мојата клима,нон-стоп е уклучена,дење-ноќе. До пред овој месец,цената беше 3700д. Последната сметка ми дојде 5680д.
Повеќе така трошиш јас ја пуштам.од Октомври ја гасам во Мај температурата на климата ја оставаме на 30 степени, а и плхс догреваме со пелети тоа го палиме од ноември го гасиме крајот на април и тоа е на 26 степени цело време. Клими имаме три една во дневна една во детска и една во спална парно имаме во сите простории на долниот кат и на горниот кат тоа е поврзано на печката со пелети. Струја плаќаме околу 3.500-4000денари месечно.