Кошмари имам од сметките за струја! Јас кога седев во стан во Центар со слаба изолација и лоши прозори, преку зима на два-три пати ни доаѓаа сметки по 8000(на тројца делевме), а се греевме на 2 клими. Сега со поскапувањето не знам колку ќе дојди, ама за среќа за декември дојде само 1000 денари, дека на градско парно, а и клима ретко вклучувам.
Здраво ме интересира на која брзина е правилно да се пушти климата за да не троши многу? На најака брзина или најслаба?
тоа значи дека имаш зададено повисока температура пр 28 30 а во собата е 20 и она дува најсилно за,да постигне задади 24 ке дува послабо и побавно ке се затопли Ваљда голем простор е а мала клима
Исто е и на 25 и на 22 степени...сега моментално е на 22 со исклучено ауто работи нормално со најслаб фан а ако пуштам ауто одма почнува да дува посилно..не е голема собата,околу 18 квадрати е.
Ако не си го решила проблемот побарај сервисер ако ти е под гаранција јави се таму каде што ја купи зошто според грешката пише дека има проблем во компресорот.
Дали некој има главоболки од климата?...иако не дува директно во лице, можеби воздухот е многу сув? Не знам што би било причина...ама се случува само кога е вклучена.
Земи си навлажнувач на воздух ако се грееш на клима. Ги има во Нептун, Сетек од ефтини до доста поскапи. Мене очите и кожата ми се катастрофа ако не користам навлажнувач.
Достигнува ли темпетатура?Ако достигне и доколку е на auto,сама ќе треба да се исклучи.Односно ќе се намалува брзината на вентилаторот. Иначе на auto треба да биде нагодена доколку сакаш да има мала потрошувачка.
Па да најголемиот дел од денот е вклучена.. најверојатно до тоа е. Фала ти ќе го земам ова во предвид.
Побарај на google,пиши power consumtion related to fan speed.ќе прочиташ дека потрошувачката зависи од брзината.Колку поголема брзина,поголема потрошувачка и обратно. Затоа инверторот на "auto" треба да биде поставен цело време.