Јас гледав едни со вода нешто вакви https://www.ekupi.mk/mk/Апарати-за-...ir-Cooler-разладувач-вентилатор/p/EK000401154
Вентилатор со вода , ја распрскува .. далеку од ладење , ќе направиш само да не можеш да дишеш од влагата ...
Имавме ние во спална, ама не се покажа баш најдобро, треба да менуваш вода цело време, одма се стоплува водата и воопшто не лади, џабе дадовме 6000 ден. Клима му е мајката, иначе нема слас.
И јас имав, не gree, ама сите на ист начин функционираат. Кога ќе ставев мраз во водата, и тие замрзнатите шишиња, беше океј првите 10 минути и после работеше едноставно како слаб вентилатор . И брчеше ужасно гласно кога беше на најјако уклучен. Скроз фрлање пари џабе, сега фаќа прашина во подрум.
Дали знаете колку се доплаќа за монтажа на клима(инвертер) од Сетек? Или да препорачате од некое др место што сте задоволни..
Зависи од големината на климата за .5ка е 5000 денари па нагоре мој совет не земај од сетек ништо препорака Грее
Дали некој има искуство со мобилни клими? Не тие што се со вода, туку баш како клима, и да лади и да грее. Дали сте задоволни, и кој модел конкретно? Како овие на следните линкови https://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10169_10170_10302&product_id=73324 https://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10169_10170_10302&product_id=73323 https://tehnomarket.com.mk/product/...000btu-acp-12pt35aehs-r290-mobilen-klima-ured https://riversoft.mk/product/9992614 https://riversoft.mk/product/9992616
Не ја разбирам логиката на овие мобилни клими. Колку што ми е познато, мора да се спроведе црево надвор за топлиот воздух. Што значи потребно е да се направи дупка во ѕидот. А ако ја шетам климата по други простории, сегде ли ќе правам дупки за цревото? Плус, многу биле побучни и енергетски понеефикасни од класичните клими. Чуму ваков луксуз?
Токму така , мобилни клими се наменети за специјални простории, а не дека ќе ги шеташ по дома ( сепак треба да има црево за излез) И никако купување од навдените линкови