Како секој реален систем, на автомобил пример, возење, голема километража и правиш сервис, така е и овде.На автото ќе му смениш масло, антифриз, итн.Истото ти е и овде, после одредено време треба да и се прави сервис редовен, иначе ете, се појавуваат непосакани ситуации.За текстот од линкот не знам што да кажам, најверојатно мајстори со нула искуство го изјавил тоа.Реномиран и искусен сервисер не би рекол дека може да пропушти нешто. Редно време е да и направиш сервис кој што ќе го направи асален и реномиран сервисер.Прашај во фирми за климатизација, распрашај се а не само кај еден сервисер да гледаш да ти заврши работа.
Море дете... Знам ја како треба. Ама, едно нема кај нас такви сервисери, друго-прескапо е да ги викнам од друг град.
Добро де.Не знам од кој град си и колку е скапо од друг град да викнеш.Па нема ли добри(прави мајстори) сервисери од местото кај што живееш? Пред се, се ова што го зборевме паѓа во вода.Треба да се прегледа климатизерот за да дојде до заклучок што и фали на климата.Можеби има повеќе симптоми, можеби еден...
Нова е климата. Фреон во новите клими повеќе нема, па дури и климите во колите немаат веќе фреон, тој систем со фреон е од старите. При монтажа се набива само компресија и се истиснува вишокот на воздух со компресор. Климата лади и топли перфектно, за ладење сега камен ја прави дневната, не се седи од ладно дури на 24-25 степени а на 17-20 мраз ќе е. Само надворешната единица т.е вентилаторот е бучен и кога почнува со работа вади звук како електрична локомотива при тргнување и оди на нерви оти се слуша и внатре, после се смирува, не се слуша внатре, надвор да и ветар многу прави. Дали е до големината на вентилаторот или пак не муе убаво монтирана, тој рече можно е да не била невинирана под васер вага а и гумици на штрафовите можно да требало за да не брчи толку и треси дека голема единица е.
Не бе, кај немаат новите клими/инвертори фреон.Секако дека има, само внатре е фреонот.Фабрички е вграден во системот.Само со вакуум пумпа се вади цел воздух. Види да не е оштетен вентилаторот.Да не е со лагер, па лагерот да е оштетен.
Па тоа викам, сакам да кажам дека не се дополнува, иначе има внатрешен. Не објаснав убо. И мајсторот рече исто не се дополнува и нема потреба. Нова е климата. Ваљда нема со оштетен лагер да ја пуштаат во продажба. Ми рече тој дека можно е да нее нивелирана и гумици на штрафови да се стават на држачите, оти како од држачите да иди бучавава. Ако има внатрешен лагер скршено ќе чука.
Доколку е стар фреонот, ќе треба да се смени истиот.А не се дополнува доколку е нова која што има фреон внатре во самиот инвертор.Исклучок мислам беше должината на бакарните цефки, си пишува на самата единица. Да не не е стегната убаво на лежиштето самата надворешна единица?Еднаш велиш вентилаторот е бучен, после држачите...
Вентилаторот од надвор како да вибрира, кога почнува со работа се слуша вибрација и вади некој звук како електрична локомотива, кога ќе почни со работа да дува се смирува и си работи нормално. Држачите се стегнати ама од негде вибрира и вади звук на воз дур почни со работа.
Здраво, дали некој ја користи оваа клима, дали е задоволен? Потребна ни е за во стан, целиот стан е 64м2. Имаме променета дограма и врати. https://mall.gree.com.mk/index.php/product/fairy-premium18/ Исто ме интересира дали имате искуство со наеачување од оваа страница?
Јас ја имам, Fairy Premium само послабата GWH12ACC 3.5kW. Одлична е, тивка е, само оваа за 64 квадрати слаба ќе ви биде. 6.8 или 7.2 за 64. Види Amber Nordic GWH12YD 7.2kW; Charmo Artic Pro II 6.8kW S-Nordic 7.2; Charmo Artic Pro II 7.5 или другиот бренд на Грее - Тосот. Иначе GREE е најголем производител на клими во светот.
Баш влегов во темава да видам дали некој ја има Gree Fairy Premium од 5.5kW. Велиш добра е и тивка? Мене од такт ме ваде надвор поготово да ми бучи многу, сакам максимално тивко. Имам една сплит а нова е 2 години, брчи надвор како улава, буквално како трактор низ цела куќа се слуша. Еве за оваа се одлучив да ја земам на Gree, за греење на 32м2, па се надевам ќе не слуши убаво со не многу високи сметки
Добра е климата. Јас сум до сеа задоволен. Мојава само надворешната единица т.е вентилаторот ме напнува зошто е бучен доста. Внатре не се слуша меѓутоа од надвор да. А и една друга забелешка, кога почнува со работа дур се смири како електрична локомотива. Не муе убаво монтирана а 100еур за монтажа ги зедоја. Требаше да дојдат да си видат оти е бучна, не дојдоа. А 3.5 е тивка претивка. До монтажата ќе да е или пак е таква бучна надвор 5.5 ама не ми се верува, други има потивки се. Иначе не трошат многу. 1500 до 1800 месецот.
Најверојатно е до монтажата, ја прашав другарка ја имаат истава клима од 5.5kW и рече воопшто дека не е бучна, па изгледа зависи на мајсторите колку му се работи Сметките како да ги очекувам зимоска?
Не се бучни и јас тоа го знам, со Даикин работат, ама мојава бучна е надвор. И да, на брзина ја монтираа тогаш само. Тоа е, фушарски работат. А другава убаво е монтирана. Ја немам тестирано на екстремно ладно време, сметка дојде исто како и порано, дури и помалце Ќе видиме в зима како ќе биде. Ама како шо велат од 1500 до 1800ден еве 2000 трошеле демек
Имаме клима Gree fairy premium 5.5 Во последно време кога ја пуштаме да работи испушта непријатен мирис ,а исто и во текот на работењето. Филтри редовно ги вадеме и чистиме,за овој проблем викнавме и сервис мајстор,со некое сретство чистеше турбина и некои др. делови,два дена немаше мирис лош,потоа пак почна. До што може да е и чаре ако ако има?
Вака сега имам проблем со прљавштина во климата како ја чистите внатре? Таа пластичната мрежа ја вадам редовно и ја мијам, ама друг ништо немам пипнато. Сега отварам прозор и убаво се ветрее ама ова треба да се среди за зимава..
Некој да препорача парапетна клима или конзолна за 60 квадрати...која марка е поубава,потрошувачката,бучавата???