Мои блиски ја имаат и греат спална со климава околу 16кв и до сега само пофални зборови имале да кажат. Многу се задоволни иако е ефтина и Фуего.
Земавме Hisense energy pro + ја имаше на попуст од 50.000 на 38.000 По спецификации е како помоќна 3.5 Најбитно и е по спецификации како најмалку бучна. Не е монтирана се уште. Некој искуство со овој модел?
Климата користи ја додека може додека дозволуваат температурите Ке ја уклучиш на саканата темература пр 24 и нема да ја гаснеш Ако ја угасиш на минус 1 2 3 нема да згрее ништо Кога ке падне минус 5 види со греалката загревај или догревај У секој случај после минус 3 4 5 степени нема да те згрее т е не ти брка работа до тогаш палиш и не гасиш
Види на упатството треба да ти ја пише апликацијата и би требало да имаш еден лист со бар код како кај фискалните тој треба да го скенираш ке ти го побара апликацијата
Дали има некој искуство со клима Toyotomi оние шо се парапетни како панел, се мислиме за таква да наместиме но прилично се нови кај нас на пазарот па ако има некој искуство да сподели. Или од која марка на таква клима сте задоволни
Здраво Дневната со кујната ми се 35 квадрати, куката ми е со пвц прозори ама нема изолација нема фасада Имав 3.5 киловати клима Нео компакт со неа се топлевме дома , ама исто ко без клима да бевме, нестоплени а од техномаркет ми рекоја земија нема да имаш гајле мн добра клима најпродавана е Нео Сакам да земам 5,5 клима Дали може да ми препорачате некоја ?
Супер, ако ви е за греење парапетните според мене се многу подобри. Лично од Toyotomi 5.5kw сме презадоволни
Колкава квадратура топлите? Сакаме да земиме за топење кај нас е поголема површина околу 50 квадрати имаме изолација. Имаме Вивакс ама не е нешто баш, посебно кога е влажно многу набрзо прави дефрост. Сега сакаме да земеме парапетна од Toyotomi ама барав некој со искуство да сподели дали е добра
Ви благодарам многу на споделено искуство. Само уште ова ако може да споделете дали е гласен моторот? кај нас е блиску до прозорец надворешната единица, а Виваксот е доста гласна брчи се слуша дури внатре
Искрено да. Кај нас е далеку од прозорец и дома не се слуша воопшто, ама кога ќе излеземе надвор доста е гласна.
Која Вивакс ја имаш? Те прашувам дека во маало кај мене доста имаат Вивакс и се претивки. Инаку ние ја имаме Gree Fairy Premium ама од 3.5кв и климава е претивка и надвор и внатре. Прилично нова ни е, купена во Септември ама буквално бања ни прави, секоја препорака за климава. Сигурна сум дека и поголемата од 5.5кв е одлична.
Јас у дневна и на работа имам Вивакс не се слуша кога работи, најверојатно проблем им е до монтажата.