Затоа и ја прашав, многу ги имаат Вивакс и навистина се многу тивки, па се зачудив кога пишала членката дела бучи. Најверојатно нешто до монтирањето е, или па евентуално некој постар модел.
Во моментов е тивка, а падна магла или ја пуштиме на појака температура одма почнува да брчи. И од други имаме слушнато дека се доста погласни во однос на други клими и многу понабрзо прават дифрост. На другиот спрат имаме LG и нема споредба ни во звук ни во топлење.
Не е кај нас тивка во однос на другата клима што ја имаме, не знам во моментов точен модел да напишам ја имаме веќе 7 години и не сме многу задоволни. На другиот спрат имаме LG и нема споредба една со друга.
Епа изгледа не е тој модел што е доста популарен. Сега многу ја имаат онаа стаклената Вивакс. Баш мој братучед ја има и буквално не се слуша дека работи. Да си викнете сервис да ја ѕирнат. Не паднале толку ниски температури за да ви прави толку често дефрост. Или па толку и е силата, не знам што друго да те советувам. Сѐ надевам ќе најдете решение.
Не е тој модел на стаклена. Овој период не прави дефрост, најнормално си работи но и времето е многу потопло сега. Јас си кажувам како поминувавме до сега предходните зими, па затоа размислуваме да ја смениме со друга. Сега само собирам информации за да ја погодиме наредната да биде подобра од ова. Иначе имавме и сервисер се е во ред со климата едноставно ете кај нас не се погоди баш, се случува и така.
Климата зафркава, изгледа нема фреон. Се јавивме на сервис ни кажаа дека зимно време не се става фреон а што сега ќе се прави на минуснивме температури? Кога дува ладно климата и само на тоа се грееме.
За дефрост уште кога ја купивме климата ми кажаа така правела од загаден воздух не од минусни температури. И навистина сум приметила кога нема минусни температури почесто прави дефрост. Другата клима што ни е во другата куќа не ја користевме често туку кога одевме таму, последен пат приметив дека од доле капе и цела тераса беше водена, од што може да е? А вака нормално си работи дури и многу топло ми беше.
Здраво, од октомври имаме клима GREE AMBER NORDIK 3,5 грееме само една соба од 25 квадрати, климата е пуштена на 22,23 и fan 3. Кога не беше толку ладно ќе ја постигне температурата и од неа излаваше некој ладен воздух, сега кога е поладно многу често прави дефрост, на секое постигање на температурата. Филтрите ги чистиме на една недела, вчера ги чистев и дури приметив и мраз на внатрешнста единица. Дали има врска што надворешната единица ни е на север и нема завет со дефростот?
Малку мраз на цревото на надворешната единица не е страшно, пошто кога работи климата создава вода и таа вода мора да истече некаде и затоа има црево. Нема врска страната каде е поставена климата, постигнува температура и го врти воздухот и затоа мислиш дека е ладен воздух. Само за да троши помалку пари ставете ја на фен auto, а не на тројка да дува.
Мраз имаше на внатрешната единица, кај што се ставаат филтрите. За мраз на цревото знам дека ќе има и не е страшно.
Не би требало внатре да има мраз викни сервисот нека ја проверат Местиш температура на која ви е дома комотно пр кај мене 25 и фан ауто ем помалце троши ем нема да фуче За дефрост е нормално кога е надвор влажно времето
Zdravo,klimata zamrzna kaj perkite sto duva ,celo vreme brci tresti mraz ja zafaka perkata ,i normalno voopsto ne duva ,pokazuva EF znak zamrznata ...nekoja so vakvo iskustvo
Тоа не е ни никаква марка Непостоечка Штом можеш земи си друг инвертер За оваа незнам шо да ти кажам совет за да се згрееш освен да фрлиш тоа ѓубре