Што проблем имаш со Gree? Со таква се грееме и сме презадоволни, па ме интересира што проблем ти прави?
GREE е повеќе јапонска отколку Daikin, GRee има Daikin компесор истиот онај што се вградува во Daikin. Daikin, Mitsubishi, Toshiba немаат допирна точка со Јапонија бидејќи не се произведуваат во Јапонија, туку во Тајланд, Турција, Чешка и Кина итн. Само брендот јапонски.
9та грејна сезона ке ни биде годинава со клима грее лими лцлх модел За у куќата ке земам сеа пак грее
Колку квадрати стан греете со климата? Ние сакаме и покрај парното клима да ставиме сепак ама не знам дали ќе грее само таа и дали ќе ни биде топло
Искуство со мобилните клими за мала соба(мах 8 квадрати)? И заради цевката/цревото некој искуство и за потрошувачка? Благодарам
Airy PRO ти е таман за 60 квадрати и плус помалку троши струја од Amber Nordic. https://klimi.mk/product/686
Тие што се греете само на клима во стан, може ли да споделите искуство? Искрено се размислуваме воопшто да не ставаме парно оти ни излегоа некои компликации па се размислуваме дали ќе биде доволно топло и дали ќе треба да купиме уште една. Станот ни е 58м2, и имаме купено сега за сега една пет иполка Грее што ќе ни биде во средина на станот што значи ќе дува во дневна, ходник, детска соба и спална..
Ако ви е поставена во ходник и штом циркулира воздухот, не би требало да имате проблем, ќе ви биде топло. Од мое искуство, супер ја пројдовме зимата со 5.5-ка клима, со таа разлика што кај нас е поставена во дневна на позиција што овозможува воздухот да кружи низ останатите соби. Грееме 60м2 и топло ни беше во сите соби.
И кај нас е во дневна позиционирана баш дува во двете соби и ходничето а и дневната убаво ја грее, сега ја тестиравме, само мене ми е за кога ќе дојдат зимите дали ќе имаме потреба уште од една. Фала ти за споделено искуство
Првата зима во нов дом секогаш е тест за греењето, па ќе знаете дали ќе ви треба нешто плус или не. Кај нас испадна скроз доволно една 5.5-ка за таа квадратура, а и поставеноста си игра улога. Како што опишуваш, би требало да испадне во ред и кај вас, плус Gree се одлични клими.
Да да баш, ние викендов веќе ќе се преселиме така што баш ќе биде тест, за да видиме дали да ставиме уште една. Купивме доста добра клима и вика сега дека е за до 70м2 ама ќе видиме. Ти благодарам многу на споделеното искуство
5.5 ќе брка работа ќе ве топли за тие квадрати но ќе работи повеќе додека не постигни температура насекаде зошто вратите ќе ги чувате отворени за топлината да оди и по другите соби.