Форумџика на годината

Клима уреди (климатизери)

Дискусија во 'Дом' започната од Divinebutterfly, 1 февруари 2013.

  1. skyfly 5

    skyfly 5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    139
    Искуство со Даикин за стан од околу 90м2,има парно но е премногу слабо плус зградата е со фасадна цигла па скоро и да нема изолација е сега незнам дали е подобар избор парапетна единица за во детска и спална или класична единица горе на ѕид?? Даикин вели една надворешна единица може да опслужи 3 до 5 внатрешни само незнам како би одело поврзувањето веројатно треба доста бушење при монтажа за кабли и црева.
    Секое споделено искуство е добредојдено.
     
  2. skyfly 5

    skyfly 5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    139
    Искуство со Даикин за стан од околу 90м2,има парно но е премногу слабо плус зградата е со фасадна цигла па скоро и да нема изолација е сега незнам дали е подобар избор парапетна единица за во детска и спална или класична единица горе на ѕид?? Даикин вели една надворешна единица може да опслужи 3 до 5 внатрешни само незнам како би одело поврзувањето веројатно треба доста бушење при монтажа за кабли и црева.
    Секое споделено искуство е добредојдено.
     
  3. orxideya

    orxideya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Дали е нормално во овој период Gree клима често да прави дефрост - одмрзнување при греење?
     
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    9.724
    Пол:
    Машки
    Ако има магла да.
     
  5. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.844
    Допаѓања:
    35.962
    Пол:
    Женски
    Мене не ми направила до сега, Грее фери премиум ја имам.
    Која Грее ја имаш?
     
  6. orxideya

    orxideya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Нема магла но, има дожд. Прави дефрост на секои 30 минути. Се смрзнав.
     
  7. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.036
    Пол:
    Женски
    И ние имаме Грее ама до сега не ни правела дефрост, иако има дожд надвор.
     
  8. DijanaElVi

    DijanaElVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Имам инвертер клима Gree fairy. Последните неколку дена приметувам дека не ја мери правилно температурата во собата. Ако термометарот покажува 21⁰, климата покажува 23⁰ и се осеќа дека е посвежо во собата. Дали некој знае како да го решам проблемот?
     
  9. orxideya

    orxideya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Тоа е фабрички проблем за жал и не можеш да го решиш. Мојата е исто Gree и температурата секогаш за разликува за плус/минус 2-3 степени.
     
  10. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.844
    Допаѓања:
    35.962
    Пол:
    Женски
    И кај мене на апликација не ја дава реалната температура скоро никогаш.
    Еве моментално ни е 23 степени во дневна, а на апликација кажува дека е 12. :D
     
  11. DijanaElVi

    DijanaElVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Климата ја имаме повеќе години и ова почна да го прави последниве неколку дена. Пред тоа немавме ваков проблем. Денес посебно се осеќа ладно, а она покажува 22⁰, реално е 20⁰.
     
  12. orxideya

    orxideya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    1. Исклучи ја целосно од штекер или осигурач на 10 минути па вклучи ја повторно
    2. Извади ги батериите од далечинското пак врати ги
    3. Смени ги батериите на далечинското ако се стари
    4. Пробај да ја користиш "I feel" опцијата.

    Ако ништо не помага ќе се научиш да си ја пушташ за два степена повеќе од посакуваната температура и тоа е тоа.
     
    Последна измена: 16 декември 2025
  13. DijanaElVi

    DijanaElVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Кај мене е поинаку. Температурата во собата е 21⁰, климата на I feel подесена на 23⁰ и после кратко време се исклучува како да ја постигнала температурата. Ја проверувам колку е и покажува 22⁰. Значи не е постигната температурата, а се исклучува сама.
     
  14. lovekidao

    lovekidao Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам клима Gree Fairy Premium, од денес надворешната единица замрзнува скоро секој час и внатре почнува да дува млак воздух и потоа се исклучува се одмрзнува надворешната единица и потоа работи нормално еден час се додека не замрзни надворешната единица повторно. Мразот се гледа и внатре и надвор на надворешната единица. Дали е ова нормално или треба да викам сервис?
     
  15. orxideya

    orxideya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Нормално е.
     
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    9.724
    Пол:
    Машки
    Нормално е. И кај мене исто прави. ДеФрост прави и на магла.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.036
    Пол:
    Женски
    Вие што се греете на клима, дали ви се случило да ви стаса повисока сметка кога е поладно?

    Во ноември плативме 3050 денари за струја, сега ни стаса сметка 4370, а од тогаш до сега само еден степен сме ја покачиле односно ја држевме на 21/22 во поладниов период на 22/23. Дали е нормално или да се бунам :D
     
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    9.724
    Пол:
    Машки
    Нормално е. Кога е ладно, речиси нон стоп дува за да постигни температура во собата, не се гаси скоро ич самата во зима. Кога е најстудено особено за дефрост највеќе троши, дури по 12-13.000 доаѓа сметка.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.036
    Пол:
    Женски
    Тоа ми беше и прашањето. Не верувам во стан од 60 квадрати додуша толку да ни стаса сметка.
     
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    9.724
    Пол:
    Машки
    Мене во дневна од 50м2, само дневна соба ми стаса лани 13.000 ама кога беше најладно. Пред тоа 4500, 4800 макс со нормални есенски пролетни температури. Поладно кога било идела 8500, 10, 11 000. Сеа и поскапа струја од НГ па може и повеќе секако.