Изконтактирај ги Клими мк и побарај грее марка а моделот не ми текнува ама е најјака и најскапа од обичните не нордик модели 12ка ја земав 36.000 и ке ти препорачаат Дали две 3.5ки дали една 5.5ка
Ние за 60 квадрати земавме Грее, пет иполка, во зима дури луѓе ни викаат абе гасете климата претопло е. Видете што ќе ви препорачаат ама Грее ги препорачувам, и за ладење и за топлење се топ.
Дали некој има од преносните клими, не за на ѕид, оние што не е потребна монтажа. Дали некој има и која? Ние се мислиме за Беко, ама собирам искуства. За топлење и ладење е. Искрено не ни треба некоја голема и јака, по потреба да ја користиме во простор каде немаме клима. Искрено не сакам монтажна сакам ваква да пробам најмногу за спална или детска ќе ја користиме. Во дневните имаме јаки кои предобро топлат на зима и покрај тоа што е голем просторот. На зима многу многу ретко спиеме на топло ако е ептен коска времето, не сакаме топол простор за спиење, па затоа оваа идеја повеќе ми се допага отколку овие монтажните закачи, па чисти, па од надвор кутијата лом.,па викај за чистење.
Најмалата клима е 3.5? Сакам во соба за топлење да ја променам, многу брзо ја загрева собата, и топло си е, ама е веќе стара, која би ми ја препорачале за соба од 15м²?
Терасата каде што ни е климата поставена сакам да ја заградиме со стакла од овие што се склопуваат. Ама како некаде низ групите прочитав мајстори каде што велат не е добро за тераса со клима да се затвори. Поради која причина? Јас баш поради климата сакам да ја затворам, зимно време да не е надвор директно изложена.
Поради тоа што зимно време климата коа дува внатре топло надвор дува ладно и терасата ќе ти биде камен ладна а летно време обратно внатре лади надвор дува топло и нема да можеш да седиш на терасата
Имам Грее фери премиум инвертер. Деновиве сабајле и навечер ја пуштаме дека дома паѓа 19-20 степени и имам мало дете. Проблемот е следен. Ја контролирам преку апликација. Во самата апликација си има опција каде што покажува колку е внатрешната температура, ама тоа воопшто не е точно. Пример, моментално е 21.8, а на апликација дава дека е 26. И ставена е на 20-21 степен и нормално гаси дека ја постигнала температурата според нејзе. И сега за да почне да дува, треба на 30 степени да ја ставам, што ми нема логика. Не се сеќавам вака да ми правела лани. Што може да биде проблемот?
Тури на I Feel ошција и даљинското ке го ставиш подалеку од неа и пониско т.е најладен дел кај е таму остај го За да видиш региларна тем стисни на дугмето температура 3 пати и ке видиш колку мере нејзиниот сензор
Одбери на далинското куќарка да нема воопшто и извичник воопшто да нема во куќарка, надвор од куќарка, ниту куќарка. Ставија потоа на Ауто мод.
Вие што се греете цела зима на клима, дали на година дена ѝ правите сервис? Сакам да се јавам на Грее да ги прашам да дојдат пред да почне грејнава сезона.
Нема потреба од сервис. Тоа измислено им е да ти земат пари као продолжување на гаранцијата. Исчисти го филтерот и тоа е тоа само.
Да се јавиш оти треба да се изчисти климата Без разлика дали има гаранција или не чистење клима треба Ако е Грее со секое чистење ти продолжуваат 1 год гаранција до 10 год Еве годинава 9та или 10 год ми е мене