На зима коа ке дојде -5и повише ке имаш реален голем проблем Водата во цревото ке замрзне и нема да има истек надоле па од најгоре кај отворот ке излева цела вода преместете ја надворешната единица
Ако некој има препорака за инвертер клима сплит систем? Конкретно сакам со 3 внатрешни единици за вкупно 72 квадрата.
Имаме инвертер ст од сетек , за ладење предобра супер ладе , ама не топле т.е дува млако , што е проблемот , дали не е подесена нешто внатрешно или ? не е евтина да не чине ја платиме солидно околу 500€ беше , нова е лани летото а земаме , сервисери ќе викама следната недела секако , коа купуваме баш тоа бараме ладење и греење да а користиме крај сезона и есен ..
И ние дома имаме иста таква.Но исто така млако дуваше и кога дојде сервисер откри проблем во надворешниот дел она што стои надвор и во некое црево.Сега двете се супер и во дневната и во детската соба.
Не знам какви се тие, ама ние имаме аукс и кога дува послабо, ги изваде мм вентилите и ги исчисте. После си дува нормално
Се надевам ќе се среде и кај нас , ептен се нервирам греалка влечам , со парно жешко ни е , не го палиме преку ден , климава за украс само Да речиш да не е соодветна на квадратурата , да неможи да постигне ама ова уопште не дува ни топло туку млако @forumce St тоа на сетек бренд е мислам што ти знам , ама као добра супер ќе е тоа што барате мхм , а коа а поставиа а провериа пуштиа на ладење само , на мж му викам а на топло а пуштите ли , он ми се смееше кај на 40° ќе а пробувале дали грее , епа ете му сега
Не би се сложила , има и добри работи. Немора да значи дека мора да е извикано име или фирма за да се погоде нешто , а дали е добра или не неможиш да знаеш па да делиш такво мислење , кога не си ја ни видела , ст имаат мн модели на клими , ќе видиме кога ќе дојдат сервисери што е пр , има сигурно решение . Моите имаат исто ст инвертер па ене ги 3год не се пожалиле. @forumce несака мж да чепка сам , ќе дојдат овиe денови незн точно за кога се договорија.
На нашите мајстори кога дојдеа одма го прашаа дали ги чисте филтрите (мислам дека беа филтри не вентили). И ние не знаевме
Ако е за филтри не прашаа , тоа средено е чисти се ги миеше , а знам дека и од нив може да зафркава , изглеа ќе е тоа погоре што пиша Анита , ама заради ситуациава со корона , јас бремена во кревет па бебе и само одложуваме да идат ама сега конечно се договорија и да се реше веќе еднаш и тоа , па сеа коа ќе дојде и една сметка фина од греалката
Ами и јас сум со 2 бебиња и плус бремена ама мораа да дојдат оти не беше топло, а греалици не можеа да стоплат многу.Ама фала богу се среди за неколку часови (имаше проблем само таа во детската соба). Поздрав и убав ден.
Зависи од марката и големината на климата. Кај мене двете се инвертер st за двете ми зедоа 8 илјади за преместување од стан(аеродром) во куќа (Карпош). А за сервисери незнам кај мене дојдоа некои од Нептун.