1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Клиники за породување

Дискусија во 'Бременост' започната од nadenka, 2 ноември 2010.

  1. nadenka

    nadenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво, ме интересира мислење (искуство) во врска со тоа во која клиника би ми советувале да одам за чинот на породување и што се е потребно да носам со себе.
     
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    многу ја фалат свети лазар (ама малку било повеќе скапичко)ти од таму ке ти кажат што се треба да понесиш со себе ;)


    хаххахахаха женава се породи можда детето и во градинака и оди.....јас сеа и одговарам хахаххахахахаха така ти е тоа кога гледаш во датите
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Неее така ти е тоа кога не гледаш во датите.
    Нејќам да преферирам некоја клиника е добра, некоја не, некоја скапа....дрн дрн. Би ви препорачала да гледате каде има искусни и добри гинеколози кои ќе ви се најдат во случај на недај боже да појде нешто наопаку, а инаку ве пораѓа бабица и самите раѓате.
    Ако отидете во некоја скапа клиника не легнуваат таму наместо вас да раѓаат, туку вие самите. Така да тие извикани клиники за мене се смешни. Освен респект за хигиена и услови за тие 2-3 дена. А и за тие 2-3 дена само чекаш да си одиш дома и освен бебушот др. ништо не те интересира
     
  4. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Женски
    Ај ве молам кажете ми дали некој има искуство или познава некој со искуство од клиниката Св.Лазар со д-р Ѓорѓи Николов?
     
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Раѓате самите ама ке ве кројат и везат како сакаат, ке ви скоаат на стомакот да го истуркаат бебето или пак скраја да е уште користат вакум за породување.... Во приватниве ке добиете епидуралче и чинот на породување ке биде како посета на фризер. Приватниве клинику пружаат услуги на светско ниво. Тоа што стандардот ни е низок односно државното здравство распаднато е друга тема.
     
    На Beautymom и soncicko им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Па нормално е да пружаат се за тие пари (1 000еур) срамота би било да не те понудат со епидурална анестезија. Овие не користат вакум за породување туку веднаш сечат.
    Пак ке си кажам природно си е природно и е најнормално и ќе потенцирам само за добар гинеколог а сето друго е излишно
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Во одредени случаи вакумот е потреба и е неопходен ,од него зависи успешното породување ,него го има и во приватните клиники и кога има потреба го користат.Во однос на епидуралот и него го има на клиника.
    Единствено нешто што го нема на клиника е тоа дека доколку загусти за време на породувањето не те праќаат во друга болница ,туку сами се справуваат!!!
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Извини Shana ама воопшто не се согласувам со тебе. Јас со керка ми се породив во Државна болница во Скопје, и нити некој ми рипаше по стомак, нити ме кроеше, нити ме везеше. Си се породив најнормално природно без епидурал и се на се траеше 2 саата. Појма немам од каде вакви муабети. Еве сега и за вторво си дојдов во Скопје од Дубаи и повторно ќе се породам во Државна болница без епидурал, зашто природно си е природно.
    И уште нешто да додадам, по приватните клиники ако наидат на проблем недај боже при породување, мислења бараат од клиника, или пациентките со брза помош правец Државна.
     
    На maca99 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  9. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Девојки,
    доколку има некој да пише искуство од Чаир.. а исто може и од клиника.
     
  10. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Секој има право на мислење. После 3 спонтани абортуси, хистероскопија, два цирклажи и две успешни бремености, моето лично искуство е дека третман на приватна клиника и во државно нема шанса ни да се спореди. Дојдете во мојот град да ја видите болницата и одделот гинекологија како изгледа па после ке дискутираме. Прегледите ги вршат на истите столици откако е отворена болницата, знаете оние железни цевки со закачено легенче.... Си имала среќа Неса да поминеш лесно, си можела и дома да се породиш....
    Двете породувања ми беа со царски, со тоа што при првото породување настанаа компликации па за да не спасат и мене и бебето веднаш ме внесоа во сала. Толку од мојата широка карлица и колкови :D Со вас сум денеска благодарение на стручниот тим кој се собра околу мене и два часа ме оперираше. За второто кога веке знаев дека ке биде царски, го закажавме датумот. А тоа дека веднаш вртеле на клиника, врска нема. Некој си професор од факултет кој работи за три пати помала плата од некој каде каде помлад доктор сигурно ке седне покрај телефон да му дава инструкции како да ја породи жената :D Порано, пред да се направи новата болница на Систина, единствено се носеа новороденчиња со респираторни проблеми на клиника бидејки ја немаа потребната апаратура. Сега имаат одделение за интензивна нега. Св. Лазар има интензивна за бебиња од самиот почеток, дури и сопствена банка за матични клетки.
    Што се однесува до персоналот, ги вработуваат најдобрите за да се заштитат себе си. Во приватниве болници доколку настане лекарска грешка се знае што ги чека, дебела тужба и плаќање илјадници евра отштети. Кажете ми од сите случаи кои сме ги слушнале на вести, еден лекар кој понесе одговорност за своите постапки. Само гледаат да им помине времето, дали ке им донесе некој нешто да ги почести и да фатат некоја тезга настрана.
    Како што потенцирав погоре, ова е мое мислење од лично долгогодишно искуство. Ви посакувам да си поминете најлесно каде и да се пораѓате :)
     
    На soncicko му/ѝ се допаѓа ова.
  11. carina

    carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    јас многу лошо поминав во чаир,некаде писував за тоа,многу сум револтирана од нечовечниот однос на сестрите и чистачките таму,не те третираат како човек иако ги знаев докторите,ама кога си одеа оние што ги познавав сосем друга приказна.инаку не сум човек што бара големо внимание,ама да оставиш жена породена со царски сама во шок соба од 00.00 до 07.30 без аналгетик треба да си садист.ете тоа е моето искуство во чаир од пред 5 години.поздрав
     
  12. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    зошто ја форсирате толку епидуралната ???? знаете какви се компикации може да даде!!!! па луге сепак е анестезија!!!!!!! кога има потреба да ама вака од кејф НЕМОЈТЕ :o

    инаку сум за во приватна клиника од хигиенски причини..а и сите добри гинеколози отидоа во приватните
     
    Последна измена од модератор: 30 март 2017
  13. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Фала карина за одговорот,
    Рајна и јас сум за приватна ама сметам дека сите од финансиски аспект се одлучуваме за држвана инаку да беше поевтино или барем некоја партиципација со плави картони сите ќе одеа приватно.
    Како и да е јас сум осми месец и веќе крајно време е да се одлучам.
    Ќе бидам благодарна ако овде ги споделиме искуствата.
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.652
    Пол:
    Женски
    Не се лажете дека сите добри гинеколози отидоа во приватниве клиники. Од хигиенски услови е можеби попрактично во приватна клиника, ама не е лошо ни во ГАК или во Чаир... неколку дена се во прашање, и се може да се издржи ;)
     
    На maca99, girl1985, nesa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. frose89

    frose89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    знае ли некој во која од приватните клиники во скопје е најевтин абортусот и колку кошта?!!
     
  16. jas.veronika

    jas.veronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Моето искуство е следново-За првото дете се породив во Чаир,пред 8 години.Незнам како ке звучи ова но фала му на бога што родив здраво право дете бидејки третманот,условите беа КАТАСТРОФАЛНИ!20 саати бев во болки,никој не те погледнува,те оставаат на бокс додека не ти зирне плодот па притрчуваат да го придржат да не им испадне од силен напон,тоалетите каде што одржувавме лична хигиена беа камен ладни(за ентериерот да не коментирам)постојано со отворени прозори а беше јануар итд итд.Да не ми беше сета радост што ја чувствував како новопечена мајка ,сигурна сум дека мојот престој таму за неколку дена ке беше најлошото искуство што некогаш сум го имала кога се во прашање лекарски интервенции.
     
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Пред 4, скоро 5 год. се породив во Чаир.
    Не можам да речам дека имав лош третман, затоа што имав врски...веќе еднаш пишував на една тема дека секаде требаат врски, па така и тука. ;)

    Со помош на врски бев сместена во дво-креветна соба, останатите не ги видов, ама имало сигурно повеќе мајки. Тоа спаваќите (исто и чаршавите) што ги даваат да ги облечеме беа од времето на Тито, штиркани, искинати и крути, влечки тие ти даваат додека да ти донесат од дома (влечка лајнарка). Среќа што имав мој човек таму па ми дадоа малку поарна спаваќа.
    Инаку јас вечерта отидов на пораѓај без торбица (требаше на контрола, ама сум се отворила и ме задржија) и ми дозволија одма маж ми да ми ја донесе торбицата (сестрата ми ја прошверцува :lol: ), инаку дозволуваат утредента.

    За тоалетите подобро да не коментирам, мене ми се згади животот :puke: , всушност самите мајки ја правеа нечистотијата (имаше некои си туш-кабини, многу беа гнасни, внатре на неколку пати имаше фрлено улошки :puke: ), немаше цело време топла вода, а треба често одмивање на раната. Плус имаше мајки што пушеа во тоалетите, скришум на прозор.
    Тамошната храна не ја јадев, од дома ми носеа.
    Се породив крајот на ноември, топла беше собата, дури мене ми беше многу жешко.

    Инаку се породив за неколку часа, нормално, без епидурална и природно.
    Имав чести посети и помош од сестрите, затоа што како што кажав имав врскички, а богами и те како ми се најдоа затоа што во болница останав 8 дена.
     
  18. NB86

    NB86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    68
    Се породив со закажан царски во Чаир, и све помина супер. Малку хигиената во болницата е на ниско ниво, но се прогледува низ прсти.
    Ја бев со врски таму, и мислам дека само ради тоа поминав добро, на другите родилки не им обрнуваа баш внимание како што треба.
     
  19. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ај препорачајте ми добар гинеколог од ординација Промедика?
    Благодарам.
     
  20. skorpijaa87

    skorpijaa87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    zdravo sakam da ve prasam vo koja privatna bolnica ste bile za pregledi i koja e podobra od ovie remedika sv lazar ,sistina i kaj koj doktor/ka oti sakame da posetime nekoja od privatnive bolnici so soprugot da se proverime za da si ostanam bremena pa ako moze da me posocite oti ne sum bila vo tie i neznam koja e podobra i kaj koj doktor pozdrav fala vi odnapred.

    [mod-kirilica:gzc2sff0][/mod-kirilica:gzc2sff0]