1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Клиники за породување

Дискусија во 'Бременост' започната од nadenka, 2 ноември 2010.

  1. ss80

    ss80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Јас топло ги препорачувам гинеколозите од Систина. Јас сум кај Дракулевски, кај него бев и пред да забременам. Одличен доктор, засега имам само пофални зборови. Здравје, ќе видиме како ќе течат работите општо и како ќе биде породувањето.
     
  2. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Ако имате повеќе средства, одете си приватно во Св.Лазар и Систина, баталете друго. Мене ме води еден матичен доктор на државна поликлиника, зашто си реков - Ајде ионака плаќам здравствено осигурување, па барем редовните контроли и тестирања да не ги плаќам по астрономски цени. Кога дојде ред да правам Скрининг, ме преупатија на Гинекологија на Државна без да ми дадат телефон, име на доктор или било каква информација каде да се обратам, и на крај завршив како изгубен германец. Затоа што не можев да отидам лично и да закажам, ги свртев сите можни телефони таму, ме преупатуваа од патологија, на породилно, на инфективно не знам каде сеуште не, а кога ја најдов госпожата задолжена за закажување скриниг само ми рече: Јас не сум биро за информации, не закажуваме прегледи во следниот месец, се е преполно, ќе си дојдеш лично тука и ми спушти. Јас ваква :o Се изнервирав и свртев уште еднаш и пак истиот муабет од неа го добив. Ми се качи притисокот и на третото јавување и реков - Колку пати ти да ми спуштиш јас толку пати ќе ти се јавам и ќе те тероризирам по телефон и нема да се откачиш од мене се додека не се однесуваш како човек и не ја завршиме работата. Е тогаш добив -Ама душо види јас не можам да кренам глава од пациенти, дојди за 2 недели. После тоа немав намера да ја барам веќе, побарав врски за да ме примат, ми закажаа за 1 недела во точен термин. Јас се спремам дента,3 саати чекам пред гинекологија на студот за да ми дојде докторот, и во 2 саат влегувам во Гинекологија, на врата ме пречекува еден чувар како оние од ноќните локали кој ми вика - А вие што барате? - Јас кажувам дека имам термин со доктор тој и тој, за 15 мин. И горилово ми вика - ааааааааааа не може натака да се иде, ти ако се знаеш со него јави му се сега по телефон па он да се симне и да те прими. Ми идеше да му ја учукам една. Се јавувам веднаш кај докторов и овој ми вика - Срце извини денес нема да може ја селевме цела опрема во новата зграда, и апаратот за скрининг колегите ми го ставиле под клуч немам со што да работам , ќе мора дури следната недела да дојдеш. Во тој момент само излегов надвор, си седнав на најблиското столче, си ги извадив паломите и почнав да си плачам за целата нервоза и разочараност што ми се собра ;( . Си завршив и си тргнав дома да си земам стотина евра и да си закажам преглед во Систина. Ова се невидени скандали што се случуваат во јавното здравство.
     
    На Kali12 и vickyy90 им се допаѓа ова.
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас одам кај Љубица и многу е добра ,а работи со плави картончиња
     
  4. Sonce77

    Sonce77 Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    9
    Дали е некој имал искуство со докторката Елена Петрова од Ремеидика, и воопшто со клиниката?
     
  5. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Кај Петрова бев само на скрининг,и презадоволна сум,многу е фина жената убаво објаснува се и што е најважно само она успеа да го види полот на бебето :D
    И општо за клиниката мислам дека е ок,таму ја носев малата на ортопед,и за крвна слика исто одам таму,е сега незнам дали е подобра од св.лазар и систина пошто не сум була таму,Ре Медика ми е поблиску и таму си идам
     
  6. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    знам како си се чуствувала за тоа што истото мнооооооооооогу пати ми се десило (не на гинекологијаама на многу други клиники) и е жалосно и не знам до кога ова вака со јавниве здравствени установи ова е срам ...ова е терор а сестрите таму ко з абез пари да работата не од мојата плата со плакам јас даноци и сите ние они плата од нас зимаат а се понаша ко гратис да работи .....и јас кренав раце сите пари по приватни болници ги давам и тие со ги имам и тие со ги немам ама не мозам веке фаците да им ги гледам у дрзавна
     
  7. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Вие барем ги имате приватните клиники во вашиот град ,а ние што ги немаме каде да одиме,здравството што е за никаде за никаде е јас по мене си знам зошто од многу здрави луѓе можеби и детето немаше да ми остане живо.Значи зборам за гиникологија исти случаеви се и овде во мојот град,одам на цтг и ми покажуваа контракции кои јас не ги ни чуствувам,е де сестрите како ништо не те боли ово оно као демек да ме здржат да ме пораѓѓаат ,си одам дома ми одминува терминот одам на цтг и веќе тоновите на детето не се јасни,почна во стомавот што помалце да мрде и ме посоветуваа да си закажам царски рез зошто и така детето ми беше многу високо поставено што не ми се веруваше дека ќе се спушти зошто барем јас колку бев акттвина во мојата бременост не верувам дека некој друг бил повеќе.Така си закажувам царски рез ми велат ајде у петок ќе дојдеш,ама гладна да си ништо да не јадеш,се согласувам и одам во петок опремата не била чиста и ми велат а да дојдеш ти во недела да не чекаш,после некое време ај ќе те ставиме на цтг да видиме што како е па ќе пробаме природно,и така ме мааткаа скоро цел ден,качувајќи ме на боксот проверувајќи ме и повторно симнувајќ демек детето ќе се спуштело ќе можело и без царски е ајде ок,ме ставија на цтг тоновите на детето едвај се слушаа,јас се шетам по ходник по сто пати ме проверуваа и на крај им реков на докторите ќе станам и ќе си одам не можам психички ќе се оболам ,сите околу мене вриштат пиштат јас слушам нема каде да седнам а јас едно буце невидено ми се јадеше леле глава ми се кинеше,и ајде маж ми им даде пари барем една инфузиија да ми пуштат да ми истече и така докторот весел се ќе биде добро не се секирајте и јас така два дена гладна во болница(моја грешка што не сакав врски сакав да одам да раѓам и после да им соопштат на мојте)но се јавивме порано ми фатија врси па после два дена со врски и пари да ме породат,и што се случи моето мило детенце на реанимација да ти биде ,кога го извадиле да не дишело да му била заматена плодовата вода и така,тоа е нашето здраство што верувајте од таквиот кошмар мислам дека и ден денеска не можам да спијам ,сакам и кај нас да има конкуренција и они да сватат дека не се се и сешто и може да се бира ,али се е хаос и чистота и персонал нељубезен,не само на гиникологија пред некој ден бев и на педијатрија со малото и таму една сестра не можеа да му најдат веничка по рацете и требаше да го боцнат на главичката и коо ме испади како куче од собата демек да не сум гледала,да видеш како се однесуваат а имаат работа со деца не знам,па и младите што ги вработуваат се исти како постарите место нешто да се смени на уште полошо иде
     
  8. taska

    taska Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    Здраво девојки , ја сум од куманово и мојот матчен доктор ми ја препорача ремедика за породуање ...има ли некој искуство со докторите сестрите и колку е ценара :) поздрав до сите трудници :*

    а заборавив да казам дека од погоре процитаните искуства и братуцетка ми која пред 2 недели се породи во катастрофални услови и сега завршија со бебенцето у дрзавна у скопје и никој не им казува ништо , ниту пак некој совет како прворотки , што како се дои проблеми со пупки ..... плус ја пуштаат со дете со золтица и дехидрирано сто да казам ........ затоа се решив це се задолзам ама на приватно ќе идам
     
  9. BiljanaBT

    BiljanaBT Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Moj predlog e da se porodis vo Bitola vo Plodnost. Uslovite se prekrasni, personalot e super, a doktorite se strucni i rabotat vo najsovremeni uslovi so najdobra aparatura. Plus i cenite se podostapni otkolku vo drugite bolnici.

    [mod-kirilica:lm928qps][/mod-kirilica:lm928qps]
     
  10. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Спонтан абортус

    Јас одев кај Д-р Матевска во Систина неколку години за годишни рутински контроли и секогаш имав најуредни резултати. Се додека еден ден на таков редовен преглед не добив резултати со Цин 1 и дијагноза за присуство на хпв без да ми направат Хпв типизација. Од Д-р Матевска добив одма терапија од јаки вагиналети,кои си ги купив од самата Систина, ми ги извадија од фрижидер без никаква посебна декларација, а по составот кога побарав на интернет видов дека е класичен цитостатик за лекување рак(со образложение дека првпат се појавило, да се искорени од старт со јака терпија за да не се поврати).
    Отидов во клинички центар и во Ремедика за второ и трето мислење и хпв типизација и на двете испадна дека ниту имам Цин, ниту имам присуство на ХПВ. Од страв одев цела година на секои 3 месеци на контрола и ниеднаш не се појави ниту цин, ниту Хпв.
    Од тогаш не одам веќе ни кај Матевска и поради неа се опростив од Систина,иако за бременост водење има топ гинеколози, јас останав во Ремедика.
    Моето искуство нема врска со бременост, меѓутоа кога ќе и го слушнам името ме фаќа чувство на паника и нервоза и никогаш не би стапнала кај неа да си прави бизнис и да добива редовен пациент на туѓо здравје.
    Јас ако одам пак во Систина, би одела кај Д-р Дракулевски,мислам дека така се викаше, за него имам слушано од другарка за двете нејзини бремености.
     
  11. julijanamkd

    julijanamkd Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите :)
    Јас одам во Систина веќе 9 месеци ,еве само што влегов во 9ти и 1 недела , ми се ближи крајот :)
    Прегледите ми ги прави др.Јорданчо Иванов и сум ПРЕЗАДОВОЛНА ! Би и го препорачала на секоја трудница која размислува кај кого да оди.Прво е прекрасен човек,културен (што не може да се очекува од мн.доктори денес) знаење има огромно и секако е голем психолог што за мене беше и најважно. Цела бременост ја поминав супер , фала Богу, 4д правев кај др.Димчев во Систина секако и можам слободно да кажам дека човекот си ја знае работата најдобро за разлика од Охрид ,(јас сум од Охрид) што уште незнаат дури ни полот на детето да го видат на 4д а да не зборуваме за друго :worried: . Сакам да кажам односот на цел пресонал е прекрасен и се осеќаш како човек. И секако мојот порѓај ќе биде таму. Ако имате некои прашања во врска со Систина слободно пишете. :)
     
  12. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    цени

    колку кошта на приватно ехо преглед,,за бременост? а колку на државно со картончиња...?сменав гинеколог сега..и кај овој што че идам сега немам картончиња,постапката е во тек,зш сменав осигурање,,и сега не нзма на приватно колку че ме кошта?
     
  13. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    цени


    од 1000-2000 приватно и 200-300 со картони зависи каде
     
  14. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    390
    Мене на друго место ми го открија ЦИН-от и за да не ризикувам отидов кај Матевска (за второ мислење) и стигнав и до операција и 750 ЕУР сметка :D Пред една година исто Матевска и откри на сестра ми ЦИН 1, јас бев со ЦИН 2, и сестра ми побара второ и трето мислење, каде што и рекоа дека нема ништо.
    Не ми е шубе да не ме излажала мене, затоа што дијагнозата ја добив од друга клиника што нема врска со Систина и Матевска, таа ми ја направи цирклажата. Сепак постоеше страв за забременување и како ќе го издржам плодот 9 месеци. Еве ме на праг на 9ти месец и СУПЕР МИ Е! Сега се сомневам дека имало операција (ама ватата и крвта со катетарот не беа лажни, беа премногу вистински и страшни пред 3 години).
    И јас не ја водам бременоста во Систина, бев на 4д само кај Димчев и си планирам да си се породам во Чаир.
    Искрено премногу е скапо и кога ќе прочитам дека мајки се воодушевуваат на хуманиот однос, смешно ми е! Па за тие пари и сокче треба да служат на преглед :D
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сум одлучена, некој ми велат државна си е државна, а некој пак ... оди во Чаир мн.подобро работата + новото го пуштаат.
    Има време до пораѓај, ама ете сепак мислите ти поминуваат низ глава.
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Го пуштија новото Сноу денес. Јас ти го препорачувам Чаир, а за 4-5години и јас одам пак , ама во новото :rofl:
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Луѓе јас сум фрапирана од ГАК. Значи не знам како може вака да функционира земјава, се понезадоволна и понезадоволна сум (а гледам да сум многу позитивна за се)!

    Значи во ГАК има една докторка која ми ја води бременоста и која треба да ме породи. И до сега се закажуваше за термин на телефон во ГАК директно. Се јавувам денеска и таа од шалтер ми вика на тел.: Ааааа од сега не е веќе така, од сега матичните гинеколози закажуваат. Јас се јавувам кај матичната и и кажувам и она вика еве сега ќе закажеме. Се уклучува во системот и почнува да чита листа на доктори. Викам, ама не ми ја прочитавте онаа што ми ја води бременоста, мене овие имиња ми се никад чула и ништо не ми значат. И докторката ми вика: ама таа докторка што ја барате ми ја нема во листата!!!????!!!??? И сега, како јас би закажала кај некој кој прв пат во живот ќе ме види..? нит ми ја знае ситуацијата до тогаш ниту ништо.. не ми е јасно како може вака..??
     
  18. Mala-volsebnicka

    Mala-volsebnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    35
    На страната на ГАК на фб цел месец пишува дека контакт центарот ќе функционира но ќе се закажува преку матичните гинеколози.И предходно се чекаше и сега се чаке ,значи закажување со време.Може таа докторка не е уште вметната или матичната не ја видела на список.
    Во секој случај ова нема врска со ГАК, матичните се тие кое треба да не информираат а не ние нив.
     
  19. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Abe jas razbiram deka treba promeni da se pravat, ama ne moze vaka polovicno da se raboti...baska jas ne sum mnogu na fb i ne se informiram od tamu. mene vo gak peed 2 nedeli mi dadoa telefon kaj da se javam zzakazuvanje i sea pu pu ne vazi. ok, ne e problem, ama sredi go sistemot pred da napravis promena! ne moze da falat podatoci i doktori, ne e igracka vo prasanje!
     
  20. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Здраво,
    Јас одам во Плодност, од Битола сум. Навистина имам доверба во персоналот, имаат одличен однос со сите. Имам само убави зборови, навистина сум многу задоволна. И на секој би му препорачала да оди таму :)