Клиники и цени за абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Pocahontask, 17 април 2013.

  1. Pocahontask

    Pocahontask Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Ако знае некој да ми помогне кои клиники за абортус ги има во Скопје, кои се подобри и како се движат цените. Ви благодарам однапред.
     
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    5.684
    Клиники за абортус-под тоа име нема.
    Секоја гинеколошка-акушерска амбуланта или приватна болница ти е место каде се одвиваат различни интервенции па и абортуси.
    Така да во Скопје има во Систина,Ремедика,Св.Лазар-овие се приватни,а можеш да појдеш и во Гак или Чаир-државни.
     
  3. Pocahontask

    Pocahontask Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Фала ти :)
     
  4. tina.kristina

    tina.kristina Нов член

    Се зачлени на:
    15 март 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    abortus

    trudna sum 5 nedeli no so partnerot se razdelivme odluciv da abortiram dali ke mozete da mi kazete kade mozam da ja zavrzam ovaa rabota posto sum od strumica a ovde ne go pravat toa..
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.501
    Допаѓања:
    245.326
    Пол:
    Женски
    Ti pisuva pogore niz sk kade mozes..ili pak vo stip vo bolnicata poblisku ti e.Ne veruvam deka ne vrsat abortus vo Strumica ama ako taka velis...i razmisli dva pati...sepak dete e vo prasanje
     
  6. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    како мислиш не го прават? ќе си одиш во државна, ќе си побараш доктор, кој сакаш ти, таму ќе абортираш... 3500 денари е абортусот...
     
  7. femina.girl

    femina.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    bi sakala da prasam kolku iznesuva cenata na abortus vo drzavnite kliniki
     
  8. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    задржи си го бебето, и на тој што те оставил во таква ситуација цел живот да не му дозволиш да си го виде детето....
    Какви монструми постојат по планетава
    Ма за кастрирање се тие како него
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    12.719
    Допаѓања:
    22.544
    Пол:
    Женски
    Со плаво картонче цената е околу 3 000-4 000 денари. Така ми имаат кажано.
     
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.471
    Во Ск квалитетните доктори си заминаа од државна,и сега може стажант да се начека како врши абортус,што до негде е ок ама тоа мора да го прави во присуство на доктор од клиника.Подобро прашајте си во ремедика,систина и други
     
  11. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Извини FEMINA.GIRL ама да би била на твое место би го задржала тоа бебе бидејќи после ке се каеш за стореното.. Затоа искористија шансата да станеш мајка :!:

    Додека ти абортираш има многуу многу што се мачат за да затруднат во истата ситуација сум и јас.. за жал :(
     
    На Meckicja и Youknow им се допаѓа ова.
  12. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    2.134
    Mајли,прашањето од femina.girl е многу повеќе од јасно,така да не знам зошто се ставаш во позиција на делење совети,кога тоа никој не го побара од тебе.
    Cекоја планина со своја тежина си е,никој не знае кој што,како и зошто некој поминува низ некои работи...глупаво е да споредуваш луѓе што се трудат да добијат деца,со оние кои не се спремни од X причини за деца..
     
    На Lolo5, stilas7, okcenzi и 12 други им се допаѓа ова.
  13. ZDR

    ZDR Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    53
    Здраво,
    Денес направив тест за бременост и покажа позитивен. Ми доцни неколку дена...
    Сакам да прашам колку се релевантни тестовите, иако на нив пишува 99%...
    Ги пребарав сите клиники за да најдам гинеколог и да се информирам за опциите, ама денес не работат.
    И пошто резултатот е позитивен сакам да се информирам кои се можностите за абортус....
    Методи и клиники. Ако има некој искуство го молам да сподели.
     
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.471
    Тестовите за бременост се точни. Јас со двете деца направив тест и тоа без да ми доцни и ми покажа бледа линија односно позитивен тест.
    Првин треба да идеш кај матичниот гинеколог за и тој да ја потврди бременоста, па тој ќе ти ги каже можностите за абортус. Инаку телефонски по клиниките нема да добиеш одговор.Оди на гинеколог што порано тоа побезболно.
     
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.388
    Пол:
    Женски
    Мислите дека сега е толку едноставен абортусот со новиот Закон за прекинување на бременост?
    Море и „министерот“ треба да даде одобрување, а ако си малолетен оффофофоф.
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.250
    Новиов закон за бременост дефинитивно ќе ја зголеми потрошувачката на кондоми...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.388
    Пол:
    Женски
    Абе не ни знаат дека постои, си мислат како порано остани трудна плати кај гинеколог и оп завршена работа, сега и гинеколозите се плашат поради големата глоба. Е не ми се верува каде им е акалот на ова децава.
     
    На Meckicja и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.250
    Проблемот е во тоа што не забременуваат само малолетнички, туку на секоја жена може да и се случи. Па кај ќе мора да се соочиш со внатрешниот суд ако одлучиш да абортираш, дополнително ќе се истрауматизираш со тоа што ќе се влечкаш по разни установи за консултација. Се` со цел да ти го изгубат времето, додека не се доведеш во поризична ситуација, за на крај да не ти го одобрат барањето (нели у случај да прошла 10-тата недела).
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.388
    Пол:
    Женски
    Обично ги одобруваат ама налет кога ќе те измрцварат.Е сеа не се сеќавам добро во која тема го имав постирано ама имаше нешто со недели колку си па причини па совети немој, зошто, па 3 ца доктори да одобрат. Вистина се случуваат несакани бремености, ама пак сега сме повеќе едуцирани има милион заштитни средства, само што многу сум изненадена од конзумација на норлево од ова младинава.
    Ќе спречи бременост да. ама низ организмот р’шум прави.
     
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.250

    Само не знам за кој ѓавол толку процедури!?.. Не е ваљда дека сме стоки па само онака без причина ни дошла потребата да абортираме. Муабетот ми е дека скоро секоја жена ќе се преиспита себе си` десет пати пред да се одлучи на еден таков чекор. Зарем и се потребни вакви глупости кои само додаваат сол на раната? Сметам дека сешто требало да направат е да обезбедат еден доктор и гинеколог кој ќе ја провери здравствената состојба на жената за да се осигураат дека е се` во ред и може да се изврши процедурата.
    Ова другово со консултациите ми е тотално безмислено, и само губење време и живци.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.