Во Гин.Чаир, јас имав еден абортус и после тоа останав бремена со Јан. А со таблети мислам дека има само по приватните гинеколози.
Со таблети баш во приватните нема, не сакат ни да слушнат за такво нешто. Се оди само со интервенција, киретажа со анестезија.
Не во болниците, кај некој приватен гинеколог или матичен гинеколог. Има на битпазар еден доктор ама каде поточно не знам, мене ми викаа за него да идам таму за со апчиња ама јас сепак се одлучив во чаир да идам пошто некако ми е ризик така.
Здраво, знаете ли цена на киретажа во Санте? Искуства? Утре имам закажано и прилично сум исплашена и растревожена ко никигаш до сега, аномалија на плодот има и ме советуваа и Димчев во систина и Елма во санте да заврши бременоста поскоро........
Женски се раб за моја блиска особа, сака абортуд ама не медикаментозен, на гак се плаќа 6000 ден, само тоа знаеме, како оди проџецедурата за закажување и сл.?
На ГАК не знам дали од прва ќе и дадат право на киретажа ако видат дека може до апчиња. Процедурата е оваа прво да оди на матичен и со упат од таму на ГАК и таму ќе ја прегледаат и упатат што како и кога. Не знам дали е сеуште таа цена.
Здраво на сите, не можам да го пронајдам точниот пост на кој сакав да коментирам но пред некој ден или недела се разговараше за болница Плодност. Од мое лично искуство, поради причини мораше да ја прекинам бременоста во шестата недела, до сега не сум била на гинеколошки преглед од никаков тип, значи ова ми беше прва бременост, прв преглед, прв абортус итн. Читав по форуми, фб групи со цел да направам правилен избор дали државно/приватно и кои доктори. После повеќе препораки се одлучив за д-р Кристинка во Плодност. Да не должам, во кратки црти и објаснив на докторката дека прв пат доаѓам на болница и малку бев збунета ништо не ми беше кажано ни по која процедура ќе се изведи абортус ниту ништо. Докторката додека ми ги подготви документите после ехото набрзинка само ми објасни дека ќе биде вакум, дека ќе ми препише лекови за после процедурата и дека нема да трае долго. Јас таква збунета не ни помислив да поставам некое прашање. После ехо ми кажаа да почекам додека се ослободи салата, па откако се ослободи ме повика сестра и таа ми објасни за процедурата дека ќе бидам под анестезија, лекарствата како да ги пијам после итн. После операција ме разбуди друга сестра да се совземам па да се спремам да си одам. Ден после операцијата кога малку ми се избистри паметот сфатив дека тотално бев занемарена, дека треба да имам контрола за три дена од операцијата дознав од извештајот што ми го дадоа на излегување од болница не знаев ниту дали треба да се јавам пред контрола или па во колку да дојдам ако е веќе закажана. Девојчињата кои абортираа пред мене беа посетени од нивниот доктор и известени за операцијата, за контролата која следи итн. Не се трудам да пишувам поплака само искрено мислев дека како млада и очигледно збунета личност што прв пат се наоѓа во таква ситуација, ќе бидам малку повеќе известена за што ќе се случува, какви промени може да имам после абортусот, што се смета за нормално а за што треба да бидам загрижена. Мојата ситуација беше дојди - седни тука - заврши се, слободна си. Навидум звучи сосема нормално, направиле тоа за кое сум отишла, и така е. Не знам можеби јас сум премногу осетлива но навистина мислам дека ќе беше убаво да имав консултација со докторката после операцијата. Со видео на youtube сфатив што ми се случи за време на вакум не ми беше објаснето и тоа а 18000 не се малку пари. Дали претерувам со тоа што сум загрижена? Или едноставно да се помирам со тоа бидејќи и онака веќе сѐ се заврши?
Така е сегде ја у систина кога бев никој ништо не објаснува за 1 саат си одиш се средено. Јас сепак сум медицински информирана па не ми требаше некој да ми објасни , али на сите останати за тие пари што ги плаќаме заслужуваме детално објаснување. Али такво е кај нас здравството. И контрола е после 3 недело инаку откога ќе ја завршиш терапијата. Се надевам се помина добро кај тебе.
Прво не е операција Интервенција од буквално 5 минути И не гледам грешка Они вака како тебе у ден по 10 тина имат рутина им е и некако ич не го есапат ко нешто уао така,да не очекувај било каков третман после тоа Контрола напрај си кај матичен за 2 3 медели едно ехо Ако имаш премногу крварење со болки ке се јавиш на др веднаш ако не пиј терапијата и тоа е
Здраво, дали некоја сега брзо имала некаков абортус (медикаментозен или со анестезија) како оди процедурата и која е цената?
Денес имав контрола во истата болница само кај друга докторка со истите гужви и збрки и детално објаснување дури и дека имам искривување на матката и поради тоа покомплициран бил зафатот. Значи не е оправдување тоа што нив им е тоа секојдневие, и тие се луѓе и се преморени, ги разбирам. Но сепак треба пациентот да се извести за тоа што му прават, тоа ми беше зборот.
Zdravo zenski. Dali na GAK se zakazuva za abortus ili moze istiot den da se napravi? dali sama biram so apce ili kiretaza? I koja cena e
Zdravo. Dali na gak mozam sama da odberam dali sakam so apce ili kiretaza? Dali istiot den se pravi ili treba da se zakazi? I koi se cenite?
Ќе си отидеш на матичен гинеколог и он ќе ти објасни што како. А и секако упат ќе ти треба за на гак А за таблетите се зависи која недела си.. и цена ко што имам слушнато викаат околу 8/9000