Здраво Феминки, бидејки гледам дека одамна нема тазе цени за абортус, сакав да ве прашам дали имате информација која е цената за вакуум абортус во Систина? После колку време ќе се опоравам? Веројатно сум 5 недела. На телефон ми рекоа дека треба да сум минимум 6-7 недела.
Bidejki taa metoda ja koristat vo Sistina, ne znam kako e po drzavnive i mi e strav deka ke me matkaat so nedeli nataka navaka
На Гак класична киретажа Оди си на вакум побезбедно е и полесно се опоравува Види во Плодност прават вакум а поефтини се од Систина И може и на 5 6 гн
Не одете на абортус со таблети. Чинат 5000 денари, и само на ГАК може со таблети. Маките се големи, а шансите да треба пак низ истото да поминете се 50% , а не 20 како што кажуваат. Со лесно.
Девојки 4та недела сум и веројатно ќе абортирам, премногу се плашам, која има поминато низ нештото ве молам како оди процедурата, не знам дали со таблети или киретажа, кои се цените во Плодност дали знаете и каде прават со таблети? Ви благодарам однапред многу
Здраво Ева, Kиретажа во Систина, со земање на примерок на плодот за кариотип (за да се увиди причината за абортусот, доколку ти е потребно) цената изнесуваше вкупно 30.000 денари, без кариотп е околу 17 000 денари. Постапката се врши со целосна анастезија, околу 30 тина минути, пост периодот е лесен, за два три дена, можеш да се враќаш на редовни обврски. Поздрав
Дали знаете на ГАК за абортус дали може да ми закаже матичниот гинеколог и дали долго се чека за термин?
Здраво дали можи искуство за абортус 14 та недела? Можи киретажа? Како е процедурата? Ве молам некоја со искуство, итно мие.
Здраво девојки, јас правев киретажа лани во август, помина се добро и се како што треба, само многу ме мачи помислата дали понатака ке имам можност за бременост. Дали киретажава ( вакум ) е толку опасна? Ја правев во Плодност, некој да сподели мислење, ве молам
Секако дека можеш да останеш повторно бремена, овие муабети се непромислени кој и да ти ги прави. Користи заштита доколку не сакаш да дојде повторно до абортус.
Ја отворив темава за да можам да прочитам различни искуства на жени кои поминале низ Абортус. Во темава има само карање за дали се поддржува или не. ајде вака: до сега нема срцева реакција. Следна недела сум повторно на контрола и ако нема повторно сепак ќе мора да се оди на следен чекор. Дали може да ми споделите искуства ве молам? Болно ли е? Каде препорачувате? Како се справивте психички после тоа? Како е процедурата? искрено се надевав дека темата е за тоа, многу би било полесно жена да се едуцира според искуствата на другите наместо да чита дали Славица се согласува на абортус или дали е убиство. Пред да напишете размислете дека не сте од другата страна и вашиот коментар може да е болен. Ме заболе за вашиот став - ако немате искуство со темава одминете ја. Не тупете дали сметате дека убиваме или како Славица се чувствува за моја постапка. Споделете поддршка и нешто што ќе може да помогне на друга жена.
@TammiB5 која недела си? Се надевам на прегледот било рано па затоа немало срцева акција Држам среќа од срце да се израдувате на следниот преглед
7+5 … Следна недела ќе бидам средина на 8ма па ќе се одреди.. Вака според прегледот викаат дека се случувало, не секогаш имало на почеток срцева реакција… но, со првото детенце во 5та недела ја слушнавме срцевата реакција..