Немам искуство со Абортус ама сакам да ти кажам дека ние срце слушнавме во 8ма при крај. Првично бев во 6та немаше ништо. Пуштам среќа и кај вас да е истиот случај.
Не брзајте До полна 9та недела не оди на абортус Ако после 9та нема срцева тогаш одиш ти ставаат инфузија лежиш на кревет па ке те однесат на стол те успиваат скроз се будиш за 10 15 мин они средиле ти не осекаш ништо завршува инфузијата си одиш дома Плакаш 20 до 30.000 ден Освен шо душа боли друго ништо не боли
Да да, нема да брзаме во секој случај, но сакам да сум информирана за недај боже. Имаш инфо како се движат цените низ приватните?
Na drzavno vo cair bese 700 denari, nisto ne boli, te uspivaat, procedurata trae okolu 20 minuti, posle se budis lezis tamu 2 saati I si ides doma, se vo eden den e.
Од мое искуство и од на блиски, те молам оди на второ мислење. И тука имам читано какви утки прават, од срцева реакција до каде е сместено, вонматерична, моларна итн. Јас слушнав во 7ма нед, другарка во 9та. Не секогаш е точна таа бројка со неделите бидејќи никој не може да знае кога настанало оплодувањето нити овулацијата. Се надевам ќе биде се океј Во однос на темата, другарка со спонтан во поодмината недела мораше да прави интервенција во Ремедика. Не е ништо болно, со целосна анестезија е, т.е општа и утрето те пуштаат дома.
Здраво, по колку време после абортус доаѓа менструација? Имав интервенција 6ти март, сеуште ми нема дојдено.
Стигнав 9та недела, плодот беше заостанат во 6та и не растеше.. се уште немаше срцева реакција и мораше да се направи интервенција… за жал..
Добар ден девојки.. на голема мака сум. Имаме едно детенце за скоро ќе прави 4 години.. Во Март оваа година останав бремена за второ, но не се развиваше и без киретажа добив крварење. После тоа добив една менструација и пак останав бремена. По календар сум 7 недели и 6 дена, но се покажува како 5 недели и за една неделљ воопшто не е пораснато.. На денешниот преглед се видоја уште две но во ниедна нема срцева реакција... Страв ми е да не испаднат три деца, финансиски не сме во можност да ги гледаме , и доколку се случи тоа размислуваме за абортус.. Секој совет ми е најдобредојден, во тотален хаос сум
Ќе почекаш ќе видиш како ќе се развиваат,може само едно срценце ќе се слушне,дај Боже кај сите да има срцева реакција.Ако биде се во ред роди си ги,благослов се децата,ќе се снајдете финансиски.Некој плаче да има и да го види тоа чудо,според мене не ни размислувај за абортус ќе се кааш подоцна.
Благодарам на одговорот.. веќе сум 7 недели и 6 дена по менструација а сите сакуси се празни,нема ембрион.. а бета хцг расте
Колку е бета? За близначка бременост треба да е дупло. Ако нема срце во ниту еден сакус и после 3-4 недели, спонтан или киретажа ќе е. Секако одлуката е твоја за абортус, не слушај никој, ако мислиш дека треба да абортираш, направи го тоа! Ти одлучуваш.
Бета е >10 000 но сите три се празни нема оформено ембрион .. Само еднаш имавме однос и точно знам на кој датум се има случено., мислам дека не е покасна овулација . Во секој случај како и да испадни многу сум падната психички со претходниот спонтан и сега неизвесноста дали се три , два , еден или ниеден ..
Ее затоа не се прибира тоа шо ке ти даде дедо боже Ке ги абортираше ако беа три а на крај нема ни едно да има Затоа ке викаш шо даде дедо боже тоа Ум за цел живот ти е ова
Знам случај кај што вака се покажаа 3 сакуси, за жал ниедно не се разви. После тоа за кратко жената повторно остана бремена и си имаше успешна бременост и пораѓај. Останува да чекаш само како ќе се одвиваат работите. Ние отстрана и немаме право да ти кажеме дали е правилно да ги чуваш или абортираш, на крај на денот одлуката си е ваша како семејство.