И после првиот спонтан направив испитувања, на вагинален брис се покажа дека имам ешерихија но на уринокултура немав ништо... направив и тромбофилија. Бидејќи после првиот спонтан останав веднаш бремена , во 5 недела пиев цефалексин и матичната ми даде да пијам аспирин па кога ќе има и срцева реакција да почнам да се боцкам.. Но добив и три сакуси но во ниту еден немаше ембрион.. Прашањето ми е дали вие од сам почеток со позитивен тест почнавте веднаш со боцкање или чекавте срцева реакција? И за што се тие метил...? И после колку време од третата киретажа останавте повторно? И дали од искуство знаете кои други испитувања да ги направам?
Здраво. Сакав да прашам за киретажа, дали целосно те успиваат или постои друга опција? Многу сум исплашена од целосна анастејзија
Здраво, ве молам за искуство. Минатата недела имав абортус со киретажа. Не крварев воопшто , денес после 7 дена почнав да крварам. Дали е нормално ? Докторката ми кажа после 3-4 недели може да очекувам нареден циклус , значи не е тоа ...ви благодарам на одговорите.